TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Земјоделците креваат глас против неправедната распределба на земјата

А1 - 11.06.2006

Земјоделците креваат глас против неправедната распределба на земјата со која располага државата. Преку собирање десет илјади потписи ќе покажат дека моделот по кој се дели државната земја последниве две и пол години на терен земјоделците ги остави без земја, а илјадници хектари плодни ниви ...

Потписи за измена на моделот на распределба на земјата

А1 - 09.06.2006

Светиниколските земјоделци преку потписи ќе го менуваат моделот на распределба на државната земја, а на терен со стражи ќе ја бранат земјата од локалните феудалци. На земјоделците од Мустафино сега им се придружија и земјоделците од Ерџелија.

И земјоделците од Ерџелија протестираат поради поделбата на земјата

А1 - 08.06.2006

По бунтот на земјоделците од Свети Николско Мустафино, за неправедна распределба на државната земја се револтирани се приклучија земјоделците од соседното село Ерџелија. Директно го обвинуваат Шериф Мемети, одговорниот во министерството за земјоделство за распределбата на земјата, дека во срцето на ...

Земјоделците од Мустафино во одбрана на нивите

А1 - 07.06.2006

Со тракторите и со полициска придружба, земјоделците од Мустафино во одбрана на нивите од дивеењето на локалните моќници. Побараа државата која ги создаде беговите, доделувајќи им ја целата земја, да се разбуди и да ја врати земјата кај оние кои од само од неа живеат.

Тепачка за државно земјиште сред Овче Поле

А1 - 06.06.2006

Двегодишната битка на земјоделците од Мустафино за правилна распределба на државното земјиште денес кулминираше со уште една тепачка на сред Овче Поле. Скршени трактори, тројца повредени и паника помеѓу жителите на Мустафино, кои се обидоа да си ги ожнејат меѓусебно распределените површини со ...

За социјалците 1.300 хектари земја

Дневник - 05.06.2006

Министерството за земјоделство бесплатно ќе им даде на социјалците во Прилепско државно земјоделско земјиште по системот на плодоуживање. Идните земјоделци ќе добијат и еднократен надомест од 24.000 денари ако се регистрираат како вршители на земјоделската дејност.