TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжува штрајкот на железничарите

А1 - 27.02.2005

Директорите отпремуваат возови - железничарите штрајкуваат. Ова е денешна слика во Македонски железници. Во обид да го разбие штрајкот првиот човек на железница Стојан Наумов им дал наредба на шефовите сами да ги испраќаат возовите. Но денеска не сообраќаше ниту еден.

ССМ: „Владата нема слух за предлозите за законот за работни односи“

А1 - 27.02.2005

Владата покажа дека нема слух за аргументите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на преговорите кои во врска со изготвувањето на новиот закон за работни односи и затоа синдикатот треба да се подготвува за штрајк, е оценката на претседателот на ССМ Ванчо Муратовски.

8 луѓе од двата синдикати на МЖ добија откази

А1 - 26.02.2005

Надвор од списокот на 755 отпуштени, раководството на железницата денеска им подели откази и на двајцата синдикални лидери кои ја предводат блокада на железничкиот сообраќај. Освен лидерите на синдикатот, на сообраќајниот персонал и на железничарите, откази добија и други шест членови на овие два ...

Нови отпуштања во Стопанска банка и во "Кјуби"

Дневник - 26.02.2005

СИНДИКАТ НА ФИНАНСИСКИТЕ РАБОТНИЦИ Во првите два месеца од годинава околу 200 финансиски работници се прогласени за технолошки вишок, а има најави дека без работа ќе останат уште толку, велат во Синдикатот на работниците во финансиските организации.

Повторно блокада на железничкиот сообраќај

Утрински - 26.02.2005

Протест на дел од вработените во „Македонски железници“ Вработените бараат социјалниот пакет да изнесува 150 илјади денари по вработен, покрај 12 плати согласно со Колективниот договор Вработените од Јавното претпријатие †Македонски железнициии за денеска најавија целосна блокада на железничкиот ...

Возовите повторно запреа

Дневник - 26.02.2005

нов протест ВО "македонски ЖЕЛЕЗНИЦи" Возовите во земјава повторно запреа од вчера во 18 часот. Револтот на околу 2.000 железничари кулминираше по вчерашните разговори со заменик-министерот за транспорт Дејан Кошутиќ и со директорот на "Македонски железници", Стојан Наумов, на кои нивните барања за ...

Муратовски: Ќе ја спречиме Владата да направи закон според свој терк

Утрински - 26.02.2005

Реакција на ССМ на изјавата на министерот за финансии, Поповски "Изјавите на министерот за финансии, Никола Поповски, во врска со Законот за работни односи го иритираат членството на ССМ и отвораат можности за преземање радикални мерки од страна на Синдикатотти, изјави претседателот на ССМ, Ванчо ...

ССМ не го знае Законот за работни односи

Дневник - 26.02.2005

Синдикат Не е точно дека предлог-законот за работни односи е доставен до Синдикатот и до работодавците, како што завчера изјави министерот за финансии Никола Поповски, реагираат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Според синдикалците, Владата е виновна што носењето на овој закон доцни и не ...

Железничарите повторно ги запреа возовите

Време - 26.02.2005

НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ВЛАДАТА Работниците во ЈП „Македонски железници“ од вчера во 18 часот го блокираа железничкиот сообраќај во Македонија. Блокадата е резултат на незадоволството на железничарите од вчерашните преговори на кои Дејан Кошутиќ, заменик-министер за транспорт и врски, понудил ...

ССМ не прифаќа закон за работни односи по терк на владата

А1 - 25.02.2005

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ванчо Муратовски денеска изјави дека министерот за финансии Никола Поповски со, како што вели неодмерените изјави во врска со законот за работни односи, го иритира членството на ССМ и отвора можност за преземање радикални мерки од страна на ...

Блокиран железничкиот сообраќај

А1 - 25.02.2005

Железничарите попладнето ги запреа возовите, откако владата им кажа дека отпуштените ќе добијат само 12 плати, согласно колективниот договор. Иако се тоа две плати плус од она што досега се ветуваше, тоа сепак е далеку од барањето секој отпуштен да добие плус уште по 2.5000 евра.

Синдикалците му се скараа на Поповски

А1 - 25.02.2005

Експресна реакција од синдикатот на вчерашната изјава на министерот Никола Поповски кој рече дека „Владата веќе ја изработила работната верзија на новиот закон за работни односи и со неа го запознала и синдикатот“. „Изјавата на министерот не е точна“, велат од синдикатот од каде тврдат дека до нив ...

Владата и железничарите не отстапуваат од своето пред утрешните преговори

А1 - 24.02.2005

Ниту Владата, ниту железничарите на утрешните преговори немаат намера да отстапат од своите ставови за висината на отпремнините. Владата не дава повеќе од 2,5 илјади евра или 10 плати од неа и 4 солидарни од тие што ќе останат на работа.

Расправии во ССМ, Владата ги крати правата

А1 - 24.02.2005

Незадоволните 4 синдикати, кои помпезно најавија отцепување од ССМ, се премислуваат. Велат, сега приоритет треба да биде како да се спречи Владата да ги намали работничките права. Проблемите со Муратовски ќе ги решавале отпосле.

Поголеми казни за работодавците

Дневник - 24.02.2005

СИНДИКАТОТ НА ТЕКСТИЛЦИТЕ БАРА Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија оценува дека со можноста за вработување на одредено време ќе се создаде простор за злоупотреба на работниците во овие индустриски гранки.

На ССМ му недостига стратегија за да биде успешен

Утрински - 24.02.2005

Трибина: Местото и улогата на Синдикатот во пазарна економија МАЈА ТОМИЌ "Сојузот на синдикатите на Македонија не успеа да се ослободи од патерналистичкиот однос на власта во целиот транзициски период, без разлика која партија или коалиција е на власт.

Синдикалната измама трае 15 години

Вест - 24.02.2005

ТРИБИНА: ПОСТОИ ЛИ УСПЕШЕН СИНДИКАТ ВО МАКЕДОНИЈА ССМ мора да се реформира во федерација на гранкови синдикати или во конфедерација на независни синдикати како секаде во светот, за да се елеминира бирократскиот однос на неговото претседателство, беше порачано од вчерашната трибина Синдикатите во ...

ССМ е во врска со власта, а живее од работниците

Дневник - 24.02.2005

ДОМАШНИ ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Во Македонија нема работнички синдикат бидејќи Сојузот на синдикатите на Македонија е поврзан со власта и е нем набљудувач на проблемите со кои се соочуваат работниците. Ова се размислувањата на домашни експерти, кои вчера беа изнесени на трибината "Местото и улогата ...

Синдикалците ќе учествуваат во собраниската расправа

Време - 24.02.2005

ССМ Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат вклучени во претстојната расправа во Собранието за новиот закон за работни односи, јавува МИА. Пеце Груевски, портпарол на ССМ, информира дека Љупчо Јордановски, претседател на Собранието, ветил дека ќе овозможи работни средби на кои ...

Текстилците бараат 35-часовна работна недела

Утрински - 24.02.2005

Синдикатот за текстил расправаше за законот за работни односи Според Синдикатот на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СКТЧ) , договорите за работа на одредено време треба да изнесуваат две години, со можност за продолжување на уште две години, а тие треба да содржат ...

Синдикатот во Македонија воопшто не дејствува, сметаат експертите

А1 - 23.02.2005

Синдикатот во Македонија воопшто не дејствува. Тој е политизиран и се однесува како да е почеток на 19 век. Вака научните работници ја оценуваат работата на ССМ. Синдикатот е лошо раководен и не е прилагоден на пазараната економија.

Текстилците најексплоатирани и со најмалку права

А1 - 23.02.2005

Безмилосна експлоатација, кршење на работничките права, непочитување на работното време и мали плати, се жалат текстилните работници. Уште најавуваат дека ќе ни ги крателе правата, велат работниците на излегување од една скопска текстилна фабрика и се прашуваат кои.

Владата отпушти 755 работници без утврдени критериуми

Време - 23.02.2005

СИНДИКАТ НА МЖ Вработените во ЈП „Македонски железници“ в петок ќе одлучат дали повторно ќе го запрат железничкиот сообраќај откако вчера Владата одбила да ги повлече списоците за 755 работници што беа прогласени како технолошки вишок.

Од петок блокада на железничкиот сообраќај?

Дневник - 23.02.2005

синдикалците се закануваат Вработените во "Македонски железници" во петок на собир ќе одлучат дали повторно ќе ги запрат возовите. Ваквите најави следуваат бидејќи пропадна нивното барање за социјален пакет од 150.000 денари и плус најмногу 12 плати за секој од 755-те вработени што ќе добијат отказ.

Владата и синдикатите во МЖ се уште без договор

Утрински - 23.02.2005

Висината на социјалниот пакет за железничарите останува енигма За да не се случи изнудено решение, најдобро е преговорите да продолжат по завршување на локалните избори, вели Марјан Ристевски од Независниот синдикат на машиновозачите ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Владата и синдикатите во †Македонски ...

Пропаднаа денешните преговори меѓу Владата и железничарите

А1 - 22.02.2005

Продолжува неизвесноста по колку пари ќе добијат отпуштените од Железница. И на денешните преговори со Синдикатот, Владата не попуштила - отпуштените ќе добијат најмногу 2,5 илјади евра. Синдикатот не се откажува од борбата за 5 илјади евра. Сепак, конечната сума ќе се знае в петок.

ССМ ќе ги брани работничките права во Парламентот

А1 - 22.02.2005

Работничките права, Синдикатот ќе ги брани и во Парламентот. Претседателот на Собранието, Јордановски, денеска на средба со синдикалецот Муратовски ветил дека Синдикатот ќе биде вклучен во собраниските комисии, кога ќе се разговара за законот за работни односи.

Македонските работници имаат помали права во однос на земјите во ЕУ

А1 - 21.02.2005

Со новиот предлог закон за работни односи, кој треба да биде објавен идниот месец, Владата планира да го намали платеното породилно, платените боледувања, годишните одмори, но и да ја зголеми работната недела и да воведе флексибилен начин на вработување.

Синдикатот на МЖ бара повлекување на списоците

А1 - 21.02.2005

Списоците со имињата на отпуштените од железницата да бидат повлечени, се додека не се утврди со колку пари ќе си заминат, бараат железничарите. Ако тоа не се случи ќе го блокираат железничкиот сообраќај и ќе протестираат пред владата.