TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пратениците-Албанци нема да работат помалку

Време - 14.09.2007

ЗА РАМАЗАН Албанските пратеници за Рамазан ќе работат со променето работно време. Според нив, тоа нема да се одрази на работата во Собранието. Од ДПА, албанската партија во владината коалиција, велат дека работата ќе ја приспособат на рамазанските правила и пости.

Вчера почнаа Рамазанските пости

Утрински - 14.09.2007

Верниците со исламска вероисповед од вчера почнаа со одбележување на муслиманскиот свет месец рамазан, кога пророкот Мухамед го објавил Куранот. По повод месецот рамазан, поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи упати рамазанска порака до ...

ИВЗ веќе нема проблеми со радикалните структури

Дневник - 13.09.2007

Исламска заедница веќе нема проблем со радикалните структури и ги има под своја контрола сите џамии, па и Јахја-пашината џамија, изјави вчера реис-ул-улема Сулејман Реџепи . Тој се обрати пред да почне едномесечниот пост по кој, на 12 октомври исламските верници ќе го прослават големиот празник ...

ИВЗ ги има под контрола сите џамии

Вечер Прес - 13.09.2007

Исламската верска заедница нема проблеми со радикални структури и под контрола ги има сите џамии во Македонија. Ова вчера, пред почетокот на светиот месец Рамазан, го потври поглаварот на ИВЗ, Хаџи Сулејман Реџепи, тврдејќи дека состојбата во оваа верска заедница откако тој ја предводи е ...

Градоначалникот им го честита Рамазан на верниците

Вечер Прес - 13.09.2007

Градоначалникот на Општина Петровец, Звонко Цветковски, вчера им упати честитки на муслиманските верници по повод почетокот на светиот месец Рамазан. - На муслиманските верници, жители на Општина Петровец, и на сите останати кои го слават овој празник, каде и да се, во името на Општината и од мое ...

Почнува Рамазан - муслиманскиот месец на постот

А1 - 12.09.2007

Започнува месецот на радоста и на среќата, со рамазанската порака реисот Реџепи повикува на добрина и љубов кон луѓето. „Овој месец нека биде израз на нашето единство и на нашето братство, но и месец во кој што конечно ќе им ставиме крај на некои аномалии коишто го пратат нашето општество.

Сулејман Реџепи: Нема радикални структури во ИВЗ

Канал5 - 12.09.2007

По неколкугодишните превирања во ИВЗ состојбите се средени - тврди поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи и уверува дека радикални структури во скопските џамии повеќе нема - верниците можат достоинствено да ги поминат рамазанските пости и да го прослават претстојниот празник бајрам –вели поглаварот на ...