TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На матурантите им треба оправдание

Вечер Прес - 16.02.2008

Добар дел од матурантите не се ниту на настава, ниту на најавените средношколски протести, тврдат од Иницијативниот одбор за укинување на матурата. И покрај повикувањето на масовност на протести пред Министерството за образование, од нивна страна, средношколците секој ден ги има се помалку.

Учениците се скараа по партиска основа

Време - 15.02.2008

ПРОТЕСТИ Средношколската унија е политички ориентирана и сака да ги задуши протестите, обвинија вчера претставниците на Иницијативниот одбор за укинување на државната матура, кои во мал број се собраа пред Министерството за образование.

Средношколците повторно на улица поради матурата

Утрински - 15.02.2008

Над педесетина скопски средношколци вчера протестираа пред Министерството за образование и наука против државната матура во средните училишта во земјава. Средношколците побараа целосно укинување на матурата поради тоа што не биле навреме известени за испитните предмети кои сметаат дека се обемни и ...

Матурантите најавија секојдневни протести

Дневник - 15.02.2008

Со краткотрајно блокирање на улицата пред зградата на Министерството за образование, околу 300 скопски матуранти вчера повторно побараа годинава да не полагаат државна матура. Протестите ги организира Иницијативниот одбор за укинување на државната матура, кој најави дека штрајкот ќе продолжи и во ...

Матурантите со протести против матурата

Вечер Прес - 15.02.2008

Иницијативниот одбор за укинување на матурата не отстапува од ставот матурата да се укине годинава, односно да се одложи. Ваквото мислење и вчера ги натера дел од матурантите да протестираат пред Министерството за образование.

Матурантите повторно на протести

А1 - 14.02.2008

Матурантите повторно на протести Матурантите повторно на протести. Бараат да се укине државната матура, но и претставниците на иницијативниот одбор на средношколците да преговараат со Министерството за образование, не не членовите на школската унија.

Матурантите ќе ги „тестираат“ тестовите?

Време - 14.02.2008

ПРЕГОВОРИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Ана Велјановска Претставниците на Средношколската унија, вчера, на средбато со државниот секретар во Министерството за образование побараа матурантите да се вклучат во подготовката на тестовите за државната матура и да се ревидираат испитите по математика ...

Едни за укинување, други за полесна матура

Дневник - 14.02.2008

За в понеделник е најавен генерален штрајк на средношколците од целата земја Скопските матуранти денеска напладне ќе протестираат пред зградата на Министерството за образование и наука, со барање годинава да не полагаат државна матура, најави вчера Иницијативниот одбор за укинување на матурата.

Дел од скопските матуранти и денеска бараа укинување на матурата

Канал5 - 14.02.2008

Средношколците поделени. Оние кои бараат укинување на матурата и денеска протестираа пред министерството за образование. Не отстапуваат од ставот дека при уписот не биле известени дека требало да полагаат матура, велат и испитите биле тешки што покажуваат резултатите од пробната матура каде паднаа ...

Додека едни преговараат, други ќе протестираат

Вечер Прес - 14.02.2008

Средношколската унија на Македонија, на вчерашната средба со надлежните, излезе со конкретни барања за олеснување на матурата. На средбата немаше претставници од Одборот за укинување на матура, кој за денеска напладне повторно најави протест, а за в понеделник и генерален протест со ученици од ...

Матурата ги подели средношколците

А1 - 13.02.2008

Проблемот со полагање државна матура ги подели средношколците. Додека едни преговараа во Министерството за образование, другите се подготвуваат за протести. Првите, претставниците на Средношколската унија, денеска се обидоа на маса да ги решат проблемите.

Матурата ќе стане сопирачка при уписот на факултет

Време - 13.02.2008

ПОРАДИ ИЗБОРОТ НА НАДВОРЕШНИ ИСПИТИ Со изборот на предмети што ќе ги полагаат на матурскиот испит, на идните матуранти значително им се ограничува можноста да се запишат на факултет, се жалат средношколците. Според проектот за матурата, покрај двата интерни испита, учениците ќе треба да изберат и ...

Без математика на Филолошки, Драмски и ФЛУ

Канал5 - 13.02.2008

Ќе се менува програмата за полагање математика како дел од државната матура. Учениците и професорите оцениле дека тестовите се претешки, а Министерството за образование ја прифати забелешката. Ќе се менува програмата за полагање математика како дел од државната матура.

Ќе се олесни ли матурата?

Вечер Прес - 13.02.2008

За целосно повлекување на матурата нема теоретска шанса, за што на учениците им е јасно и веќе едноставно не излегуваат ни на протестите, но ќе се гледа таа да се олесни и ако има можност да се намали бројот на предметите, велат од Средношколската унија на Македонија За денеска е најавена средба на ...

Утре средношколците на масовен протест против матурата

Утрински - 12.02.2008

Дваесетина средношколци вчера повторно протестираа пред Министерството за образование и наука со барање да им се намалат предметите од државната матура. Средношколците, како и во петокот, по кратко време се разотидоа, но најавија помасовни протести за утре.

Матурантите не дојдоа на најавениот протест

Вечер Прес - 12.02.2008

Деновиве се очекува средба на матураните со надлежните во Министерството за образование (МОН), во врска со полагањето на државната матура во јуни. Средношколците во петокот предале официјално барање за средба и сега чекаат да ги повикаат на разговор.