TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Најмалку 10 загинати во бомбашки напад во Багдад

А1 - 11.06.2005

Најмалку 10 лица загинаа, а 27 се ранети во експлозија на автомобил бомба во шиитскиот кварт во Багдад, соопшти денеска ирачката полиција. Автомобилот бомба бил паркиран во северозападниот дел на Багдад, кога доцна синоќа бил активиран експлозивот.

20 загинати во самоубиствен напад во Багдад

Макфакс - 09.06.2005

Багдад Најмалку 20 лица загинаа, а исто толку се ранети во напад што бомбаш - самоубиец го изврши денеска во еден ресторан во центарот на Багдад. Во нападот загинаа и најмалку пет ирачки полицајци. Бомбашот го активирал експлозивот за време на ручек кога во ресторанот имало многу луѓе.

Од автомобили-бомби загинаа 19 лица

Утрински - 08.06.2005

Нов бран самоубиствени бомбашки напади во Ирак БАГДАД - Во експлозии на автомобили-бомби што се случија вчера во Багдад и северниот дел на Ирак, загинаа најмалку 19 лица, а повеќе од 40 беа повредени, и претставуваат најнов бран самоубиствени бомбашки напади во кои од април загинаа стотици лица.

Четири бомбаши самоубијци усмртија над 14 лица

Вест - 08.06.2005

БАГДАД, 8 јуни (Ројтерс) - Четворица самоубијци бомбаши вчера извршија напади во Багдад и во северен Ирак во кои загинаа најмалку 14 луѓе, а 22 беа повредени. БАГДАД, 8 јуни (Ројтерс) - Четворица самоубијци бомбаши вчера извршија напади во Багдад и во северен Ирак во кои загинаа најмалку 14 луѓе, а ...

Најмалку 22 убиени во 4 бомбашки напади во Ирак

А1 - 07.06.2005

Најмалку 22 лица го загубија животот, а 39 се ранети во 4 одвоени напади во северен Ирак. До првиот напад дошло во градот Хавиџа, 240 километри северно од Багдад. Експлозијата ја предизвикала поставена бомба, а потоа следувале уште три самоубиствени напади во Бигар, Дибис и на влезот во Хавиџа.

Жртви во експлозија на автомобил бомба во џамија во Ирак

Макфакс - 07.06.2005

Багдад Бомбаш самоубиец активира автомобил бомба пред влезот во една џамија во багдадскиот кварт Камалија, при што неколку лица се убиени, соопшти полицијата. Бомбашот го активирал експлозивот во моментот кога верниците излегувале од џамијата по петочната молитва.

Над 14 загинати во експлозии на три автомобили - бомби

Макфакс - 07.06.2005

Киркук Најмалку 14 лица загинаа во експлозии на три автомобили – бомби што речиси истовремено се случија денеска во северниот ирачки град Хавиџа. Болнички избори соопштија дека бројката на загинати не е конечна, бидејќи во нападите се ранети 19 лица, од кои неколку се во тешка состојба.

Атентат и силна експлозија во Ирак

Макфакс - 06.06.2005

Багдад Засега непознати лица денеска во Багдад го убија високиот полициски претставник Ријад Абдел Карим, соопшти ирачката полиција. Заменик началникот на полицијата бил убиен пред неговата куќа во Багдад. Најмалку четворица полицајци загинаа, а 14 лица се повредени во силната експлозија ...