TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски го теши членството

Време - 22.07.2006

СДСМ СЕ СПРЕМА ЗА ОПОЗИЦИЈА Во обид да го охрабри членството и да му даде насоки како да се преориентира на дејствување како опозиција, лидерот на СДСМ Владо Бучковски веднаш по изборите тргна во обиколка на општинските организации на партијата.

Во октомври ќе се гласа за доверба на раководството на СДСМ

Вест - 22.07.2006

БУЧКОВСКИ ВО СТРУМИЦА Членството на СДСМ во октомври на конвенција ќе гласа за доверба на актуелното раководство. Тоа го најави лидерот Владо Бучковски вчера во Струмица, на коктел средбата на која беа анализирани изборните резултати и поразот на партијата. "Ќе ги сочекаме стоте дена на владата.

Во октомври првиот тест за доверба на раководството

Дневник - 22.07.2006

Повеќе од 800 делегати во октомври ќе гласаат доверба на органите на СДСМ, откако партијата ги загуби парламентарните избори. Дотогаш лидерот Владо Бучковски ќе го консолидира партиското членство, но и ќе лобира кај базата за поддршка за нов лидерски мандат, тврдат партиски извори.

Конгресот на СДСМ во почетокот на 2007

Утрински - 22.07.2006

Бучковски СТРУМИЦА - „Дојдов овде по посетата на Куманово и на Штип да покажеме дека сме голема партија, големо семејство, заедно сме и во радост и во тага. Времето за тагување веќе помина, се соочуваме со реалноста, тргнуваме од 26 јули кога ќе се конституира парламентот да дејствуваме како ...

СДСМ ќе дејствува како жестока опозиција

А1 - 21.07.2006

Времето за тагување веќе помина, се соочуваме со реалноста, тргнуваме од 26 јули кога ќе се конституира парламентот, да дејствуваме како жестока и конструктивна опозиција рече лидерот на СДСМ Владо Бучковски на коктел средбата синоќа во Струмица со сопартијците.

Бучковски молчи за поразот, во СДСМ напнато исчекување

Утрински - 19.07.2006

Ако Бучковски не ги отвори картите, тоа ќе го сторат неговите соработници Соња Крамарска Поразот на социјалдемократите ја отвора Пандорината кутија на одговорност во партијата, а исходот ќе биде крајно неизвесен, прогнозираат деновиве аналитичарите.

Бучковски: и прегласувањето да биде фер

Утрински - 18.07.2006

Претседателот на СДСМ и премиер на заминување, Владо Бучковски, вели дека е многу важно прегласувањето на некои избирачки места в среда да не фрли сенка на, како што рече, досега најдобро организираните и спроведени избори во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ да не се надева на мандат плус

Време - 18.07.2006

БУЧКОВСКИ ЗА ПРЕГЛАСУВАЊЕТО ВМРО-ДПМНЕ да не се надева дека ќе му земе пратенички мандат на СДСМ во петтата изборна единица, порача вчера лидерот на социјалдемократите, Владо Бучковски, во пресрет на утрешното прегласување на 29 избирачки места.

Се плашел да биде сфатен „тендициозно“

Време - 18.07.2006

ЗОШТО БУЧКОВСКИ НЕ БИЛ ВО ГАЛИЧНИК? Премиерот Бладо Бучковски, иако бил покровител на „Галичка свадба“, не присуствувал на манифестацијата, за неговото присуство да не се сфати „тенденциозно“, објаснуваат од неговиот кабинет.

Бучковски бара демократско прегласување

Дневник - 18.07.2006

Го предупредувам ВМРО-ДПМНЕ да нема илузии дека СДСМ мирно ќе гледа каква било промена на изборниот резултат во петтата изборна единица по прегласувањето, порача вчера лидерот на СДСМ, Владо Бучковски. Тој ги повика граѓаните утре да гласаат фер и демократски и да дадат придонес за во овие избори ...

Најдовски одби да закаже седница до 25 јули

А1 - 17.07.2006

Новоизбраното собрание ќе се конституира на 26 јули. Ова е се поизвесната опција, откако потпретседателот Најдовски, повикувајќи се на Уставот, одби да ја закаже седницата во терминот до 25 јули, прозван од партијата на Груевски.

Одговорноста на Бучковски табу-тема

Дневник - 17.07.2006

Во СДСМ се тактизира кој прв да го потегне прашањето за смена на лидерот Владо Бучковски, со оглед дека тој не покажал подготвеност сам да поднесе оставка по изборниот пораз Ќе има жестока битка за лидерската функција во СДСМ и покрај тврдењето дека претседателот Владо Бучковски нема да поднесе ...

Бучковски: Прегласувањето да не фрли сенка на добро спроведените избори

Канал5 - 17.07.2006

Претседателот на СДСМ и премиер Владо Бучковски денеска изјави дека е многу важно прегласувањето на некои избирачки места в среда да не фрли сенка на, како што рече, досега најдобро организираните и спроведени избори во Македонија.