TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Собранието организира коктел по повод кандидатскиот статус

А1 - 18.12.2005

На приемот по повод добивањето на кандидатскиот статус на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ, треба да стартува во 19:30 минути, меѓутоа поради временските услови не е исклучена можноста дел од гостите да задоцнат.

Во Брисел беше крајно драматично

А1 - 17.12.2005

Атмосфера на потрошени нерви, пред се на клучните лидери Жак Ширак и Тони Блер. Драматична целата ситуација ја направи тоа што после 22 часот воопшто тие не излегоа до 2:30 по полноќ. Сите беа преморени, а новинарите останаа со интерни брифинзи на нивните земји, брифинзи на официјални претставници ...

Баросо: „Сега мораме да работиме“

А1 - 17.12.2005

Првиот човек на Европската комисија, Баросо, веднаш по прес-конференцијата кога беше објавена веста за Македонија, за А1 со изјава за неговиот став за кандидатскиот статус и порака - треба да се работи. „Ова е голем ден за Македонија.

Македонија доби статус кандидат за ЕУ

А1 - 17.12.2005

Македонија стана кандидат за ЕУ. Ова рано утрово после три часот го соопшти британскиот премиер Тони Блер, претседавач на Унијата, на прес-конференцијата веднаш после усвојувањето на буџетот, што се случи по исцрпувачка, маратонска дебата во која Франција и Британија ја водеа битката.

Оли Рен ја поздрави одлуката на европските лидери

А1 - 17.12.2005

Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, поздравувајќи ја одлуката за доделување на статус на кандидат за Македонија, рече дека Европската комисија ја предложила одлука, затоа што земјата тоа објективно го заслужува. Грчкиот премиер Костас Караманлис изрази задоволство од текстот на одлуката на ...

Судбината на Македонија спакувана во плик

Време - 17.12.2005

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ВОЈУВААТ ЗА БУЏЕТОТ НА УНИЈАТА Боби Христов, Наш известувач од Брисел Голем чекор напред беше постигнат вчера во Брисел со согласноста меѓу министрите за надворешни со амин и од Франција дека Македонија треба да го добие статусот земја-кандидат за членство во Европската Унија.

Кандидатурата заглави во расправата за буџетот

Утрински - 17.12.2005

Самитот на Европската унија за буџетот поминува во кавги и конфузија Може денес, може утре, а може и на друг самит- беше одговорот на францускиот портпарол за кандидатурата на Македонија Од наШиот известуваЧ Слободанка Јовановска Брисел - Вчера, во Брисел, во Европската унија имаше многу повеќе ...

Македонија на чекор до статус

Дневник - 17.12.2005

ДРАМАТИЧЕН САМИТ НА ЕУ Дипломатите во Брисел синоќа проценуваа дека европските лидери се блиску до компромис за буџетот, што е позитивен сигнал за македонската кандидатура Франција не го врзува кандидатски статус на Македонија со европскиот буџет.

ОЛИ РЕН ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА СО КОЈА МАКЕДОНИЈА ДОБИ СТАТУС НА ЗЕМЈА КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

Канал5 - 17.12.2005

Европскиот комесар за проширување на Европската унија Оли Рен ја поздрави синоќешната одлука на европските лидери со која на Македонија и е доделен статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Брисел, 17 декември (МИА) - Европскиот комесар за проширување на Европската унија Оли Рен ја поздрави ...

Лобирањата клучни за статусот

Вечер Прес - 17.12.2005

Македонскиот државен врв изминатите недели - секој по своја линија, трескавично лобираше низ европските центри и САД. Наспроти верификуваниот напредок во реформите и оценката од Европската комисија дека Македонија заслужува да добие кандидатски статус, јасно беше дека тој не може да се добие без ...

Што добива македонската економија со статусот кандидат?

А1 - 16.12.2005

Што добива македонската економија со статусот кандидат? Три еминентни професори на оваа тема за А1 со различни прогнози. Професорот Љубомир Кекеновски вели дека Македонија не ги победи сопствените слабости, но добива шанса. Ќарот е што под лупа на Европа ќе бидат трите клучни реформи - финансиските ...

Домашните експерти оптимисти за кандидатскиот статус

А1 - 16.12.2005

Ќе добиеме кандидатски статус - оптимистички се прогнозите на домашните експерти. Дури ако тоа не се случи вечерва не е трагично, велат тие. „Нашата позиција е многу јасна и многу чиста. Заклучокот од Европската комисија е многу јасен и мислам дека ние заслужуваме.

Сеуште без епилог за кандидатскиот статус на Македонија

А1 - 16.12.2005

Сеуште нема никаков епилог околу буџетот и нема одговор на прашањето - што со македонскиот кандидатски статус? Стискаме палци, тоа е последната изјава на Тони Блер, кој пред половина час најави нов предлог за буџетот. Може да се финансира економскиот развој на источните земји и фундаментално ...

Негативни последици за Грција ако Македонија не добие кандидатски статус

Време - 16.12.2005

СПОРЕД „КАТИМЕРИНИ“ Доделувањето статус земја-кандидат за членство во ЕУ на Македонија се сметаше за завршена работа се до моментот кога Франција преку својот министер за надворешни работи Филип Дуст-Блази не изрази голема резерва за понатамошно проширување на Унијата, пишува денеска „Катимерини“, ...

Македонија паричка за кусур

Вест - 16.12.2005

ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ЕУ ДА ДАДЕ КАНДИДАТСКИ СТАТУС Македонија ќе добие статус на земја кандидат, но не и конкретен датум за да ги почне преговорите за членство и ќе се соочи со најтешките услови досега што ќе треба да ги исполни една земја Речиси е 100 процентно сигурно дека Македонија денеска ќе го ...

Кандидатура - да, ако помине буџетот

Време - 16.12.2005

САМИТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО БРИСЕЛ Боби Христов Наш известувач од Брисел Франција ќе ја поддржи македонската кандидатура, но само ако се постигне согласност за новиот европски буџет е компромисот на францускиот претседател Жак Ширак, потврдија дипломатски извори во Брисел пред синоќешниот почеток ...

Нема причини Македонија да не добие кандидатски статус

Утрински - 16.12.2005

Британски гледања на Самитот на Европската унија Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Останувајќи до крај во својата поддршка спрема Македонија околу добивањето статус на земја-кандидат веќе на овој самит на Европската унија, Британија како претседавач ги употреби сите аргументи кои се на ...

Македонија направи се што бараше ЕУ

Утрински - 16.12.2005

Николас Вајт, експерт за Балканот, за драмата околу кандидатскиот статус Одложувањето би било од погрешни причини Слободанка Јовановска Господине Вајт, зошто ЕУ треба да Ј даде на Македонија статус на кандидат? Ние сў уште би биле во почетокот од интеграцијата и, според новите правила во ЕУ, ...

Бусек: Ќе добиете кандидатски статус, но не и датум за преговори!

Утрински - 16.12.2005

Порака Ќе го добиете кандидатскиот статус за ЕУ, но не и датум за отворање преговори во моментов. Подгответе се и бидете сў подобри и порача на Македонија, координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек, кој вчера на оваа тема одржа предавање на Политичката академија, која ја организираше ...

Македонија ќе биде кандидат за ЕУ

Утрински - 16.12.2005

Лидерите на ЕУ синоќа расправаа за нашата земја. Француската тврда линија околу проширувањето попушта Според Брисел, ќе добиеме најтешки услови за започнување преговори за членство Од нашиот известувач СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА БРИСЕЛ - Францускиот претседател Жак Ширак дојде вчера во Брисел на Самитот ...

Ширак ќе "падне" на компромисот за Македонија?

Дневник - 16.12.2005

САМИТ НА ЕУ ВО БРИСЕЛ Амбасадорите на ЕУ, вклучувајќи го и претставникот на Франција, во средата вечерта успеаја да дојдат до компромис според кој, денеска на самитот на ЕУ на Македонија треба да и се додели статус на земја-кандидатка за членство.

Славјето на скопскиот плоштад е во рацете на Ширак

Канал5 - 16.12.2005

Во пресрет на одлуката од Брисел македонскиот државен врв манифестира единство - во кабинетот на претседателот Црвенковски се разменуваа последните информации и очекувања од министерскиот состанок. Во пресрет на одлуката од Брисел македонскиот државен врв манифестира единство - во кабинетот на ...

Македонија станува кандидат за ЕУ?

Вечер Прес - 16.12.2005

Македонија денес ќе го добие кандидатскиот статус за ЕУ, оценуваат министрите за надворешни работи на повеќе земји членки на Унијата. "Сметам дека Европскиот совет ќе се изјасни за поддршка на давањето кандидатски статус за Македонија", изјави вчера германскиот министер за надворешни работи ...

„Да“ за кандидатскиот статус на Македонија

А1 - 15.12.2005

Атмосферата во Брисел е тензична, на раб на експлозија. Дали Жак Ширак ќе стави вето против Македонија или ќе го чека епилогот од буџетот. Во меѓувреме поддршка за Македонија и кандидатскиот статус доаѓа постојано. Синоќа било кажано цврсто „да“ за кандидатскиот статус на Македонија на ...

Македонската кандидатура во рацете на Ширак

Време - 15.12.2005

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА САМИТОТ НА ЕУ ВО БРИСЕЛ Боби Христов Нови пораки на воздржаност за македонската кандидатура доаѓаат од Франција во пресрет на Самитот на ЕУ, кој почнува попладнево во Брисел. Во дебата во францускиот парламент, францускиот премиер Доминик де Виплен порачал дека ЕУ нема капацитет за ...

Црвенковски бара од Ширак да не не изневери

Утрински - 15.12.2005

Лидерите на Европската унија на денешниот или утрешниот собир ќе пресечат за кандидатскиот статус на Македонија Скопје во трескавични обиди за барање поддршка низ Европа Слободанка Јовановска Претседателот Бранко Црвенковски вчера, во пет до дванаесет, испрати писмо до францускиот лидер Жак Ширак ...

Македонија го заслужи кандидатскиот статус

Утрински - 15.12.2005

Обраќање на шефот на државата до францускиот претседател Претседателот Бранко Црвенковски е оптимист дека Македонија в петок ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Во пресрет на самиот на Европскиот совет тој испрати писмо до францускиот претседател Жак Ширак за аргументите што одат во ...

Власта и опозицијата во љубовна идила во Маврово

Утрински - 15.12.2005

Македонската агенда 2006 тема на тркалезна маса Власта и опозицијата единствени во барањето Македонија да добие кандидатски статус Патот на Македонија до евроинтеграциите и парламентарните избори во наредната година беа тема на дводневна тркалезна маса во Маврово организирана од швајцарската ...

Кандидатски статус сега, преговори некогаш

Дневник - 15.12.2005

ЕВРОПА БАРА КОМПРОМИС ЗА МАКЕДОНИЈА Франција бара од британскиот европски претседавач да најде соодветна формулација со која доделувањето на кандидатски статус на Македонија ќе се одвои од почетокот на преговорите за членство и од поширокиот контекст на понатамошното проширување, изјави во ...

Ни треба поддршка од Франција

Дневник - 15.12.2005

ЦРВЕНКОВСКИ МУ ПРАТИ ПИСМО НА ШИРАК Сосема ги разбирам проблемите со кои се соочува Европската Унија. Меѓутоа, сум уверен дека доделувањето на кандидатскиот статус на Република Македонија ќе биде победа на Европа, победа на една упорна, доследна и, пред се, успешна европска политика.

Опозицијата ја утеши Владата

Дневник - 15.12.2005

ТРИБИНА ВО МАВРОВО Независно каков ќе биде одговорот на ЕУ за кандидатскиот статус, Македонија треба да продолжи со реформите, кои се неопходни за нашето приближување кон Европа, заклучија претставниците на владејачките и на опозициските партии на вчерашната трибина во Маврово, чиј покровител беше ...

“Катимерини”: Негативни последици по Грција ако Македонија не добие кандидатски статус

Канал5 - 15.12.2005

Доделувањето статус земја-кандидат за членство во ЕУ на Македонија се сметаше за завршена работа се до моментот кога Франција преку својот министер за надворешни работи Филип Дуст-Блази не изрази голема резерва за понатамошно проширување на Унијата, пишува денеска “Катимерини”.

Македонија со статус кандидат за ЕУ, стои во нацрт заклучоците на Самитот

Канал5 - 15.12.2005

Лидерите на Европската Унија се очекува на Македонија да и доделат статус на кандидат за полноправна членка на дводневниот самит што започнува денеска, јавија западните агенции, наведувајќи оти тоа се наведува во нацртот заклучоци што треба да се усвојат на самитот.

Бусек и Кнаус се оптимисти за македонскиот кандидатски статус

Канал5 - 15.12.2005

Ерхард Бусек од Пактот за стабилност, голем оптимист за македонскиот кандидатски статус. Франција го искористи вашето прашање за да го преиспита начинот на кој се врши проширувањето, вели Бусек, но вие ќе го добиете кандидатскиот статус, без датум за преговори.

КАКО СЕ РАСПОЛОЖЕНИ ГРАЃАНИТЕ ЗА КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС?

Канал5 - 15.12.2005

Граѓаните се оптимисти дека Македонија на европскиот самит ќе го добие статусот земја кандидат за членка на Европската Унија. Повеќето мислат дека домашната задача која ни ја одредил Брисел е одработена . Граѓаните се оптимисти дека Македонија на европскиот самит ќе го добие статусот земја кандидат ...

Сите патишта водат кон Ширак

Вечер Прес - 15.12.2005

Македонскиот државен врв вчера ги вжешти телефоните од лобирање во Брисел и низ европските престолнини, во последен обид да издејствува кандидатски статус на денешниот Самит на Европската Унија. Македонската поштенско-телеграфска активност главно беше насочена - директно и индиректно кон ...

Црвенковски со писмо бара поддршка од Ширак

А1 - 14.12.2005

Македонија ги прави последните обиди да ги разубеди Французите. Претседателот Црвенковски утринава испрати писмо до Жак Ширак во кое ја бара неговата поддршка пред претстојниот самит на Европскиот совет. „Улогата и значењето на Франција, но и вашиот личен придонес, Претседателе, се неодвоив дел од ...

ЕУ ќе погреши ако не остави во карантин

Време - 14.12.2005

СТУДЕНИОТ ТУШ ОД ФРАНЦИЈА НАИДУВА НА „ЖИЛАВ“ ОПТИМИЗАМ Боби Христов Ладниот туш од Франција, која се спротивстави на Македонија да и се даде статусот земја-кандидат за членка на ЕУ, не го олади оптимизмот кај водечките државни и партиски структури во Македонија.

Брисел не сака Македонија да биде колатерална штета

Утрински - 14.12.2005

Евродипломатите во потрага по формулација со која францускиот претседател Жак Ширак може да ја потврди македонската кандидатура Во седиштето на ЕУ дипломатите вчера избегнуваа да бидат било оптимисти било песимисти за македонската кандидатура Специјално за "утрински весник" Светлана Јовановска ...

Власта во Скопје го чека самитот на европските лидери

Утрински - 14.12.2005

Македонскиот државен врв внимателен во оцените по Министерскиот состанок во Брисел Слободанка Јовановска Македонските државни функционери занемеа по најавата од Брисел дека е под прашалник кандидатскиот статус на земјата, реагирајќи со ретки штури коментари и преферирајќи да не се појават во ...

С' уште има надеж

Дневник - 14.12.2005

РЕАКЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ Македонија се уште е оптимист дека на Самитот на ЕУ в четврток и в петок, во Брисел ќе го добие кандидатскиот статус и покрај инсистирањата на Франција дека сега не е момент за тоа. Ставот на државниот врв е дека Македонија се уште има шанси, а на позитивен исход ...

Париз одигра за Белград

Дневник - 14.12.2005

АНАЛИЗИ И ШПЕКУЛАЦИИ ЗА МИНИСТЕРСКИОТ СОВЕТ Додека македонската и европската јавност очекуваат утре на европскиот самит во Брисел да се тргне маглата и да се види дали Македонија ќе го добие статусот на земја-кандидатка за членство, во политичките кругови во европските престолнини врие од ...

Француската поддршка е неопходна

Канал5 - 14.12.2005

Поддршката на Франција ни е потребна повеќе од кога било порано, ова е дел од писмото кое претседателот Црвенковски му го испрати на својот француски колега Жак Ширак, ден пред Самитот на Унијата. Поддршката на Франција ни е потребна повеќе од кога било порано, ова е дел од писмото кое ...

Жртва на европскиот ќор-сокак

Вечер Прес - 14.12.2005

Македонија може да стане првата жртва на ќор-сокакот во кој западна Европската унија поради буџетот. Ова би бил логичниот заклучок по епилогот на завчерашниот министерски состанок во Брисел на кој Франција се противстави на македонскиот кандидатски статус.

Фуере се надева дека Македонија ќе добие кандидатски статус

А1 - 13.12.2005

Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на мисијата на Европската комисија Ерван Фуере се уште се надева дека Македонија в четврток ќе добие статус на земја-кандидат за членство во Унијата. Како што изјави на денешното потпишување на Спогодбата на Европската агенција за реконструкција со ...

Шеќеринска ќе напаѓа со аргументи на самитот на Унијата

А1 - 13.12.2005

И покрај лошите вести од Брисел, во Македонија умерен оптимизам. Вицепремиерката Шеќеринска сеуште очекува македонските аргументи да дојдат до израз на самитот на Унијата. Не ги коментира информациите за француско-српски сценарија, но најави дека Владата ќе ги анализира сите влијание кои и ...

Како да се поправи француското „не“ за добивање статус кандидат?

А1 - 13.12.2005

Како да се поправи француската штета направена вчера на министерскиот совет, кога одби да и даде на Македонија препорака за кандидатскиот статус. Сега се е во рацете на Жак Ширак, кој го држи клучот за Македонија на самитот. Доколку британскиот Премиер направи компромис за буџетот, може многу лесно ...

„Фигаро“: Скопје стравува од француско „не“

Време - 13.12.2005

Одлуката за кандидатскиот статус на Македонија ќе биде симболична, но симболиката тука е многу важна и тоа што Македонците сега силно го сакаат е признание - оценува во вчерашниот текст за Македонија, францускиот дневен весник „Фигаро“.

Министрите ја префрлија Македонија на лидерите

Време - 13.12.2005

БРИСЕЛ ВЧЕРА НЕ ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ ЗА КАНДИДАТСКИ СТАТУС НА ЗЕМЈАВА Боби Христов Министрите за надворешни работи на Европската Унија вчера не се согласија за поддршка на кандидатскиот статус на Македонија, поради противењето на Франција и одлуката им ја препуштија на лидерите на земјите членки на ...

Француски бакнеж за Илинка

Вест - 13.12.2005

ОФИЦИЈАЛЕН ПАРИЗ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС ЗА МАКЕДОНИЈА Новинската агенција "Ројтерс" од Брисел јави дека Франција го блокирала решението да се предложи на Советот Македонија да добие статус на кандидат за членство, а министерот за надворешни работи на Франција Филип Дуст - Блази рекол ...

Ширак треба да одлучи дали Париз ќе биде остане против

Утрински - 13.12.2005

Како Франција го објаснува противењето за кандидатскиот статус на Македонија Во Ке Дорсе тврдат дека Францијас не е против кандидатурата на Македонија, туку е само резервирана Од наШиот дописник Тони ГламЧевски Нанси - Францускиот министер за надворешни работи, Филип Дуст-Блази, на Министерскиот ...

Македонија пак за поткусурување!

Утрински - 13.12.2005

На Министерскиот состанок на ЕУ Франција беше против македонската кандидатура, останува да пресечат лидерите в четврток Франција вчера ја блокираше одлуката за давање кандидатски статус на Македонија, но дефинитивно не ги закопа шансите да се случи тоа, бидејќи крајниот збор ќе го кажат лидерите на ...

ЕУ не смрзна

Дневник - 13.12.2005

ПАРИЗ И ЛОНДОН СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА Министрите за надворешни работи на ЕУ на својата вчерашна средба не успеаја да се согласат за кандидатскиот статус на Македонија и одлучија предметот да им го проследат на своите лидери, кои во Брисел се состануваат во четврток и в петок.

Државниот врв не губи надеж - Македонија на самитот ќе го добиела кандидатскиот статус

Канал5 - 13.12.2005

Државниот врв не губи надеж - Македонија на самитот ќе го добиела кандидатскиот статус. Од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски со изјава - „се надеваме дека проблемите во Eвропската унија поврзани со донесувањето на буџетот, кои очигледно имаат импликации на одлуката ќе се надминат и на ...

Париз е осамен во противењето уште една земја сега да стане кандидат

Канал5 - 13.12.2005

Францускиот претседател Жак Ширак ќе реши дали на самитот на Унијата за два дена Македонија ќе добие кандитатски статус. Париз е осамен во противењето уште една земја сега да стане кандидат. Тоа го манифестираше на вчерашниот министерски состанок во Брисел.

Франција против кандидатскиот статус на Македонија

А1 - 12.12.2005

Очекуван расплет. Франција ја порази Македонија. И кажа тврдо „не“ за статусот кандидат на Унијата на Советот на министри за надворешни преку шефот на француската дипломатија Филип Дуст Блази, кој суво го лоцираше француското одбивање.

Македонија чека сигнали за кандидатскиот статус

Време - 12.12.2005

ДО САМИТОТ НА ЕУ Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска треба да решат дали одлуката за доделување кандидатски статус на Македонија ќе се најде на дневниот ред на самитот на Унијата в четврток и в петок.

Денеска се решава за кандидатурата

Утрински - 12.12.2005

Европските министри во Брисел ќе го решаваат Гордиевиот јазол околу Македонија Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска во Брисел треба да ја разрешат дилемата ќе се најде ли Македонија или не на дневниот ред на самитот закажан за крајот на неделава.

На менито во Брисел "македонска салата"

Дневник - 12.12.2005

ДЕНЕСКА МИНИСТЕРСКИ СОВЕТ Македонија денеска е една од најзначајните точки на дневниот ред на министрите за надворешни работи на ЕУ кои во Брисел се обидуваат да расчистат што е можно повеќе терен за самитот на нивните лидери.

Министрите на Европската унија не одобрија статус за Македонија

Канал5 - 12.12.2005

Во Унијата засега нема согласност Македонија да добие кандидатски статус во декември. На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите – членки денеска во Брисел не беше одобрена македонската кандидатура. Се спротивставила само Франција.

„Фигаро“: Иако одлуката за кандидатскиот статус на Македонија ќе биде симболична таа е осбено важна

Канал5 - 12.12.2005

Одлуката за кандидатскиот статус на Македонија ќе биде симболична. Но, симболиката тука е многу важна. И тоа што Македонците сега силно го сакаат е признание. Одлуката за кандидатскиот статус на Македонија ќе биде симболична. Но, симболиката тука е многу важна.

ЕУ денеска решава за Македонија

Вечер Прес - 12.12.2005

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе ја разгледаат препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Македонија. Но, тие немаат мандат да донесат таква одлука, така што, во случај да постигнат консензус околу ова прашање, одлуката ќе треба да ја ...