TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелците се обидуваат да создадат напнатост меѓу Палестинците

А1 - 20.01.2002

Во Западен Јордан повторно дојде до големи престрелки меѓу израелските војници и Палестинците. Според кажувањата на очевидци Палестинците отвориле оган, кога израелските тенкови влегле во центарот на Рамалах. Пред главната база на Јасер Арафат, израелската армија употреби гумени куршуми и солзавец ...

Уништеното палестинско радио емитува програма

А1 - 19.01.2002

Палестинското радио кое утринава го разнесе израелската армија повторно емитува програма, соопшти директорот Басем Абусумаја. Израел ги обвинува палестинските медиуми дека го поттикнуваат палестинското насилство во 15 месечниот конфликт.

Палестинец уби шестмиан израелци на свадба, Израел го опколи штабот на Арафат

Вест - 19.01.2002

Телото на убиениот напаѓач, член на вооружените Бригади на маченици Ал Акса, бликси до Арафат ТЕЛ АВИВ, 19 јануари (ДПА) - Израелските тенкови вчера го опколиле седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамалах на Западниот Брег по последниот бран убивања на израелски цивили.

Палестински милитант уби шест Евреи на банкет

Утрински - 19.01.2002

Продолжува крвавиот синџир на насилств?на Блискиот Исто? Палестинск?радика?уб?невини луѓе Израел ја засилува опсадата окол?Арафат ТУЛКАР?- Израел вчер?во воздушен напа?уништи палестинск?штаб за безбедност ?ја засили опсадата окол?Јасе?Арафат, откако еден Палестинец уб? шест лица на еврејска забава.

Палестински терорист со рафали и бомби загорчил еврејска веслеба

Дневник - 19.01.2002

СУРОВ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ Палестински милитант вооружен со пушка и рачни бомби убил шест луѓе на еврејска семејна свеченост во градот Хадера, јави Ројтерс. Рафалите и експлозиите раниле уште десетици луѓе на веселбата, пред полицајците да го застрелаат напаѓачот.

Одмазнички израелски напади во Тулкарем

А1 - 18.01.2002

Eден полицаец е убиен, 50 луѓе, од кои дел цивили, се повредени, a уништено e и седиштето на палестинската управа и безбедносните сили при последните бомбардирања на израелските авиони во палестинскиот град Тулкарем. Во меѓувреме повеќе тенкови и оклопни транспортери се упатиле кон штабот на Јасер ...

Убиен палестински милитант

А1 - 17.01.2002

Израелските сили убија изутрината еден палестински милитант во предградието на градот Наблус на Западниот брег, потврдија израелски и палестински безбедносни извори. Палестинските извори го идентификуваа лицето како Хамид Ахмед Али Абдулах (42), висок претставник на таканаречената бригада на ...

Палестинските радикали го предупредуваат Арафат

Утрински - 17.01.2002

По апсењето на лидерот на ПФЛП ДАМАСК - Радикална палестинска група, вчера соопшти дека апсењето на нејзиниот водач претставува опасен развој на настаните кој би можел да ја доведе палестинската власт во директна спротивставеност со сите палестински исламистички фракции.

Уапсен лидерот на Фронтот за ослободување на Палестина

А1 - 16.01.2002

Палестинската полиција синоќа во Рамалах го уапсила лидерот на Фронтот за ослободување на Палестина, Ахмад Садат. Апсењето го потврдиле извори од Фронтот кои сакале да останат анонимни. Фронтот за ослободување на Палестина, мало левичарско движење, ја презеде одговорноста за убиството на ...

ЦИА им го поткажала на Израелците бродот со оружје за Палестинците

Дневник - 16.01.2002

СПОРЕД "ВАШИНГТОН ТАЈМС" Американскиот весник "Вашингтон тајмс" тврди дека разузнавачката организација ЦИА му помогнала на Израел да го пресретне бродот со 50 тони оружје наменет за Палестинците пред две недели, јави Ројтерс.

Заострени односите на Блиски Исток

А1 - 15.01.2002

Во спорот меѓу Израел и Палестинците дојде до ново заострување. Израелската армија повторно го блокира градот Тулкарем во западен Јордан. Според палестински извори, нападнат е и еден станбен кварт. Кај Наблус, пак, беше убиен еден израелски војник.

Фатах нема да го почитува примирјето со Израел

Вест - 15.01.2002

ЕРУСАЛИМ, 15 јануари (Ројтерс) - Вооружена фракција од движењето на Јасер Арафат Фатах вчера соопшти дека прекинот на огнот што беше побаран од палестинскиот лидер се откажува по убивањето на еден милитант од страна на Израелците.

Убиен милитантен член на Фатах

Утрински - 15.01.2002

Не стивнуваат насилствата на Блискиот Исток ТУЛКАРМ - Израелска бомба вчера уби милитантен член на движењето Фатах на палестинскиот претседател Јасер Арафат, кој беше баран од страна на Израел, соопштија палестински безбедносни извори.