TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Синдикатот на администрацијата се огласи со реакција за одлука за 30 отстотно зголемување на платите

Канал5 - 21.09.2007

Администрацијата ја повика Владата да ја промени одлуката за 10 отсто, но зголемување на платите во следниве три години - бараат покачување од 4.000 денари одеднаш за административци. Со одлуката на Владата дури и по три години вработените по подпросечни примања повторно ќе имаат подпросечна плата.

Кој ќе ги плаќа административците?

Утрински - 18.09.2007

ЕДИТОРИЈАЛ АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Со најавите за зголемување на платите на вработените во јавната администрација, Владата барем за момент успеа да го оттргне вниманието на граѓаните од секојдневните проблеми кои ги надвиснуваат се' повеќе.

За најмалку платените - најмало зголемување

Дневник - 18.09.2007

Вработените во управата и во правосудните органи кои не се државни службеници не се задоволни од владината одлука за зголемување на платите во државната и во јавната администрација од по 10 отсто во наредните три години и размислуваат за протести и штрајкови, соопшти Синдикатот на вработените во ...

Функционерите се омрсија, администрацијата извиси

Вест - 18.09.2007

СИНДИКАТОТ НА УПОЗ РЕАГИРА НА ОДЛУКАТА ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ "Иформацијата за покачувањето на платите во јавниот сектор предизвика голем социјален немир кај вработените во судството", тврдат од Синдикатот на УПОЗ. Тие од Владата бараат линеарно и еднократно зголемување на платите на администрацијата, а ...

Покачување на платите за 34 отсто еднократно

Вечер Прес - 18.09.2007

Вработените во управата и правосудните органи бараат трикратното покачување на платите од 34 отсто да бидат еднократни. Сметаат дека со покачување на само 10 отсто оваа година единствено добро ќе се одрази врз висината на примањата на високите функционери.

Партиската лојалност доминира на сите нивоа во администрацијата

Утрински - 17.09.2007

Со новата систематизација, кабинетот на премиерот Никола Груевски ќе има 114 лица АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВ Од година на година во државната каса се предвидуваат се' повеќе средства за потребите на администрацијата. Структурата на буџетот е таква што во него доминираат расходите за социјални бенефиции и ...

УПОЗ: Зголемувањето на платите во јавната администрација ќе го продлабочи социјалниот јаз

Канал5 - 17.09.2007

Синдикатот на вработените во Управата и правосудните органи (УПОЗ) денеска на прес - конференција предупреди дека најавеното зголемување на платите во јавната администрација ќе ги продлабочи социјалните разлики зашто од него, како што беше речено, ќе се офајдат само високите службеници.