TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Струмица и Гевгелија лебот нема да поскапе

Утрински - 15.01.2004

ОДЛУКА СТРУМИЦА - ГЕВГЕЛИЈА - Најголемиот производител на леб во Струмичкиот регион АД "Жито-Струмица" нема да ја покачи цената на лебот до крајот на март. "'Жито-Струмица' располага со доволни количества пченица до новата жетва и поради тоа нема да има покачување на цената на лебот и другите ...

Ќе се казнува вештачкото зголемување на цените на лебот

Дневник - 15.01.2004

ИМА ЛИ НЕДОСТИГ НА ПЧЕНИЦА ВО ЗЕМЈАВА Владата во 2002 година на 10 мелнички комбинати им отпишала побарувања од околу пет милиони евра за 40.000 тони пченица што ја позајмиле две години претходно Ако се утврди дека мелничарите самоволно и без причина ја зголемиле цената на лебот, Владата ќе преземе ...

Јакимовски најавува набавка на поевтина пченица

Утрински - 15.01.2004

ПРОЦЕНА По процена на новонастаната ситуација на пазарот на пченица и цената на лебот ќе се види дали Министерството за економија ќе интервенира на пазарот, најави министерот за економија, Стевчо Јакимовски. Проблемот со организирано обезбедување пченица, заради намалување на нејзината набавна ...

Во Струмица нема да се покачи цената на лебот

А1 - 14.01.2004

„Жито Струмица“ во своите силоси има доволно пченица и поради тоа нема да има покачување на цената на лебот и останатите пекарски производи, изјави денеска за А1 Милан Панов директор на „Жито Струмица“ најголем производител на леб во регионот.

Цената на лебот зависи од тоа дали пченицата е од Америка или Европа

А1 - 14.01.2004

Дали ќе има или не, ново зголемување на цените на лебот ќе зависи од тоа дали потребните количини увозна пченица ќе бидат набавени од Америка или од Европа. Пченицата од Америка одговара на сегашните пресметки за утврдување на цената на лебот како резултат на намалување на вредноста на доларот.

Цената на лебот се формира слободно

Утрински - 14.01.2004

Поскапување Претставниците на мелничко-пекарската индустрија може слободно да ја дефинираат цената на лебот, со оглед на тоа што станува збор за производ од пазарна категорија, велат во Министерството за економија. ?Владата нема ингеренции да интервенира и покрај актуелното поскапување на лебот во ...

Скопјани ќе јадат леб по стара цена

Дневник - 14.01.2004

ПО ПОСКАПУВАЊЕТО ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ Владата нема да се меша во одредувањето на цената на лебот Цената на лебот во Скопје нема да се зголеми. Поскапувањето на лебот во источниот дел на земјава е резултат на досегашната многу ниска цена од 17 денари за векна, за разлика од главниот град каде што ...

Лебот со нова цена во Делчево, Пехчево и Берово

А1 - 13.01.2004

Лебот, низ продавниците во Делчево, Берово и Пехчево денеска осамна со по две различни цени. Истиот полубел леб од 600 грама, каков што исклучиво се продава во овие градови, од денеска чини 20 и 25 денари зависно од производителот.

Цената на лебот зголемена за три денари

Утрински - 13.01.2004

Поскапување на основниот продукт во сите градови на Источна Македонија ШТИП - Од вчера над 200.000 жители од источниот регион во државава јадат леб поскап за три денари за парче. Цената е зголемена за 13 проценти. Овој потег беше договорен на состанокот на производителите на леб од Штип, Кочани, ...

Поскапе лебот во источна Македонија

А1 - 12.01.2004

Низ поголем дел на трговската мрежа на Штип, Кочани, Пробиштип и Виница денеска беше забележано поскапување на лебот од 20 до 40%. На некои места наместо старата цена од 17 денари лебот се продаваше по цена од 25 денари. „Ова е многу скапо“, реагираат граѓаните.