TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Трет ден од национална жалост по повод смртта на претседателот

А1 - 29.02.2004

Свеќи, цвеќе и пораки. Ова е сликата утринава пред зградата на Собранието, пред претседателскиот кабинет. Граѓаните доаѓаат со последните пораки за загинатиот претседател и неговите соработници. Во Македонија денеска е трет ден од национална жалост по повод трагичната смрт на претседателот Борис ...

Книга на жалост отворена и во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 29.02.2004

Книга на жалоста по загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски е отворена и во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ниту дождот не ги спречи граѓаните да дојдат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и да се запишат во книгата на жалоста.

Тетово во жалост за претседателот Трајковски и делегацијата

А1 - 29.02.2004

Мултиетничко Тетово е во длабока жалост по загинувањето на претседателот Трајковски и неговата делегација. Голема благодарност за се што стори за Македонија, ти ветуваме дека од Македонија ќе направиме најубава земја во светот, почивај во мир, напишал еден тетовчанец во книгата на жалоста отворена ...

Охриѓани за Трајковски со чувство како да загубиле свој сограѓанин

А1 - 29.02.2004

Претседателот Борис Трајковски често беше во Охрид, тој прими многу странски државници потпиша значајни документи. А низ градот се поздравуваше со граѓаните. „Секогаш ќе остане во нашите сеќавања, за него ќе им раскажуваме на нашите деца, добар човек секогаш ќе го паметиме“, велат охриѓани.

МНР го координира доаѓањето на светските државници во Скопје

А1 - 29.02.2004

Сите македонските дипломатски конзуларни претставништва во светот добиле налог да подготват информации за странските делегации што ќе пристигнат на погребот на претседателот Трајковски. По објавувањето на датумот на погребот на претседателот, сите тие ќе треба детално да информираат за бројот на ...

ТРЕТ ДЕН ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Канал5 - 29.02.2004

Во Македонија денеска е трет ден од национална жалост по повод трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Знамињата се на половина копје, додека книгата на жалост во Собранието на Република Македонија останува да биде отворена од осум ча Во Македонија денеска е трет ден од национална жалост ...

Детали околу церемонијата за денот на погребот на Претседателот на РМ, Борис Трајковски

Канал5 - 29.02.2004

Со највисоки државни и воени почести, телото на трагично загинатиот преседател Борис Трајковски ќе биде испратено во неговиот вечен дом – Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел. Според заклучоците од денешната седница на организациониот Со највисоки државни и воени почести, телото на ...

Голем број странски државници најавија присуство на погребот на Претседателот

А1 - 28.02.2004

Над дваесет странски државници досега најавиле присуство на погребот на претседателот Трајковски. По препорака на владиното координативното тело МНР веќе формираше тимови кои ке работат на подготовки за пристигнувањето на странските делегации.

Граѓаните продолжуваат да се потпишуваат во книгата за жалоста

А1 - 28.02.2004

По повод смртта на претседателот на РМ Борис Трајковски, вчера вечер во македонското собрание беше отворена книга на жалоста. Во неа први се потпишаа официјалните лица на државата. Денес од раните утрински часови редица граѓани чекаа да ги изразат, своите спомени и сеќавања за претседателот во ...

Во Босна граѓаните и политичарите му оддадоа последна почит на Трајковски

А1 - 28.02.2004

Драг пријателе утрово требаше да те испратам на аеродром но наместо тоа те испраќам запишувајќи се во книгата на жалоста, напиша хрватскиот член на претседателството на БиХ, Драган Човиќ, во книгата на жалоста во македонската амбасада во Сараево.

Трајковски ќе биде погребан во Алејата на великаните

А1 - 28.02.2004

Вечниот дом на починатиот претседател Борис Трајковски, ќе се наоѓа во Алејата на великаните во Бутел - наспроти партизанските гробишта до гробот на поранешниот премиер Благој Попов. Просторот околу гробот на претседателот денеска се уредуваше и расчистуваше, се поплочуваше местото околу Алејата.

Илјадници припадници на АРМ се потпишуваат во книгите на жалостa

А1 - 28.02.2004

Илјадници припадници на АРМ во сите касарни ширум земјава се потпишаа денеска во книгите на жалост оддавајќи му последна почит на својот Врховен командант Борис Трајковски. „Во книгата на жалоста запишав дека голема чест е да служам во АРМ, која на чело стоеше покојниот врховен командант Борис ...

Пауел се запиша во книгата на жалост вo амбасада во Вашингтон

А1 - 28.02.2004

Колин Пауел се запиша во книгата на жалост отворена во македонската амбасада во Вашингтон. Претседателот Трајковски беше голем човек и вистински лидер на својот народ во многу тешки времиња. Тој исто така беше мој драг пријател и јас исто така нема никогаш да го заборавам, запиша Пауел во книгата ...

Започна подготвувањето на местото каде ќе биде погребан претседателот

А1 - 28.02.2004

Во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел се подготвува местото кое семејството на починатиот претседател Борис Трајковски го избра за негов вечен дом. Вработените на скопските комунални претпријатија го расчистуваа и поплочуваа теренот околу алејата.

Македонија жали за претседателот

Утрински - 28.02.2004

Граѓаните на Македонија со неверување ја примија веста за загинувањето на шефот на државата Прогласена тридневна жалост по смртта на Трајковски Веста за загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници кои патуваа на меѓународната инвестициска конференција во Мостар, Босна и ...

Претседателот ќе биде погребан во Скопје

Дневник - 28.02.2004

ОДЛУКА Претседателот Борис Трајковски ќе биде погребан во Скопје. Согласност за тоа дала неговата сопруга Вилма во разговорот со премиерот Бранко Црвенковски и со вицепремиерката Радмила Шеќеринска, кои вчера и изразија сочувство.

Почитуван од странство, осамен во македонската политика

Утрински - 28.02.2004

Борис Трајковски изгради специфична политичка кариера по која ќе остане запаметен во поновата македонска историја Соња Крамарска На претседателот Борис Трајковски му се оствари барем една желба пред смртта, а тоа е да стане бесмртен.

Формиран одбор за погреб на Трајковски

Вест - 28.02.2004

Формиран е одбор за погреб на Претседателот на Републиката на чело со министерот за одбрана Владо Бучковски и сите релевантни институции , шефот на кабинетот на Претседателот и член од семејството на Претседателот, неговиот брат, сопшти вчера вицепремиерот Јован Манасиевски.

Нема преживеани во несреќата

Време - 28.02.2004

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВЛАДАТА Владата потврди дека нема преживеани во несреќата што се случи завчера, кога претседателскиот авион се урна во близината на Мостар. Владата формира одбор за погреб и со сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски веќе е договорено тој да се изврши на скопските ...

Одложени сите спортски настани во државава

Време - 28.02.2004

ПОРАДИ ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Сите домашни и меѓународни спортски натпревари во Македонија што требаше да се одржат викендов се одложени поради тоа што Владата прогласи три дена жалост, по трагичната несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски и уште осум члена од ...

Прогласена тридневна национална жалост

Дневник - 28.02.2004

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА Советот за национална безбедност заклучи дека не постојат закани за безбедноста и за стабилноста на земјава Владата на вонредната седница одржана во четвртокот попладне донесе одлука знамињата на државните институции да бидат симнати на половина копје и прогласи ...

Трајковски покажа возвишено чувство за вистинското место на МПЦ

Утрински - 28.02.2004

Г.г Стефан испрати телеграма до најблиските на загинатите Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, вчера од свое лично име и од името на архијереите - членови на Синодот искажа длабока жалост по повод трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, ...

Буш телефонски и изрази сочувство на Вилма Трајковска

Утрински - 28.02.2004

Светските лидери испратија телеграми со сочувство, збогувајќи се со македонскиот претседател Претседателот на САД, Џорџ Буш во вчерашниот десетминутен телефонски разговор со сопругата на починатиот претседател Борис Трајковски, Вилма и изрази најдлабоко сочуство, по повод загинувањето на неговиот ...

Црвенковски и Груевски и изразија сочувство на Вилма Трајковска

Утрински - 28.02.2004

Сопругата на претседателот и двете малолетни деца болно ја доживеаја големата загуба ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Премиерот Бранко Црвенковски, со сопругата Јасна, и вицепремиерката Радмила Шеќеринска вчера, веднаш по добивањето на официјалната потврда дека претседателот Борис Трајковски загина во авионската ...

Денови на жалост, знамињата на половина копје

Време - 28.02.2004

ОД ПЕТОК ДО НЕДЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА Владата прогласи тридневна жалост откако авионот во кој патуваше претседателот Борис Трајковски со шестчлената државна делегација и двајца пилоти се урна во близина на Мостар. Од петок до недела знамињата на државните институции ќе бидат на половина копје, одлучи ...

Македонија го загуби таткото на мирот

Утрински - 28.02.2004

Светскиот печат за трагичната смрт на претседателот Трајковски Даниела Трпчевска ?Со Трајковски Македонија го загуби таткото на мирот", "Гласот на разумот на балканската политика исчезна во авионска несреќа", "Балканот загуби човек на мирот", се само дел од насловите кои вчера беа објавени на ...

Отворени книги на жалост

Време - 28.02.2004

ПОРАКИ СО СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Во македонското собрание синоќа во 18 часот е отворена книга на жалост, а прв во неа се потпиша премиерот Бранко Црвенковски. Книги на жалост се отворени и во сите касарни на Армијата на Македонија.

Политичките партии шокирани од трагичниот настан

Утрински - 28.02.2004

СОЧУВСТВА По повод трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, официјалната делегација и екипажот на авионот, кои доживеаја несреќа завчера во близината на Мостар, политичките партии во земјава и голем број организации испратија телеграми со сочувство до семејствата на загинатите.

Професорите им раскажуваа на учениците за нивниот претседател

Утрински - 28.02.2004

Струмица не може да ја прежали загубата на својот голем сограѓанин СТРУМИЦА - Струмичани се уште се во шок и во длабока тага по несреќата на претседателот Борис Трајковски. Голем број од нив лично го познаваа како роднина, сосед, соученик и голем пријател.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА ГРОБИШТАТА БУТЕЛ, ВО АЛЕЈАТА НА ВЕЛИКАНИТЕ

Канал5 - 28.02.2004

Одборот за закоп на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски денеска напладне, на Конститутивна седница, заклучи претседателот Трајковски да биде погребан на гробиштата Бутел, во Алејата на великаните.

Жалење поради загинувањето на големиот пријател и миротворец

Време - 28.02.2004

ТЕЛЕГРАМИ СО СОЧУВСТВО ПРИСТИГНУВААТ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ Телеграми со сочувство поради загинувањето на претседателот Борис Трајковски, на членовите на неговиот кабинет и на екипажот пристигнуваат од високи државни функционери од целиот свет.

Смртта на Трајковски главна тема на медиумите kaj соседите

А1 - 27.02.2004

Медиумите во соседните држави денеска објавувајќи ја веста за смртта на претседателот Борис Трајковски започнуваат да шпекулираат и за причината што ја предизвика авионската несреќа. Повеќето од нив оценуваат дека причината се лошите временски услови.

Oтворена книга на жалост по повод смртта на претседателот

А1 - 27.02.2004

Денеска од 18 часот пред Собранието во општините и касарните е отворена книга на жалост по повод смртта на претседателот Трајковски. Првите изрази на жал и сочувство ги запишаа премиерот Црвенковски, претседателот на Собранието Јордановски, потпретседателките на Владата и Собранието Шеќеринска и ...

Сочувство за загинатите од верските заедници

А1 - 27.02.2004

По повод трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, на неговите соработници и членовите на екипажот во урнатиот авион, телеграма со сочувство упати поглаварот на Македонската православна црква и претседател на Светиот архијерејски синод, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во Бугарија отворена книга на жалост за смртта на Трајковски

А1 - 27.02.2004

Бугарскиот претседател Георги Прванов и претседателот на Парламентот Огњан Герџиков денеска по повод смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски се запишаа во книгата на жалост во македонската Амбасада во Софија. „Со него, Македонија загуби еден од гарантите на мирот и стабилноста во ...

Буш изрази длабоко сочувство поради смртта на Трајковски

А1 - 27.02.2004

Претседателот на САД Џорџ Буш денеска оствари телефонски разговор со сопругата на загинатиот шеф на македонската држава Борис Трајковски, Вилма, при што од негово лично име и од името на американскиот народ изрази најдлабокото сочувство до семејството на Трајковски, до семејствата на загинатите на ...

Ден на жалост во БиХ

А1 - 27.02.2004

Ден на жалост во Босна и Херцеговина поради трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Синоќа и изутринава изрази на жалење пристигнуваат од Обединетите нации, лидерите во Европа и САД, кои оценуваат дека претседателот Борис Трајковски ќе биде запамтен во историјата како шампион на ...

Владата и официјално потврди дека нема преживеани

А1 - 27.02.2004

Во вчерашната авионска несреќа што се случи близу месноста Столац кај Мостар нема преживеани, потврди специјалното тело на македонската Влада. „Нашите екипи од 11 часот изутрината се на местото на несреќата. Во моментов пронајдените тела се собираат и се транспортираат во Мостар.

Светските весници за трагичната смрт на Трајковски

А1 - 27.02.2004

„Гласот на разумот на балканската политика исчезна во авионска несреќа“ е насловот на текстот кој британскиот весник „Дејли Телеграф“ го објави денеска за македонскиот претседател Борис Трајковски, „кој работеше на мирољубивата коегзистенција на ривалските интереси во својата поделена земја“.

Георгиевски: „Смртта на Трајковски треба да не обедини“

А1 - 27.02.2004

Вечерва во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, во книгата на жалоста отворена по повод смртта на Претседателот Борис Трајковски се запиша поранешниот претседател на партијата и екс -премиер, Љубчо Георгиевски. Смртта на Претседателот Трајковски треба да не обедини, рече Георгиевски откако се запиша ...

Денот на погребот на Трајковски прогласен за ден на жалост во Црна Гора

А1 - 27.02.2004

Црногорската Влада по повод трагичната смрт на Борис Трајковски одлучи денот на погребот на македонскиот претседател да биде прогласен за Ден на жалост во Црна Гора. Во соопштението од црногорската Влада се наведува дека за Црна Гора Трајковски бил искрен пријател и партнер со кој таа активно ...

Модерен европски политичар

Време - 27.02.2004

БИОГРАФИЈА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Женет е со Вилма и татко е на две деца - Сара и Стефан. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, а специјализирал деловно право и право на работни односи.

ПРОНАЈДЕНИ СЕ СИТЕ 9 ТЕЛА ОД ПАДНАТИОТ АВИОН

Канал5 - 27.02.2004

Во вчерашната авионска несреќа што се случи близу месноста Столац кај Мостар нема преживеани, потврди специјалното тело на македонската Влада. "Нашите екипи од 11 часот изутрината се на местото на несреќата. Во моментов пронајдените тела се собираат Во вчерашната авионска несреќа што се случи близу ...

Босна прогласи ден на жалост, конференцијата продолжува

Време - 27.02.2004

Босна и Херцеговина денешниот ден го прогласи за ден на жалост, по трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. - Пред се сакам да му изразам сочувство на семејството на Трајковски, на Владата на Македонија и на сите граѓани.

Проди: Трајковски беше мудар лидер

Утрински - 27.02.2004

Многу влади и светски лидери изразија сочуство по смртта на Трајковски Во БиХ ќе биде прогласен ден на жалост поради загинувањето на претседателот "Ова е тажен ден за Македонија, која губи еден многу мудар и умерен лидер. Тажен ден за Балканот за чија интеграција тој многу се залагаше.

Трајковски им беше претседател на сите граѓани

Време - 27.02.2004

СКОПЈАНИ ВОЗНЕМИРЕНИ Ова е голема трагедија и за неговата фамилија, но и за целиот македонски народ. Вака главно коментираа скопјани по објавувањето на веста за загинувањето на претседателот Борис Трајковски во авионската несреќа што утринава се случи во близината на Мостар.

Свечениот ден се претвори во ден на жалост

Време - 27.02.2004

СДСМ Пратеничката група на СДСМ е потресена од информациите за трагичниот настан. За Македонија денес требаше да биде свечен ден, но за жал, судбината уште еднаш си поигра со граѓаните и со Република Македонија. Овој свечен ден стана ден на жалоста за Македонија.

Европа и Македонија загубија голем човек

Утрински - 27.02.2004

Странските медиуми за смртта на македонскиот претседател Борис Георгиевски >„Балканот загуби голем човек", ?Македонија жали за големата загуба", ?Европа во шок по смртта на Трајковски", ова е дел од насловите на водечките европски и светски медиуми по трагичната смрт на македонскиот претседател.

Одложени сите спортските манифестација

Вест - 27.02.2004

Поради смртта на претседателот Трајковски Загинувањето на претседателот Борис Трајковски го одложи сите спортските манифестација што требаше да се одржат викендов во нашата држава. Одложени се редовните кола во ракометното, кошаркарската и одбојкарското првенство.

Запечатен кабинетот на претседателот

Утрински - 27.02.2004

Преземени посебни мерки и во работните простории на претседателот Борис Трајковски Наместо редовната претседателска гарда, вооружени припадници на безбедносните сили вчера го чуваа кабинетот на загинатиот претседател Трајковски Кабинетот на претседателот Борис Трајковски, согласно со мерките за ...

Кината ќе се затворат во деновите на жалост

Вест - 27.02.2004

Градските кина - Скопје и кино "Милениум" нема да го прикажуваат редовниот репертоар и ќе бидат затворени во деновите на жалост што ќе ги прогласи Владата. Другите тековни денови, како што не информираше директорот на градски кина Драган Живковиќ, репертоарот ќе се одвива според претходните ...

Запечатен кабинетото на претседателот Трајковски

Вест - 27.02.2004

Кабинетот на претседателот Борис Трајковски вчера беше запечатен од комисија формирана од владиното кординативно тело. На запечатувањето на кабинетото присуствувале шефот на кабинетото на претседателот, Јавен обвинител, личниот аѓутант на Трајковски и еден претставник на обезбедувањето од МВР. (Г.Т.

Горди сме што го имавме Борис за претседател

Утрински - 27.02.2004

Струмичани се во шок тагувајќи за својот сограѓанин СУЗАНА ТАСЕВА СТРУМИЦА - Струмица е во шок и тага по веста за трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Шокирани и тажни сме, чувствуваме голема празнина во нашите срца.

Биографија

Вест - 27.02.2004

Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Тој е женет со Вилма Трајковска и е татко на две деца, Сара и Стефан. Дипломиран правник, завршил Правен факултет во 1980 година на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје. Специјализирал деловно право и право на работни односи.

Денот на погребот на Трајковски прогласен за ден на жалост во Црна Гора

Канал5 - 27.02.2004

Црногорската Влада по повод трагичната смрт на Борис Трајковски одлучи денот на погребот на македонскиот претседател да биде прогласен за Ден на жалост во Црна Гора. Во соопштението од црногорската Влада се наведува дека за Црна Гора Трајковски Црногорската Влада по повод трагичната смрт на Борис ...

Голем водач, човек на мирот и на дијалогот

Време - 27.02.2004

РЕАКЦИИ ПО ТРАГИЧНАТА СМРТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Реакции по смртта на претседателот Трајковски дојдоа од целиот свет. Претседателот Трајковски беше голем човек, ја туркаше својата земја напред на патот на реформите, но и што е можно поблиску до Европа. Ми беше пријател.

СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ОГРОМНА ЗАГУБА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ ТРИ ДНЕВНА ЖАЛОСТ

Канал5 - 27.02.2004

Владата прогласи тридневна национална жалост по повод трагичната смрт на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, неговите соработници и екипажот кои патуваа со авионот што вчера се урна во близина на Мостар. Од денеска знамињата Владата прогласи тридневна национална жалост по повод ...

Трајковски одигра клучна улога за македонското единство

Време - 27.02.2004

ЏЕК СТРОУ, БРИТАНСКИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ - Многу се растажив кога чув за трагичната смрт на претседателот на Македонија во авионската несреќа. Во 2001 претседателот Трајковски одигра клучна улога во решавање на меѓуетничкиот конфликт што му се закануваше на македонското единство.

Трајковски и беше голем пријател на Турција

Време - 27.02.2004

МЕХМЕД ТАШЕР, АМБАСАДОР НА ТУРЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Жалиме за веста во врска со смртта на претседателот Борис Трајковски, кој беше голем пријател на Турција. Претседателот Трајковски беше мирољубив човек, човек на помирување, кој се бореше за мир, стабилност и безбедност. Тој беше голем државник.

Поради трагичната смрт на Трајковски откажани сите спортски настани во земјава

А1 - 26.02.2004

Поради големата несреќа, трагичната смрт на претседателот на државата Борис Трајковски во денешната авионска несреќа во Босна и Херцеговина, се откажуваат сите спортски настани во земјава предвидени за следниот период. Фудбалската, кошаркарската, ракометната, одбојкарската и другите спортски ...

Во БиХ утре Ден на жалост поради смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Во Босна и Херцеговина утре ќе биде прогласен Ден на жалост поради загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски, изјави претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ. Тој додаде дека во Мостар и во Сараево ќе бидат извршени сите комеморативни активности по повод трагичното ...

Струмичани жалат за претседателот Трајковски

А1 - 26.02.2004

Цела Струмица е шокирана од веста за загинувањето на претседателот Трајковски. Неговите блиски роднини во родното село Моноспитово не можат да поверуваат на тоа што го слушнале, дека утрово околу осум часот загинал нивниот Борче. Жали и тагува целото село, земјоделските активности се прекинати.

Сочувство од дипломатиите на Австрија и Германија за Трајковски

А1 - 26.02.2004

Шефовите на дипломатиите на Австрија и на Германија Бенита Фереро-Валднер и Јошка Фишер, изразија жалење поради смртта на претседателот Борис Трајковски, чиј авион денеска се урна во близина на Мостар кај Столац. Австриската министерка за надворешни работи, оцени дека Трајковски бил „гарант за ...

Бугарскиот Парламент ја прекина седницата поради смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Бугарскиот Парламент денеска ја прекина седницата и со минута молчење му одаде почит на македонскиот претседател Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар. „Трајковски беше човек кој Македонија ја спаси од војна.

Меѓународната заедница со жалење за уривањето на авионот

А1 - 26.02.2004

Ова е многу тажен ден за Македонија, изјави во Даблин Берти Архен, премиер на Р.Ирска објавувајќи ја веста за смртта на претседателот Трајковски. Претседателот Борис Трајковски имаше огромен придонес за мирот во Македонија изјави во Даблин претседавачот со ЕУ, ирскиот премиер Берти Ахерн ...

Ругова со жалење за смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, по повод трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски, упати телеграма со сочуство до претседателот на македонското Собрание, Љупчо Јордановски. „По повод трагичната смрт на македонскиот претседател, Борис Трајковски и на неговите соработници, ...

САД со жалење за смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Првична реакција на САД, државниот секретар Колин Пауел му одава признание на претседателот Трајковски за справувањето со етничкото насилство, изразено е сочуство и од страна на претседателот Буш и американскиот народ. Реакции за загинувањето на Трајковски како и луѓето од неговиот кабинет има и во ...

Блер и Строу со жалење за смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Британскиот премиер Тони Блер по повод смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски зрази сочуство кон семејството на претседателот на Македонија и до македонскиот народ. Сочуство изрази и британскиот државен секретар за надворешни работи Џек Стро.

Реакција на Вујановиќ по повод смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ упати телеграма со сочувство по повод смртта на претседателот Борис Трајковски до македонскиот премиер Бранко Црвенковски. „Црна Гора посебно го почитуваше претседателот на Вашата Република.

Грчкиот министер за надворешни изрази сочувство за Трајковски

А1 - 26.02.2004

Грчкиот министер за надворешни работи Тасос Јаницис изрази најдлабоко сочувство по повод смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски, јавија атинските медиуми. „Потресени сме од трагичната вест за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател и неговите соработници“, се вели до ...

Израелскиот амбасадор за Македонија со жалење за смртта на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Амбасадорот на Израел со седиште во Белград, акредитиран за Македонија, Јафа Бен-Ари изрази жалење поради смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски и членовите на делегација. „Многу сум тажна поради трагичната смрт на претседателот Трајковски и на македоските претставници“, нагласи ...

Владата прогласи тридневна жалост

А1 - 26.02.2004

Владата на вечерашнава вонредна седница прогласи тридневна жалост почнувајќи од утре и донесе одлука знамињата на државните институции да бидат симнати на половина копје. На седницата која се одржа веднаш откако Црвенковски се врати од Даблин, владата заклучи на Македонија и е нанесена огромна ...

Граѓаните жалат за претседателот Трајковски

А1 - 26.02.2004

Од телевизија и од радио- граѓаните дознаваа за трагедијата и за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски. „Многу трагично, многу жално за луѓето кои беа таму, за државата посебно. Имам чувство какп да едноставно немаме среќа“, велат граѓаните.

Кратка биографија на Трајковски

А1 - 26.02.2004

Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Женет, сопруга Вилма, татко на две деца: ќерка Сара и син Стефан. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа специјализирал деловно право и право на работни односи.

КУСА БИОГРАФИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Канал5 - 26.02.2004

Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица. Женет, сопруга Вилма, татко на две деца: ќерка Сара и син Стефан. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а потоа специјализир Борис Трајковски е роден на 25 јуни 1956 година во ...

РЕАКЦИИ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Канал5 - 26.02.2004

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ, говорејќи пред Европскиот парламент, истакна дека смртта на Борис Трајковски ќе има “политички последици” за регионот, потсетувајќи дека заедно со македонскиот претседател и со шефовите на другите држави во регионот Хрватскиот претседател Стипе Месиќ, говорејќи ...

БИ-БИ-СИ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ БЕШЕ КЛУЧЕН СОЈУЗНИК НА ЗАПАД НА БАЛКАНОТ

Канал5 - 26.02.2004

Британските електронски медиуми утринава јавија дека авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, се урна во планинските предели околу градот Столац во југоисточна Босна и Херцеговина во “исклучитено тешки услови за летање” поради густата магл Британските електронски медиуми утринава ...

Споменик за загинатите на местото на авионската несреќа

Вест - 26.02.2004

ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ОДРЖАНА КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ПОЧИНАТИОТ ТРАЈКОВСКИ И НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ Кај босанското село Ротимље, вчера беше откриена спомен-плоча за претседателот Борис Трајковски и осумтемина негови соработници и членовите на екипажот, кои загинаа пред една година во авионската несреќа на ...

Трајковски: Самите сме гаранти на нашиот влез во Европа

Утрински - 26.02.2004

Претседателот и премиерот вчера заеднички го потпишаа писменото барање за апликација во ЕУ Гордана Дувњак Претседателот на државава, Борис Трајковски, им порача на граѓаните дека со чинот на поднесувањето на апликацијата не завршуваме ништо посебно, туку формално почнуваме еден процес во чии рамки ...

Струмичани жалат за смртта на претседателот Трајковски

Канал5 - 26.02.2004

Цела Струмица е шокирана од веста за загинувањето на претседателот Трајковски. Неговите блиски роднини во родното село Моноспитово не можат да поверуваат на тоа што го слушнале, дека утрово околу осум часот загинал нивниот Борче.

Трајковски денеска на конференција за инвестиции

Утрински - 26.02.2004

Во сараево Скопје - Претседателот Борис Трајковски денеска и утре ќе престојува во Босна и Херцеговина каде што ќе учествува на Меѓународната конференција за инвестирање. Конференцијата, на која македонскиот претседател ќе има свое обраќање, ќе ја отворат претседавачот на Претседателството на БиХ, ...

Трајковски бара кандидат за претседател на ДИК

Време - 25.02.2004

ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ Иако во политичките кругови веќе се подготвува теренот за претстојните избори, Државната изборна комисија се уште не е комплетирана. Најдоцна за еден месец претседателот Борис Трајковски би требало да го објави името на новиот претседател на ДИК.

Трајковски постапи спротивно на ставот на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 23.02.2004

НИКОЛА ГРУЕВСКИ Со потписот на Указот за легализацијата на тетовскиот универзитет, претседателот Борис Трајковски постапи спротивно од тоа што го бараше ВМРО-ДПМНЕ, оцени лидерот на најголемата опозициска партија Никола Груевски. - Шефот на државата е одговорен за своите постапки.

Трајковски излезе без осуда, но и без медал

Време - 23.02.2004

ПО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Позицијата на шефот на државата Борис Трајковски во трката за уште еден претседателски мандат не се промени по потпишувањето на указот на Законот за основање државен универзитет во Тетово, како што се очекуваше.

ВМРО-ДПМНЕ е незадоволна што Трајковски го потпиша Указот

Утрински - 23.02.2004

УНИВЕРЗИТЕТ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, оценува дека претседателот Борис Трајковски не требало да го потпише Указот за прогласување на Законот за тетовскиот универзитет, туку дека требало да го врати во нова собраниска процедура.