TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Силекс казнет со три средби

Вест - 28.05.2005

ФУДБАЛ Дисциплинскиот комесар на ФФМ, Зејди Салиу, донесе одлука Силекс следните три првенствени или куп-средби да ги игра надвор од Кратово и да плати парична казна во износ од 5.000 евра. Кратовци се казнети поради присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот од 32.

Работнички веќе ги пушти играчите на одмор

Време - 28.05.2005

ФУДБАЛ - ИАКО денеска ИГРА СО ВАРДАР Поголемиот дел првотимци на Работнички Кометал, на едно коло пред крајот веќе се на распуст, откако стручниот штаб и фудбалерите процениле оти им е потребен поголем одмор пред почетокот на квалификациите за Лигата на шампионите.

Силекс три меча надвор од Кратово

Утрински - 28.05.2005

Одлуки на дисциплинскиот комесар при ФФМ, Зејди Салиу За кратовци парична казна од 5.000 евра, Цементарница 55 покуса за три бода Присуството на неслужбени лица на теренот на натпреварот против Цементарница 55, екипата на Силекс ќе ја чини три меча како домаќин надвор од Кратово плус парична казна ...

Цементарница без три бода, Силекс три меча надвор од Кратово

Дневник - 28.05.2005

ФФМ Екипата на Цементарница за напуштањето на теренот во Кратово ќе биде покуса за уште три бода, а Силекс за присуството на неслужбени лица на теренот, во новата сезона на три средби како домаќин ќе игра најмалку 100 километри надвор од Кратово.

Силекс три средби надвор од Кратово

Вечер Прес - 28.05.2005

Силекс три првенствени средби во Купот или во првенството ќе ги игра 100 километри надвор од Кратово, а касата на овој клуб ќе биде "олеснета" за 5.000 евра во денарска противвредност. Ваквата одлука ја донесе Комесарот за дисциплина Зејди Салиу поради присуство на неслужбени лица на теренот во ...

Цементарница во баражот

Вечер Прес - 28.05.2005

Комисијата за молби и жалби предвреме реши која е втората екипа од Првата фудбалска лига што преку баражот ќе се обиде да го обезбеди опстанокот во елитата. Второстепената комисија на ФФМ ја одби жалбата на Цементарница и ја потврди одлуката на Комисијата за натпревар за регистрирање на ...

На Цементарците и се одземаат 3 бода

А1 - 27.05.2005

Цементарница покрај Маџари Солидарност ќе биде втората екипа што ќе разигрува за опстанок во елитата. Дисциплинскиот комесар на ФФМ Зејди Салиу ги казни Цементарците со одземање 3 бода, поради повлекување на екипата од првенствениот натпревар против Силекс минатиот викенд.

Цементарница ќе се жали

Дневник - 26.05.2005

по одлуката на комесарот Прволигашот Цементарница ќе го искористи рокот од три дена да ја обжали првостепената одлука на комесарот за натпревари во ФФМ, со која Силекс доби службени бодови, но и суспензија на теренот во Кратово. - Одлуката е неиздржана и контрадикторна.

Силекс доби бодови, но и суспензија

Време - 25.05.2005

КОМЕСАР ЗА НАТПРЕВАРИ при ФФМ Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрира со службен резултат 3-0 за Силекс прекинатиот натпревар во Кратово помеѓу домаќинот и Цементарница. Клубот од Скопје е предаден на дисциплинскиот комесар поради неоправдано напуштање ...

Службени 3:0 за Силекс против Цементарница

Вест - 25.05.2005

ФУДБАЛ - КОМЕСАРОТ ЗА НАТПРЕВАРИ ПРЕСЕЧЕ Комесарот за натпревари на ФФМ донесе одлука прекинатиот натпревар од 32. коло на Првата фудбалска лига во Кратово меѓу Силекс и Цементарница при резултат 1:2 да биде регистриран со службени 3:0 за кратовци.

Силекс - Цементарница 55 3:0 слубжено, стадионот во Кратово суспендиран

Утрински - 25.05.2005

Одлука на комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски Прекинатиот меч од 32. коло во македонското фудбалско првенство меѓу Силекс и Цементарница 55 е регистриран со службен резултат 3:0 во корист на кратовци. Вака гласи одлуката на Комесарот за натпревари при фудбалската федерација на ...

Силекс лапна бодови, но суспендиран му е теренот

Дневник - 25.05.2005

КОМЕСАР ЗА НАТПРЕВАРИ Прволигашот Силекс од Кратово ги лапна бодовите од прекинатиот натпревар со Цементарница, иако на полувремето имаше негатива (1-2), но теренот му е суспендиран поради присуство на неслужбени лица на полувремето.

Силекс-Цементарница 3:0 (сл.)

Вечер Прес - 25.05.2005

Прекината средбата Силекс-Цементарница (1:2), од 31. коло на Првата фудбалска лига, е регистрирана со службен резултат 3:0 за кратовци, а теренот на Силекс е суспендиран. Ова е одлука на Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спирковски за инцидентот во Кратово, кога прволигашот од Кисела Вода одби ...

ФФМ донесе ригорозни казни за виновниците

А1 - 24.05.2005

И толку за настаните на спортските терени денеска. И овој блок нема да мине без непријатно навраќање на сериозното нарушување на фудбалскиот амбиент кај нас. По нерегуларностите и инцидентните ситуации како предупредување за фер финиш заседаваше ФФМ.

За Силекс службени бодови, но и казна?

Време - 24.05.2005

ДЕНЕСКА УО НА ФФМ Кратовски Силекс ќе го добие мечот против Цементарница со службен резултат од 3-0, но и ќе заработи остри казни поради лошата организација на фудбалскиот меч со скопјани, дознава „Време“. Поради овој инцидент, денеска Управниот одбор на ФФМ ќе одржи вонредна седница на која ќе ...

Вонредно ќе заседава УО на ФФМ

Дневник - 24.05.2005

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО КРАТОВО "Фудбалската влада" за денеска закажа вонредна расправа по повод инцидентот во Кратово. Комесарот за натпревари побара дополнителни изјави за утврдување на фактичката состојба. Тоа се реакциите по саботната одлука на Цементарница, и покрај водството од 2-1 да не го доигра ...

Цементарница, иако водеше, не сакаше да продолжи во Кратово

Време - 23.05.2005

Фудбал ПРВА ЛИГА 32.КОЛО Натпреварот од претпоследното коло Првата фудбалска лига помеѓу Силекс и Цементарница 55 не го доживеа својот крај откако гостите одбија да излезат на теренот во второто полувреме, иако водеа со 2-1. Според изјавите на претставниците од скопската екипа, на полувремето тие ...

Прекин на полувремето на мечот во Кратово

Вест - 23.05.2005

Прва фудбалска лига - 32. коло Добре Иванов: Немаше никаков инцедент, Цементарница се уплаши дека ќе загуби. - Гоце Јовановиќ: Поради напад на моите фудбалери и исклучувањето на Ангеловски ние немавме доволно играчи за да го продолжиме Како и во минатото коло, кога имаше тепачки на мечот Шкендија ...

Играчите на Цементарница нападнати од неслужбени лица

Утрински - 23.05.2005

Средбата во Кратово меѓу Силекс и Цементарница (1:2) не продолжи во второто полувреме МИОДРАГ МИЦКОВИЌ За првпат во годинашново првенство еден натпревар во Првата лига не го дочека крајот. По неодиграната средба меѓу Напредок и РАботнички Кометал во Кичево, кога поради неисплатени долгови ...

Гостите одбија да го одиграат второто полувреме

Утрински - 23.05.2005

Неславен крај на дербито, Силекс - Цементарница 55 во Кратово КРАТОВО - Дуелот во Кратово кој требаше да ја разјасни дилемата кој тим ќе учествува во баражот, сепак, не го доживеа својот крај. Фудбалерите на Силекс и Цементарница го одиграа само првото полувреме кое гостите го добија со резултат ...

Претставник на Силекс, Добре Иванов

Утрински - 23.05.2005

Изјава Воопшто не сме изненадени од заткулисните игри на скопска Цементарница. Нивните нечесни намери беа прочитани уште пред почетокот на мечот, кога поради наводен дефект на автобусот стигнаа само 25 минути пред почетокот на натпреварот. Од тие причини и самиот старт доцнеше четири минути.

Сите се жалат дека јаделе ќотек

Дневник - 23.05.2005

ПО ПРЕКИНАТИОТ НАТПРЕВАР СИЛЕКС - ЦЕМЕНТАРНИЦА "Ангеловски (играч на Цементарница - н.з.) го удри Добре Иванов, но и играчите на гостинската екипа пред влезот беа нападнати од две-три неслужбени лица, од кои едно во тренерки".

Секаде, освен во Кратово, повеќе од мирно

Дневник - 23.05.2005

Натпреварот во Кратово помеѓу Силекс и Цементарница е прекинат по одиграни 45 минути, откако гостинските фудбалери не сакаа да го продолжат наводно поради физички напад врз нив од неслужбени лица. Вербалната расправија меѓу раководствата и фудбалерите на двете екипи почна на средината на теренот ...

Цементарница не го доигра натпреварот во Кратово

Вечер Прес - 23.05.2005

Заткулисните и нечесни игри во македонското фудбалско првенство својата кулминација ја доживеаја во Кратово. Натпреварот меѓу Силекс и Цементарница, за жал, не го доживеа својот крај. Овој меч кој беше од витално значење за двете екипи во избегнување на баражот за опстанок, поради низа инциденти, ...