TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Погребот на ал - Харири се претвори во демонстрации против Сирија

Вест - 17.02.2005

БЕЈРУТ (Ројтерс) - Најмалку 150 000 Либанци вчера го претворија погребот на бившиот премиер Рафик ал-Харири во јавен излив на гнев против Сирија, која опозиционите лидери ја обвинуваат за бомбата што го уби. Луѓе неконтролирано плачеа додека погребната поворка врвеше низ улиците на Бејрут, излепени ...

Закопот на Харири со антисириски протести

Утрински - 17.02.2005

Либанците се простија од човекот што им го донесе мирот Луѓето неконтролирано плачеа, додека процесијата поминуваше низ улиците на Бејрут, исполепни со постери на сунитскиот милијардер ХАРИРИ - Десетици илјадници Либанци, некои извикувајќи антисириски слогани, вчера маршираа на погребната процесија ...

Солзи за Харири, клетви за Сирија

Дневник - 17.02.2005

ОПШТА ЖАЛОСТ ВО БЕЈРУТ НА ПОГРЕБОТ НА ПОРАНЕшНИОТ ПРЕМИЕР Мажи плачеле, луѓе фрлале ориз од балконите пред ковчегот на Харири, но и илјадници извикувале слогани против Сирија, која ја обвинуваат за неговата смрт Поранешниот либански премиер Рафик Харири вчера беше погребан во недовршената џамија во ...

Погребан екс либанскиот премиер Рафик Харири

А1 - 16.02.2005

Поранешниот либански премиер Рафик Харири денеска беше погребан во џамијата во центарот на Бејрут, пред повеќе десетици илјади граѓани кои се собраа во главниот град на Либан за да му оддадат последна почест. Според полициски извори, во погребната поворка во Бејрут учествувале околу 120 илјади ...

Либан прогласи тридневна жалост

Време - 16.02.2005

ПО БОМБАШКИОТ НАПАД ВО БЕЈРУТ Властите во Бејрут вчера прогласиле тридневна жалост и наредиле затворање на училиштата, продавниците и на владините објекти, по завчерашниот бомбашки напад во централен Бејрут, во кој беше убиен петкратниот поранешен премиер Рафик Харири, јавува новинската агенција ...

Либан во молк по убиството на експремиерот

Утрински - 16.02.2005

Атентатот во Бејрут ги отвори лошите сеќавања за крвавата Граѓанска војна Либанските весници изразија стравувања дека убиството може да ја дестабилизира земјата БЕЈРУТ - Либан вчера беше во молк, бидејќи тагуваше по поранешниот премиер Рафик ал Харири, чијшто атентат со автомобил-бомба што ја ...

Автомобил бомба го уби експремиерот на Либан

Вест - 15.02.2005

БЕЈРУТ (АП) - Бомба која експлодира среде моторизираната поворка, на познатиот крајбрежен булевар вчера го усмрти поранешниот премиер на државата Рафил Ал - Харири. Заедно со најистакнатиот либански политичар загинаа и најмалку девет лица, меѓу кои и телохранителите на Ал-Харири.

Убиен поранешниот либански премиер Рафик ал-Харири

Утрински - 15.02.2005

Од подметната експлозија во автомобил-бомба во бејрутското пристаниште Рафик ал-Харири, бизнисмен-милијардер, во октомври минатата година се повлече од власта, но остана политички многу влијателен во Либан БЕЈРУТ - Во силна експлозија на автомобил-бомба вчера загина поранешниот либански премиер ...

Стравотна експлозија го разнесепоранешниот либански премиер Харири

Дневник - 15.02.2005

АТЕНТАТ ВО БЕЈРУТ Рафик Харири, поранешниот премиер на Либан, вчера загина при стравотна експлозија на автомобил-бомба во крајбрежниот дел на Бејрут, јави Ројтерс. Експлозијата предизвикала огромна материјална штета и убила уште најмалку осум лица, претежно од придружбата на Харири.

Поранешниот либански премиер Харири загина при експлозија во Бејрут

А1 - 14.02.2005

Поранешниот либански премиер Рафик Харири е убиен денеска при експлозија на автомобил-бомба во западниот крајбрежен дел на Бејрут. При нападот, што се случил во близина на експозитура на британската банка ХСБЦ и луксузниот хотел „Сен Жорж“, загинаа уште најмалку осум лица, а околку 20 други се ...