TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Руските дипломати не биле под дејство на алкохол, тврди рускиот амбасадор

Утрински - 02.11.2006

ОХРИД - Нема никаков дипломатски скандал и нема политички заклучоци по неодамнешниот напад на четворицата руски дипломати во кафулето „Тренд“ во Скопје. Ова вчера го изјави во сел ото Белчишта амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Александар Солоцински.

Инцидентот во „Тренд“ не е дипломатски скандал

Дневник - 02.11.2006

Нема дипломатски скандал, ниту политички случај во инцидентот со претепаните руски дипломати, во минатиот викенд пред скопското кафуле „Тренд“, изјави вчера во Охрид амбасадорот на Русија Алесандар Солоцински. Тој, како што пренесува Макфакс, рекол дека „Тренд“ е изолиран случај, кој нема никакво ...

Дипломатскиот кор во Македонија бара расчистување на случајот "Тренд"

Вечер Прес - 02.11.2006

Целиот дипломатски кор во Македонија е за расчистување на инцидентот со руските дипломати во скопското кафуле "Тренд", изјави вчера во Охрид Александар Солуцински, амбасадор на Руската федерација во земјава. - Нема никаков дипломатски скандал и нема никакви политички заклучоци.

Рускиот амбасадор тврди дека претепаните руси не биле пијани

А1 - 01.11.2006

Рускиот амбасадор, Владимир Солоцински, тврди дека двајца од четворицата руски државјани, кои беа претепани минатиот викенд по исфрлањето од скопското кафуле „Тренд“, не биле пијани. „Имаме информации од медицински центар и резултати добиени во присуство на полиција, дипломатите не беа пијани и ...

Солоцински: Нема дипломатски скандал поради инцидентот во „Тренд“

А1 - 01.11.2006

Нема дипломатски скандал, ниту политички случај во инцидентот со претепаните руски дипломати, минатиот викенд пред скопското кафуле „Тренд“. Ова денеска во Охрид го изјави амбасадорот на Русија во Македонија Владимир Солоцински, при посетата на фабриката „Сигурносни појаси“, во охридското село ...

Македонско-руските односи се враќаат во нормала по инцидентот пред кафулето Тренд

Канал5 - 01.11.2006

Тепачката пред кафулето Тренд кога настрадаа тројца руски дипломати и новинар на ИТАР ТАС ја предизвикале хулигани и не е дипломатски инцидент – ова е ставот на амбасадорот на руската федерација Александар Солоцински кој бара случајот докрај да биде расчистен.

За претепувањето на руските дипломати десетина испрашани

Дневник - 01.11.2006

Сопственикот на кафулето „Тренд“, вработените и дел од гостите што во саботата биле сведоци на претепувањето на тројцата руски дипломати и на новинар на руска новинска агенција, биле повикани на разговор во МВР за да дадат изјави за инцидентот.

Полицијата ги бара напаѓачите на руските дипломати

Утрински - 01.11.2006

Случај Тренд И по четири дена по тепачката пред кафе-барот „Тренд“, кога беа претепани четворица руски дипломати, полицијата се' уште нема приведено ниту еден од напаѓачите. Од МВР информираат дека се извршени информативни разговори со десетина лица, меѓу кои имало гости и вработени во кафулето, ...

Амбасадор Солоцински: Нема дипломатски скандал, ни политички случај

Макфакс - 01.11.2006

Охрид Нема дипломатски скандал, ниту политички случај во инцидентот со претепаните руски дипломати, минатиот викенд пред скопското кафуле „Тренд“. Ова, како што јавува дописникот на Макфакс, денеска во Охрид го изјави амбасадорот на Русија во Македонија Владимир Солоцински, при посетата на ...

Полицијата направила алкохол тест на четворицата претепани Руси

А1 - 31.10.2006

Полицијата направила алкохол тест на тројцата руски дипломати и дописникот на „ИТАР ТАСС“, кои биле претепани во саботата навечер, иако тоа било спротивно на меѓународните конвенции. Алфите кои интервенирале при тепачката, рапортирале, дека руските дипломати се во видлива алкохолизирана состојба.

Русија бара брза истрага за претепувањето на дипломатите во Скопје

Утрински - 31.10.2006

Москва верува дека ова е изолиран случај, Владата жали поради непотребниот инцидент ДИМИТАР ЧУЛЕВ Брза и транспарентна истрага, пронаоѓање на напаѓачите и изведување пред суд бара Русија по инцидентот што се случи викендов во центарот на Скопје кога во тепачка во кафулето „Тренд“ потешко или ...

Руските дипломати биле тепани со дршка од пиштол

Време - 31.10.2006

ПО ЗАВЧЕРАШНИОТ НАПАД ПРЕД КАФЕ-БАРОТ „ТРЕНД“ Огнен Чанчаревиќ МВР се уште трага по групата насилници што во неделата брутално претепале четворица руски дипломати пред кафулето „Тренд“ во строгиот центар на Скопје. Полицијата во текот на вчерашниот ден не даде конкретни информации за евентуални ...

Протестна нота за натепаните дипломати

Вест - 31.10.2006

РУСКА РЕАКЦИЈА НА НАЈВИСОКО НИВО Рускиот амбасадор со протестна нота вчера отиде кај министерот Антонио Милошоски, а првиот секретар во руската амбасада кој бил во "Тренд" кога се случила тепачката, тврди дека дипломатите не биле пијани и не се виновни за инцидентот Рускиот амбасадор во Македонија ...

Обезбедувањето не' тепаше со рачки од пиштоли

Дневник - 31.10.2006

Хулиганството и претепувањето на дипломатите не може да се оправда со ништо , а полицијата треба итно да го расчисти случајот, велат од руската амбасада Полицијата не уапсила се' уште ниеден хулиган што учествувал во саботниот инцидент во кој беа претепани тројца руски дипломати и еден новинар, но ...

Тепачката во "Тренд" стана дипломатски инцидент

Вечер Прес - 31.10.2006

Од руската амбасада во Скопје тврдат дека дипломатите биле тепани со кундаци од пиштоли од обезбедувањето во "Тренд". Од друга страна, агенцијата "Лупус" задолжена за обезбедувањето во кафулето, ги негира тврдењата и вели дека руските државјани биле пијани и изеле ќотек од момчињата на девојките ...

Претепувањето на дипломатите главна вест на руските медиуми

А1 - 30.10.2006

Претепувањето на тројцата руски дипломати и дописникот на ИТАР-ТАСС во скопското кафуле „Тренд“ денеска е главна вест на руските медиуми. Изутринава лично рускиот амбасадор му врачил протестна нота на шефот на дипломатијата Милошоски.

Официјална Москва вознемирена по инцидентот во кафулето Тренд во кој беа истепани 4 руски дипломати

Канал5 - 30.10.2006

Навидум наивната тепачка во скопското кафуле Тренд, во која подебелиот крај го извлекоа тројца руски дипломати и еден руски новинар, добива меѓудржавни размери. Рускиот амбасадор Солоцински денеска му врачил протесна нота на министерот Антонио Милошоски.

Претепани четворица вработени во руската амбасада

Време - 30.10.2006

ПРЕД КАФУЛЕТО „ТРЕНД“ Група насилници нападнале и претепале четворица руски државјани вработени во Амбасадата на Русија, вчера во раните утрински часови пред кафулето „Тренд“. Руските државјани имале полесни повреди и поради тоа побарале медицинска помош во Ургентниот центар.

Пред „Тренд“ претепани четворица вработени во руската амбасада

Утрински - 30.10.2006

Четворица вработени во амбасадата на Русија во Македонија биле претепани пред влезот на кафе-барот „Тренд“, во строгиот центар на Скопје. Инцидентот е потврден и од полицијата, а се случил во неделата во 1,30 часот пред реномираното скопско кафуле.

Истепани четворица вработени во Руската амбасада

Дневник - 30.10.2006

Четворица вработени во Руската амбасада биле истепани од засега непозната група напаѓачи, вчера по полноќ, пред кафулето „Тренд“ во центарот на Скопје. Повредените биле префрлени во Ургентниот центар, каде што по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.