TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Упасени две лица поради поврзаност со напаѓачите од Мумбај

А1 - 06.12.2008

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца мажи за кои постои сомневање дека им обезбедиле СИМ картички за мобилни телефони на напаѓачите одговорни за неодамнешните напади во Мумбај.

Имало безбедносни пропусти во Мумбаи

Утрински - 06.12.2008

Имало безбедносни пропусти во Мумбаи. Њу Делхи- Новиот индиски министер за внатрешни работи Паланиапан Чидамбарам призна дека имало безбедносни пропусти при неодамнешните напади во Мумбаи, за кои Њу Делхи ги ...

Индија призна безбедносни пропусти во Мумбаи

Н.Македонија - 06.12.2008

Новиот индиски министер за внатрешни работи Паланиапан Чидамабарам вчера признал дека имало безбедносни пропусти пред минатонеделните терористички напади во Мумбаи, во кои беа убиени околу 180 лица, а над 300 ...

Упасени две лица во Индија поради наводна поврзаност со напаѓачите од Мумбај

Алсат-М - 06.12.2008

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца мажи за кои постои сомневање дека им обезбедиле СИМ картички за мобилни телефони на напаѓачите одговорни за неодамнешните напади во Мумбај. Апсењата се ...

Упасени две лица во Индија поради наводна поврзаност со напаѓачите од Мумбај

Алфа - 06.12.2008

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца мажи за кои постои сомневање дека им обезбедиле СИМ картички за мобилни телефони на напаѓачите одговорни за неодамнешните напади во Мумбај.

Упасени две лица во Индија поради наводна поврзаност со напаѓачите од Мумбај

Канал5 - 06.12.2008

Индиската полиција денеска соопшти дека уапсила двајца мажи за кои постои сомневање дека им обезбедиле СИМ картички за мобилни телефони на напаѓачите одговорни за неодамнешните напади во Мумбај.

Нападите во Мумбај дело на Ал Каеда

А1 - 05.12.2008

Израелскиот амбасадор во Индија изјави дека пакистанската терористичка група, која се посочува како извршител на нападите во Мумбај, „веројатно е врзана за терористичката мрежа на Ал Каеда“.

Талибанците нудат воена помош на Пакистан

Време - 05.12.2008

Талибанците што се борат со пакистанската војска на границата со Авганистан & понудија целосна помош на пакистанската армија ако влезе во војна со Индија.

Терористите од Мумбај работеле под команда на пакистанска група

Вест - 05.12.2008

МУМБАЈ, 5 декември (Ројтерс) - Вооружената група која го нападна Мумбај работела по наредба на оперативниот шеф на Пакистанската исламистичка милитантна група која во мај САД ја обележаа како терористичка ...

Напаѓачот од Мумбаи добивал наредби од пакистанска група

Утрински - 05.12.2008

Индија ја обвинува групата за нападите во 2006 година врз возови во Мумбаи и за нападот во 2001 година. МУМБАИ - Напаѓачот од Мумбаи добил наредби од оперативниот шеф на исламска милитантна група од Пакистан, ...

Индија има докази за вмешаноста на Пакистан во нападите во Мумбај

Алфа - 05.12.2008

Владата на Индија има докази, меѓу кои некои се добиени од американското Федарално истражно биро (ФБИ), дека пакистанската воена разузнавачка служба (ИСИ) е вмешана во неодамнешените напади во Мумбај, во кои ...

Терористите во нападите во Мумбај веројатно се дел од мрежата на Ал Каеда

Алфа - 05.12.2008

Израелскиот амбасадор во Индија изјави дека пакистанската терористичка група, која се посочува како извршител на нападите во Мумбај, „веројатно е врзана за терористичката мрежа на Ал Каеда“.

Индија била предупредена за можен напад

Алсат-М - 05.12.2008

Новиот министер за внатрешни работи на Индија, Паланијапан Чидамбарам, призна дека имало безбедносни пропусти на државата при минатонеделниот масакр во Мумбај. Индиските медиуми пак, јавуваат оти имало докази ...

Индија поседува докази за пакистанска вмешаност во нападите во Мумбај

Кирилица - 05.12.2008

Владата на Индија има докази, меѓу кои некои се добиени од ФБИ, дека пакистанската воена разузнавачка служба (ИСИ) е вмешана во неодамнешените напади во Мумбај, во кои најмалку 171 лице е ...

Терористите од Мумбај веројатно се дел од мрежата на Ал Каеда

Кирилица - 05.12.2008

Израелскиот амбасадор одби да се изјасни за тоа дали Индија може да изврши одмазнички напад против камповите за обука на милитантите во внатрешноста на Пакистан, објаснувајќи дека пред Владата во Њу Делхи се ...

Терористите во нападите во Мумбај веројатно се дел од мрежата на Ал Каеда

Канал5 - 05.12.2008

Израелскиот амбасадор во Индија изјави дека пакистанската терористичка група, која се посочува како извршител на нападите во Мумбај, „веројатно е врзана за терористичката мрежа на Ал Каеда“, јави дописникот на ...

Уапсен терорист од Мумбај добил поткуп од само 1.250 долари

А1 - 04.12.2008

Единствениот уапсен напаѓач од групата од 10 исламисти, кои минатата недела нападнаа 10 објекта во Мумбај, пред индиските истражни органи раскажал дека нарачателите на нападите му ветиле дека неговото сиромашно семејство ќе добие 100.000 пакистански рупии, односно 1.250 долари, ако тој загине за каузата на исламот.

Пакистан не ги дава осомничените терористи

Време - 04.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вчера пристигна во Њу Делхи. Цел на нејзината посета е да ги намали тензиите меѓу Индија и Пакистан по минатонеделните напади во Мумбај. Истовремено, претседателот на Пакистан, Асиф али Зардари, одби да ги испорача 20-те лица кои Индија ги побара поради сомневање за вмешаност во крвавите терористички напади во Мумбај.

Исламабад: Пакистанските лидери изразиле готовност да помогнат во истрагата за нападот во Бомбај

Р.С.Европа - 04.12.2008

Американскиот државен секретар Конодлиза Рајс изјави во Исламабад дека пакистанските лидери изразиле готовност да помогнат во истрагата за минатонеделниот терористички напад во индискиот град Мумбаи. Рајс денеска имаше средби со пакистанскиот државен врв откако вчера престојуваше во Њу Делхи со цел да ги смири тензиите меѓу двете земји.

Исламабад: Рајс го повика Пакистан да преземе робусен одговор на терористичкиот напад во Бомбај

Р.С.Европа - 04.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека пакистанската влада мора да превземе робусен одговор на минатонеделниот терористички напад во индискиот град Мумбаи. Таа од Њу Делхи допатува во Исламабад, каде што на пакистанскиот шеф на дипломатијата Мехмуд Куареши му пренела дека нападот во Мумбаи не смее да се повтори.

Рајс бара Пакистан брзо да ги фати напаѓачите на Мумбај

Вест - 04.12.2008

ЊУ ДЕЛХИ, 4 декември (Ројтерс) - Американската државна секретарка Кондолиза Рајс вчера апелираше до Пакистан да дејствува брзо за да ги фати одговорните за нападите во Мумбај кои се заканија да ги загрозат односите меѓу Пакистан и Индија. "Ова е време кога сите треба да соработуваат и да го прават тоа транспарентно, ова е и време кога Пакистан треба да го стори истото", изјави американскиот ...

Рајс бара Пакистан да соработува во истрагата за Мумбаи

Утрински - 04.12.2008

Рајс, која треба да ја посети Индија в среда, во обид да ги намали тензиите со нејзиниот ривал Пакистан. ЛОНДОН - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вчера побара од Пакистан да покаже „апсолутна, целосна“ соработка во пронаоѓањето на одговорните за минатонеделните напади врз финансиската престолнина на Индија, Мумбаи.

Рајс: "мора да продолжи борбата против тероризмот"

Телма - 04.12.2008

Атентатите од Мумбај ја подвлекуваат неопходноста од барање глобален одговор во борбата со исламистичкиот тероризам, изјави државниот секретар на САД Кондолиза Рајс за време на денешната посета на Пакистан, пренесе Франс прес. -Според мене, јасно е дека Пакистан води сопствена борба со терористите.

Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан

Алфа - 04.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс пристигна во ненајавена посета на Пакистан, пренесоа светските агенции. Посетата на Рајс на пакистанската престолнина Исламабад ќе трае само пет часа. Рајс вчера беше во Индија, каде го изрази американското сочувство за ужасот што Индијците го преживеаја во нападите во Мумбај од минатата недела, во кој загинаа приближно 180 лица, меѓу кои и шестмина ...

Единствениот уапсен терорист од Мумбаи бил „мотивиран“ со 1.250 долари

Алфа - 04.12.2008

Единствениот уапсен напаѓач од групата од 10 исламисти, кои минатата недела нападнаа 10 објекти во Мумбаи, пред индиските истражни органи раскажал дека нарачателите на нападите му ветиле дека неговото сиромашно семејство ќе добие 100.000 пакистански рупии (1250 долари), ако тој загине за каузата на исламот, пренесоа американските медиуми.

Деактивиран експлозив во Мумбаи

Н.Македонија - 04.12.2008

Индиската полиција вчера деактивирала повеќе експлозивни направи на главната железничка станица во Мумбаи, која беше меѓу првите локации што минатата недела беа нападнати од терористи. Во крвавите напади беа убиени над 180 лица и ранети околу 300, јави АФП.

Рајс го посети Пакистан

Алсат-М - 04.12.2008

Американскиот државен секретар во заминување, Кондолиза Рајс, од Пакистан денеска соопшти дека пакистанските власти ветиле оти ќе го искоренат тероризмот и дека ќе ги откријат сите што биле поврзани со ...

Терорист за нападите во Мумбај бил мотивиран со 1.250 долари

Кирилица - 04.12.2008

Во текот на распитите 21-годишниот напаѓач раскажал дека бил во екипата која ги нападна луксузните хотели во Мумбај и дека тој и останатите терористи пред влезот во хотелите се наредиле со експлозивни направи, програмирани да се активираат четири часа и 57 минути откако бидат ставени на нивните ...

Кондолиза Рајс во ненајавена посета на Пакистан

Кирилица - 04.12.2008

На пат од Њу Делхи за Исламабад Рајс во авионот, пред новинарите кои ја следат нејзината посета, изјави дека глобалната закана на екстремизмот и тероризмот треба да биде пресретната од сите држави, кои против овие закани треба да преземат цврста и непоколеблива линија.

Мотивиран да убива со 1.250 долари!

Вечер Прес - 04.12.2008

Единствениот уапсен напаѓач од групата од 10 исламисти, кои минатата недела нападнаа десетина постратешки објекти во Мумбај, пред индиските истражни органи раскажал дека нарачателите на нападите му ветиле дека ...

Рајс: Силна борба против тероризмот

Нетпрес - 04.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс после посетата во Индија го посети Пакистан каде што побарала од тамошните власти силен одговор на терористичките организации. Како што пренесуваат локалните медиуми Рајс исто така побарала во власта во Пакистан да возврати на тероризмот и да се пронајдат терористите кои се одговорни за нападите во Мумбај , Индија.

Индија треба да се подготви за напади во воздух

Макфакс - 04.12.2008

Индија треба да биде подготвена за терористички напади во воздух, слични на оние извршени во САД на 11. септември 2001 година. Ова предупредување синоќа го испрати индискиот министер за одбрана Шри А.К. Антони. Тој соопшти дека таквото мислење е засновано врз информации од разузнавачките служби, од каде предупредуваат дека безбедносните мерки на аеродромите треба да бидат засилени, затоа што може ...

Индија има докази за пакистанската врска за нападите во Мумбај

А1 - 03.12.2008

Индиските власти на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која е во посета на Њу Делхи, и претставија докази за врската меѓу Пакистан и напаѓачите на хотелите во Мумбај. На Рајс и биле покажани снимки од разговори, кои ја докажуваат врската меѓу терористите и нивните пакистански наредбодавци.

САД побараа Пакистан да соработува

BBC - 03.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го повика Пакинстан целосно, транспарентно и итно да соработува со истрагата околу минатонеделните милитантни напади во индискиот град Мумбај. Таа рече дека ова се тешки времиња за народот на Индија и жителите на Мумбаи.

Њу Делхи: Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе допатува во Индија

Р.С.Европа - 03.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе допатува во Индија, во рамките на обидите на Вашингтон да се ублажат тензиите по терористичките напади во Мумбаи во кои загинаа 183 лица. Во Индија и во Пакистан деновиве ќе престојува и адмирал Мајк Мален, началник на здружениот генералштаб на американската ...

Индија бара од Пакистан испорака на терорости

Време - 03.12.2008

Индија му предаде на Пакистан листа со околу 20 имиња на терористи за кои бара веднаш да и бидат предадени и побара силна акција против вмешаните во нападите во Мумбај минатата недела. Истовремено, Исламабад е под силен притисок и на САД колку што може повеќе да соработува во истрагата за нападите.

Њу Делхи: Кондолиза Рајс го повика Пакистан под итно да соработува со Индија

Р.С.Европа - 03.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го повика Пакистан под итно да дејствува и да соработува со Индија по минато неделните напади во Мумбаи. Рајс ова го изјави во Њу Делхи каде што денеска допатува во посета на Индија, во рамките на обидите на Вашингтон да се ублажат тензиите по терористичките напади во Мумбаи во кои загинаа 183 лица.

Индија бара Пакистан да и ги врати 20-те најбарани терористи

Вест - 03.12.2008

ЊУ ДЕЛХИ, 3 декември (Ројтерс) - Индија побара од Пакистан да ги предаде 20-те најбарани индиски бегалци во знак на добра волја, додека двете страни вчера се обидуваа да ги намалат тензиите околу нападите во Мумбај пред посетата на висок дипломат од Вашингтон.

Индија бара да и' бидат испорачани 20 милитантни бегалци

Утрински - 03.12.2008

Од Исламабад се бара „енергична акција“ против оние што стојат зад нападите, а живеат во Пакистан. ЊУ ДЕЛХИ - Индија побара од Пакистан да и' предаде 20 лица што сакаат да избегаат од индиските закони, за кои се верува дека се во Пакистан. Министерот за надворешни работи, Пранаб Мукхерџи, изјави дека листата со имиња била доставена во понеделникот, кога Индија протестираше кај високиот комесар на ...

Рајс помага да не дојде до судир меѓу Индија и Пакистан

Телма - 03.12.2008

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска пристигна во Њу Делхи. Цел на нејзината посета е да ги намали тензиите меѓу Индија и Пакистан по минатонеделните напади во Мумбај. - Сакам да се консултирам со индиската Влада за да видам како можам да помогнам во истрагата на атентатите во Мумбај, при што загинаа 188 луѓе, меѓу кои и 30 странци, а повеќе од 300 се повредени, изјави синоќа ...

Индија бара Пакистан да и предаде терористи

Н.Македонија - 03.12.2008

Индија вчера побара од Пакистан да и предаде 20 осомничени терористи. Односите меѓу двете соседни земји дополнително се влошија откако индиските власти го обвинија Пакистан дека е вмешан во минатонеделниот крвав терористички напад врз Мумбаи, во кој беа убиени над 180 лица, а ранети околу 300.

Рајс посредува меѓу Индија и Пакистан

Алсат-М - 03.12.2008

Кондолиза Рајс денеска целиот ден во Њу Делхи го помина со средби во обид да ги смири тензиите меѓу Индија и Пакистан. Таа утре и лично ќе замине во Исламабад. Главна тема се минатонеделните терористички напди во Мумбај во кои загинаа над 200 лица. Рајс изјави дека САД нема да брзаат со заклучоци околу тоа кој е одговорен, но оцени дека нападите личат на тероризам во кој учествува Ал Каеда.

Пакистан закана и за САД

Алфа - 03.12.2008

По терористичките напади во Мумбаи, Индија, каде пакистански напаѓачи убија околу 200 луѓе, меѓу кои и странски туристи, односите помеѓу Индија и Пакистан се заострија. Но, Индија не е единствената држава што смета дека Пакистан претставува сериозна закана и огниште на терористите.

Кондолиза Рајс во Њу Делхи заради намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан

Кирилица - 03.12.2008

- Сакам да се консултирам со индиската Влада за да видам како можам да помогнам во истрагата на атентатите во Мумбај, при што загинаа 188 луѓе, меѓу кои и 30 странци, а повеќе од 300 се повредени, изјави синоќа Рајс во Брисел пред да отпатува за ...

Според индиската полиција, нападите во Мумбај се извршени од пакистански терористи

Кирилица - 03.12.2008

Тој објасни дека терористите патувале прво околу 20 километри со нивни чамец по што киднапирале индиски брод. Кога се приближиле до Мумбај се префрлиле во гумен чамец со кој стигнале до брегот. Потоа се поделиле во пет пара и секој од нив со такси требал да пристигне до предвидената ...

Пакистан одбива на Индија да и ги предаде осомничените за нападите во Мумбај

Канал5 - 03.12.2008

Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари одби да испорача 20 лица, осомничени од Индија за извршување на крвавите напади во Мумбај, соопштија светските агенции. Зардари изјави дека ако Индија покаже сериозни докази за учество на осомничените во крвавите настани, тие ќе бидат судени во Пакистан. -Најодговорно ќе ги разгледаме сите докази што ќе ни се достават.

Нуклеарен напад до 2013 година

Нетпрес - 03.12.2008

Комисијата за превенција на тероризмот при американскиот Конгрес предвидела дека атомски напад од страна на терористи би можело да има во било која светска престолнина во рок од пет години. Терористичкиот напад на некоја метропола би можел да се случи до 2013 година. Според оценките на оваа Комисија, најмногу има опасност од нуклеарни напади, односно биолошки напади.

Исламистите планирале нов 11 септември

Време - 02.12.2008

Единствениот преживеан терористот Азам Амир Касаб (21) од Пакистан, кој беше фатен по нападите во Мумбај, во својот исказ за полицијата откри дека планот за напад бил подготвуван шест месеци во камп во пакистанскиот дел на Кашмир и предвидувал да загинат најмалку 5.000 луѓе, пренесуваат светските агенции.

Њу Делхи: Индија побара Пакистан да ги испорача терористите осомничени за нападот во Бомбај

Р.С.Европа - 02.12.2008

Индија побара од Пакистан да и ги испорача терористите, осомничени за минатонеделните напади во Мумбаи, соопштено е денеска во Њу Делхи. Индија бара пакистанските власти да и го предадат лидерот на екстремистичката група Лакшар е Таиба, Хафез Саид.

Терористите од Мумбај обучувани во Пакистан

Вест - 02.12.2008

МУМБАЈ, 2 декември - Индиските иследници вчера соопштија дека милитантите кои ги извршија нападите во Мумбај имале неколкумесечна командоска обука во Пакистан, што го зголемува ризикот за поголема тензијата меѓу двата соседи со нуклеарно вооружување додека растат обвинувањата во државата.

САД со полни раце во Јужна Азија

Н.Македонија - 02.12.2008

По 60 часа и 174 мртви во Мумбаи, Индија за време на викендот додаде уште една голема земја на новиот „регионален“ проблем. Индиските командоси успеаја да ја прекинат опсадата, но на повидок се нови тензии во регионот. Индија сè уште не ја обвини пакистанската влада за нападот, но укажа дека милитантните групи во Пакистан се виновни.

Рајс: Индија и Пакистан мора да соработуваат

Н.Македонија - 02.12.2008

Американската државна секретарка Кондолиза Рајс вчера го повика Пакистан целосно да соработува со Индија во истрагата за крвавите терористички напади во Мумбаи, во кои беа убиени речиси 200 лица, а над 300 беа ранети, јави АФП. Рајс одбила да ги коментира тврдењата на дел од индиските функционери дека зад 60-часовната терористичка опсада на Мумбаи стои пакистанската исламистичка група ...

Шпигел:Терористите во Индија биле под дејство на дрога

Алсат-М - 02.12.2008

Терористите што ја нападнаа индиската финансиска метропола Мумбај користеле разни дроги за да ја издржат повеќе од 60-часовната борба со безбедносните сили!. Германскиот неделник Шпигел јавува дека истрагата пронашла траги од кокаин и ЛСД на местата на злосторот и оти во крвта на загинатите напаѓачи имало траги од други средства што передизвикуваат еуфорија.

Нападите во Мумбај може да ги вратат работите далеку назад

Кирилица - 02.12.2008

Засилувањето на напрегнатоста меѓу Индија и Пакистан по атентатите во Мумбај може да предизвика неуспех на офанзивата на пакистанската армија против исламистичките бунтовници во реоните крај границата со Авганистан, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Велика Британија армискиот генерал Џок Старап.

Пакистан ќе одговори на барањето на Индија да ги предаде дваесетте лица барани од индиското правосудство

Кирилица - 02.12.2008

Претходно, шефот на индиската дипломатија Пранаб Мукерджи изјави во Њу Делхи дека му врачил на пакистанскиот амбасадор протестна нота, во која се упатува барање до Пакистан да уапси и предаде дваесетина лица, кои се барани од страна на индиското ...

Велика Британија загрижена од засилувањето на затегнатоста во односите меѓу Индија и Пакистан

Канал5 - 02.12.2008

Засилувањето на напрегнатоста меѓу Индија и Пакистан по атентатите во Мумбај може да предизвика неуспех на офанзивата на пакистанската армија против исламистичките бунтовници во реоните крај границата со Авганистан, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Велика Британија армискиот генерал Џок Старап.

Индија побара од Пакистан да предаде 20 луѓе барани од индиското правосудство

Канал5 - 02.12.2008

Министерство за надворешни работи на Индија побара од Пакистан да предаде околу 20 луѓе, кои се барани од страна на индиското правосудство. - Во нашиот демарш побаравме да бидат уапсени и предадени лицата, кои престојуваат во Пакистан и се барани од индиското правосудство, изјави индискиот министер за надворешни работи Пранаб Мукерџи.

Пакистан ќе одговори на барањето на Индија да ги предаде дваесетте лица

Канал5 - 02.12.2008

Пакистан ќе подготви одговор на индиското барање да предаде околу 20 лица барани од индиските правосудни власти, изјави денеска пакистанскиот министер за информации Шери Рехман. - Ќе го разгледаме тоа барање официјално кога ќе го добиеме, и ќе оформиме одговор, рече Рехман пред новинари во Исламабад.

Пакистан ја замоли Индија да не ги казнува

Вечер Прес - 02.12.2008

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ја замоли Индија да не ја казнува неговата земја поради минатонеделните напади во Мумбај, тврдејќи дека терористите би можеле да предизвикаат регионална војна. Тој, како што објави Дневник. хр, предупредил дека провокациите на "недржавните чинители" имаат за цел враќање на војната меѓу соседните држави во регионот што би било многу опасно, пред се, ...

Протесттна нота на индиското МНР до Пакистан

А1 - 01.12.2008

Индиското Министерство за надворешни работи денеска му врачи на пакистанскиот амбасадор во државата официјален протест поради нападите во Мумбај, јавија индиски медиуми. Во првата формална нота до Исламабад, се искажува загриженост заради „неподготвеноста да се справи со тероризмот што потекнува од таа земја“.

Вашингтон: Кондолиза Рајс денеска во Индија

Р.С.Европа - 01.12.2008

Претседателот на САД Џорџ Буш денеска ја испрака Кондолзиа Рајс во Индија . Рајс како државен секретар треба да ја демонстрира американсаката подршка на Индија по терористичките напади во Бомбај, во кои загинаа осум ...

Исламабад: Пакистанскиот премиер ја повика Индија да не го казнува Пакистан за нападите во Бомбај

Р.С.Европа - 01.12.2008

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зердари ја повика Индија да не го казнува Пакистан како одговор на минатонеделните напади во индискиот град Бомбај, во кој загинаа над 170 луге. Во интервју за британските медиуми тој предупреди дека провокациите како нападите во Бомбај претставуваат опасност од вракање на војната мегу нуклеарно вооружените соседи.

Заврши опсадата на Мумбаи

Време - 01.12.2008

Индиските сили за безбедност доцна во саботата, со заземање на хотелот „Таџ Махал“, ја завршија 60-часовната акција против терористите во индискиот град Мумбај, а билансот од серијата напади кои почнаа во средата е најмалку 195 мртви, од кои 22 се странци, и повеќе од 295 повредени.

Вашингтон: Кондолиза Рајс во Индија во знак на солидарност по минатонеделниот терористички напад

Р.С.Европа - 01.12.2008

Американскиот претседател Џорџ Буш ја испраќа државната секретарка Кондолиза Рајс во Индија за да ја демонстрира американската солидарност по минатонеделниот терористички напад во Мумбаи во кој беа убиени над 170 луѓе, вклучувајки и 6-мина американци. Белата Куќа соопшти дека Рајс ќе пристигне во Њу Делхи во среда, веднаш по утрешниот состанок на НАТО во Брисел.

Министерот за безбедност на Индија поднесе оставка

Вест - 01.12.2008

БОМБАЈ, 1 декември (Ројтерс) - Препирањата во тридневните блокади во кои загинаа скоро 200 лица во Бомбај се заканува да ги отплетка подобрените односи на Индија со нуклеарниот ривал Пакистан и вчера доведоа до оставка на министерот за безбедност.

Нападот во Мумбаи беше 9/11 за Индија

Утрински - 01.12.2008

Министерот за внатрешни поднесе оставка поради морална одговорност за 195-те загинати. МУМБАИ - Индискиот министер за внатрешни работи, Шивраџ Патил, поднесе оставка преземајќи „морална одговорност“ за нападите во Мумбаи, во кои загинаа речиси 200 луѓе. Овој чекор следеше во услови на се' поголем притисок врз индиската влада да објасни зошто не беше во можност да ги спречи нападите.

Пакистанска радикална група стои зад терористичките напади во Мумбај

Алсат-М - 01.12.2008

Пакистанската радикална група „Лашкар е таиба“ е одговорна за терористичките напади во градот во кои загинаа најмалку 174 луѓе. Полицискиот претставник Ракеш Мариа истакна дека напаѓачите се од групата „Лашкар е таиба“, основана во Пакистан. Групата беше обвинета за организирање на серија бомбашки напади врз железниците околу Мумбај во јули 2006 година, кога загинаа 180 луѓе.

Премиерот на индиската држава Махараштра поднесе оставка

Алфа - 01.12.2008

Под притисок на критиките од јавноста за начинот како влчаста се справува со кризата во Мумбаи, денеска поднесе оставка и премиерот на индиската држава Махараштра. Неговиот заменик претходно го направи истото. Според странските медиуми и други високи претставници на власта се под притисок да дадат оставка, сносувајќи морална одговорност за терористичките напади во Мумбаи, во кои загинаа речиси ...

Терористите во Мумбаи планирале да убијат 5.000 лица

Н.Македонија - 01.12.2008

Терористите што околу 60 часа го држеа под опсада индискиот финансиски центар Мумбаи имале доволно оружје и муниција за да убијат околу 5.000 лица и воопшто немале намера да преговараат за заложниците. Во нападите беа убиени над 170 лица, а ранети околу 300, јави АФП, повикувајќи се на оцени на високи индиски функционери.

Истрага за нападите во Мумбај

Алсат-М - 01.12.2008

Животот во Мумбај по нападите од минатата недела, денеска се враќа во нормала. Училиштата и продавниците се отворени, луѓето повторно одат на работа. Индискиот премиер Манмохан Синг започна повеќепартиски преговори за формирање државна комисија за истрага на нападите.

Нападите во Мумбај може да испровоцираат воен судир меѓу Индија и Пакистан

Кирилица - 01.12.2008

Во Исламабад се предупредува дека пакистанските служби за безбедност не ќе може да бидат во состојба да се борат со силите на Ал Каеда ако од пакистанско-авганистанската граница мора да се повлечат војниците за на „друг фронт“, што ќе се случи ако ескалира судирот со Индија во „несакана војна“.

Можен воен судир меѓу Индија и Пакистан поради нападите во Мумбај

Сител - 01.12.2008

Индија и Пакистан може да се најдат во војна откако по серијата меѓусебни тешки обвинувања за терористичките напади во Мумбај почнаа да „звецкаат со оружјето“. Весникот „Индепендент“ пишува дека Индија веќе ги подигна безбедносните мерки во земјата на воено ниво, тврдејќи дека терористичките напади во нејзиниот финансиски центар го загрозуваат мировниот процес во јужна Азија.

Оставка поднесе и премиерот на индиската држава Махарашра

Кирилица - 01.12.2008

Премиерот на Владата на индиската држава Махарашра, во која се наоѓа градот Мумбај, поднесе оставка заради нападите врз објектите во овој индиски финансиски центар во кои загинаа над 170 лица, пренесе Франс прес. ...

Можна војна меѓу Индија и Пакистан

Вечер Прес - 01.12.2008

Индија и Пакистан може да се најдат во војна откако по серијата меѓусебни тешки обвинувања за терористичките напади во Мумбај почнаа да "ѕвечкаат со оружјето". Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот "Индепендент" пишува дека Индија веќе ги подигна безбедносните мерки во земјата на воено ниво, тврдејќи дека терористичките напади во нејзиниот финансиски центар го загрозуваат мировниот ...

Индија размислува да го прекине мировниот процес со Пакистан

Макфакс - 01.12.2008

Владата на Индија размислува да го прекине мировниот процес со Пакистан, по терористичките напади во Мумбаи, за кои смета дека се извршени од пакистански екстремисти. „Постои гледиште дека Индија треба да ги прекрати мировните процеси и двостраниот дијалог, за да покаже дека нема да го прифати лесно смртоносниот масакр во Мумбаи“, соопшти анонимен извор.

Индија со протест до Пакистан

Макфакс - 01.12.2008

Индискиот министер за надворешни работи Пранаб Мукеџи го повика пакистанскиот амбасадор за да му врачи официјален протест на Њу Делхи по низата координирани терористички напади во Мумбаи. Пакистан во нотата се обвинува за „неуспех при неутрализирање на терористички акции од негова територија”, пренесоа индиските медиуми.