TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ранети најмалку 10 војници во инцидент во Кувајт

А1 - 30.03.2003

Најмалку 10 американски војници се повредени во инцидентот што денеска се случи во една американска база во Кувајт, откако камион директно се налета на група војниците, се дознава од американски воени извори. Инцидентот се случил во кампот Уадири, пред магацините за воена опрема.

МНР: Педесетината Македонци во Заливот се чувствуваат безбедни

Утрински - 29.03.2003

Кризниот штаб за Ирак е во постојан контакт со македонските граѓани во Кувајт Педесетината македонски граѓани кои се наоѓаат во регионот во близина на Ирак, каде што се водат воените дејства, се чувствуваат добро, велат во Министерството за надворешни работи, кое е во постојан контакт со нив.

Сојузнички десантни сили по грешка слетале во Иран

А1 - 27.03.2003

Американско-британски десантни сили по грешка слетале во Иран, наместо во јужен Ирак, јавија денеска кувајтските медиуми. Медиумите во Кувајт соопштуваат дека жителите на еден град во иранската провинција Хузестан биле сведоци на слетувањето на десантните единици, кои по приземјувањето разбрале ...

Македонските граѓани безбедни

Утрински - 27.03.2003

КУВАЈТ Амбасадата на Србија и Црна Гора во Кувајт, која е овластена да им пружи конзуларна заштита на државјаните на Македонија, кои во моментов се наоѓаат во државите од регионот на Персискиот залив соопшти дека македонските граѓани не се соочуваат со проблеми од воените дејства во Заливот.

Македонските граѓани во Заливот без проблеми

А1 - 26.03.2003

Граѓаните на Република Македонија, кои се наоѓаат во државите од регионот на Персискиот Залив, не се соочуваат со проблеми, произлезени од воените дејствија во регионот. Ова го соопшти денеска МНР по информациите добиени од амбасадата на Србија и Црна Гора во Кувајт, која македонските власти ја ...

Неколку силни детонации во Кувајт

А1 - 25.03.2003

Неколку силни детонации одекнале во Кувајт, откако претходно се огласиле сирените за воздушна тревога. Нема информации од што биле предизвикани детонациите. Во британскиот конзулат во Бејрут изутрината одекна експлозија во која нема повредени лица, соопшти локалната полиција.

Ирачки и американски проектили над Кувајт

Вест - 25.03.2003

КУВАЈТ, 25 март (Ројтерс) - Со американска батерија "патриот" вчера бил пресретнат ирачки проектил кој бил испукан кон американските и британските сили во Кувајт, соопштија американски и кувајтски официјални претставници. "Не се знае каков тип муниција носел ирачкиот проектил", се вели во изјавата ...

Во рок од еден час четири ракети врз Кувајт

А1 - 24.03.2003

Во период од еден час денеска во Кувајт Сити четири пати се огласија сирените со кои се предупреди на почеток на воздушни напади, по што се слушнаа три силни експлозии, а беше потврдено и дека кон градот била исфрлена и четвртата ирачка ракета.

Американски војник ја нападна сопствената база

Утрински - 24.03.2003

Инцидент Еден американски војник е уапсен откако ја гранатираше блиската американска база во северен Кувајт, при што загина едно воено лице, а 12 беа повредени. Воениот портпарол изјави дека две гранати се истрелани кон командниот шатор во кампот "Пенсилванија", кој е база на 101.