TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Острени на митинг во Тетово

А1 - 11.04.2004

„Претседателот на државата и како единка и како институција има надлежност да го следи и иницира имплементирањето на Рамковниот договор“, рече вечерва во Тетово претседателсот кандидат на Демократската унија за интеграција Гзим Острени.

Острени сака да ги урне предрасудите за избор на претседател по национална основа

А1 - 10.04.2004

Динамична личност која е постојано во акција вака себеси се опишува шеесет и двегодишниот претседателски кандидат на ДУИ Гзим Острени. Ведар и шеговит - при средбата со него, за случајно скршената шолја за кафе од страна на еден член од неговиот изборен штаб рече наздравје, добро е што не е ...

Г’зим Острени се претстави пред Гостиварчани

А1 - 10.04.2004

На денешниот митинг пред Гостиварчани кандидатот на ДУИ Г“зим Острени ја претстави својата платформа на овие избори, а се осврна и на 18-те месеци учество во власта на ДУИ. „ДУИ со ваша доверба успеа за 18 месеци да го легализира тетовскиот универзитет и од тука од ова место ви го честитам тој ...

За доброто на Г'зим, ќе се навикнам и на медиумите

Вест - 10.04.2004

ЖЕНИТЕ НА СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ- Г'ЗИМ ОСТРЕНИ Пензионираната Вебие Острени, сопруга на кандидатот на ДУИ Г'зим Острени, се грижи за куќата, но главна преокупација и се внуците Главна преокупација на госпоѓа Вебие Острени, сопруга на кандидатот за претседател од ДУИ Г'зим Острени, се ...

За држава со развиена демократија

Време - 10.04.2004

ОСТРЕНИ ВО ОХРИД И СТРУГА ДУИ се залага за обезбедување хармонизација меѓу етничките заедници, поголема сигурност, соживот, доследно реализирање на охридскиот договор и за држава со развиена демократија - рече претседателскиот кандидат на ДУИ, Гзим Острени, завчера во Охрид и во Струга.

Три претседателски циклуси во самостојна Македонија

Утрински - 10.04.2004

РЕТРО Претседателските избори кои ќе се одржат на 14 април се третиот непосреден циклус во самостојна Македонија. Ова се предвремени избори по смртта на претседателот Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа на 26 февруари годинава.

Кандидатите ги откриваат последните адути пред избирачите

Утрински - 10.04.2004

Последните три дена од изборната кампања на четворицата репрезенти се совпаднаа со Велигден КАТИЦА ЧАНГОВА За четворицата претседателски кандидати кои ќе си ја одмерат својата моќ и популарноста пред гласачкото тело на Македонија на 14 април, кога ќе се одржи првиот изборен круг, кампањата што се ...

Острени: Да станеме држава на рамноправни граѓани

Утрински - 10.04.2004

Кандидатот на ДУИ во Житоше, Дебрешта, Лажани и во Црнилиште Во рамките на предизборната кампања, претседателскиот кандидат на ДУИ, Гзим Острени, одржа митинг во Житоше. "Ако ја добијам вашата доверба како претседател на Република Македонија, ќе ја извршувам функцијата според Уставот и законите, ...

За Острени рамковниот е најважната домашна задача

Дневник - 10.04.2004

ДУИ ВО ЖИТОШЕ, ПРИЛЕПСКО Рамковниот договор е најважната домашна задача за Македонија затоа што неговото спроведување е влезница за НАТО и за ЕУ, истакна претседателскиот кандидат на Демократската унија за интеграција, Гзим Острени, на завчерашниот митинг во прилепското село Житоше.

Се движиме во правилна насока

Дневник - 10.04.2004

ГЗИМ ОСТРЕНИ, КАНДИДАТ НА ДУИ И ПДП Претседателскиот кандидат на ДУИ, Гзим Острени, оценува дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО оди во правилна насока и дека нејзината меѓународната позиција секојдневно, чекор по чекор, се подобрува.

Острени: „Успеавме да им го вратиме достоинството граѓаните“

А1 - 09.04.2004

Иако неодамна излеговме од војна успеавме да им го вратиме достоинството граѓаните, ги хармонизиравме односите на живеењето и луѓето сега се чувствуваат безбедни, им се обрати денеска на Кичевчани претседателскиот кандидат на ДУИ Гзим Острени.

Ние треба да водиме сметка за нашата држава

Време - 09.04.2004

ГЗИМ ОСТРЕНИ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ДУИ Емил Зафировски Гзим Острени, претседателскиот кандидат на Демократската унија за интеграција, за себе вели дека е само еден обичен старец што никогаш не можел да поднесе неправда.

Претседателот на државата не мора да биде Македонец

Утрински - 09.04.2004

Гзим Острени, претседателски кандидат на ДУИ, за својата платформа, за очекувањата Не сум за брзо решавање на отворените прашања, туку за добри процени и донесување правилни одлуки за тие да бидат трајни ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Господине Острени, ДУИ Ве промовираше како претседателски кандидат, кои се ...

Државотворноста на Албанците ја покажавме во многу области

Утрински - 09.04.2004

Претседателската кампања Гзим Острени ја продолжи во Струга ОХРИД - Ви ветивме дека ќе го реализираме Рамковниот договор и тоа го правиме. Ја покажавме државотворноста на Албанците во многу области и успеавме да го вратиме вашето и достоинството на хероите од историјата - порача прексиноќа од ...

Војникот стана политичар

Утрински - 09.04.2004

Профил Гзим Острени е највозрасниот претседателски кандидат со најсериозна војничка репутација и, веројатно, со најодмерен политички настап. Острени е пратеник во македонскиот парламент, роден е во Дебар во 1942 година, женет е, татко на две деца, ќерка и син, а има и пет внучиња.

Острени вети еднаквост на сите граѓани

Дневник - 09.04.2004

ДУИ ВО СТРУГА И ВО ОХРИД За една и пол година, колку што е ДУИ во власта, голем дел од рамковниот договор е реализиран. Го легализиравме тетовскиот универзитет, успеавме да го вратиме достоинството на албанските херои и со тоа ја докажавме државотворноста на албанскиот народ, рече претседателскиот ...

Острени на митинг во Житоште

А1 - 08.04.2004

Добра надворешна политика, доследна примена на Охридскиот договор, кој за Македонија е најважната домашна задача, сигурен пат во НАТО и Европската заедница се главните заложби на претседателскиот кандидат на ДУИ Г’зим Острени изнесени на митингот во општината Житоште.

Острени вети достојно извршување на претседателската функција

Време - 08.04.2004

ДУИ ВО ЛИПКОВСКО Ако победам на изборите, достојно ќе ја извршувам функцијата претседател на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, рече претседателскиот кандидат на ДУИ Гзим Острени, при средбите со жителите на повеќе липковски села.

Острени порача дека никој не смее да е над законот

Утрински - 08.04.2004

Претседателскиот кандидат на ДУИ во Охрид и во Струга ОХРИД - "Ви нудам слобода и еднаквост и никој не смее да е над законот. Ви бараме глас да ги реализираме обврските од Охридскиот договор. Ние ја реализиравме идејата за легализација на тетовскиот универзитет.

Острени вети дека ќе се залага за доброто на сите граѓани

А1 - 07.04.2004

По само една и пол година откога ДУИ дојде на власт направивме многу за реализација за Охридскиот договор, го легализиравме Тетовскиот универзитет, изградивме 22 нови училишта, ја докажавме државотворноста на Албанскиот народ во многу области, успеавме да ви го вратиме достоинството вам и народните ...

ДУИ ќе продолжи да го спроведува охридскиот договор

Време - 07.04.2004

ОСТРЕНИ ВО ЛИПКОВСКО Претседателскиот кандидат на ДУИ, Гзим Острени, вчера ги обиколи селата во кумановско-липковскиот регион и ги повика граѓаните да гласаат за него на претстојните избори. Острени ги повтори ставовите дека ДУИ ќе се залага за рамноправна застапеност на Албанците во државните ...

Карванот на ДУИ во Липковско пречекан со воодушевување

Утрински - 07.04.2004

Гзим Острени и Али Ахмети вчера обиколија десетина села во Липковскиот регион КУМАНОВО - Во рамките на предизборната кампања, вчера кандидатот за претседател на ДУИ, Гзим Острени, во придружба на лидерот Али Ахмети, обиколи десетина села во Липковскиот регион, меѓу кои и Ваксинце, Лојане, Слупчане ...

Гзим Острени е за капитал од дијаспората

Дневник - 07.04.2004

ДУИ ВО ЛИПКОВСКО Ние се залагаме за што побро обединување во ЕУ и во НАТО, за привлекување странски инвестиции, но и капитал од нашите луѓе во дијаспората, рече Гзим Острени, претседателски кандидат на Демократската унија за интеграција на вчерашниот митинг во Липковско.

И Острени и Џелили на митинзи во кумановско

А1 - 06.04.2004

Претседателскиот кандидат на ДУИ Г’зим Острени на денешната средба со граѓаните во кумановско липковскиот регион потенцираше дека само со колективно помирување Македонија ќе оди напред. „Гласот за мене е само уште една поддршка за целосна имплементација на Охридскиот договор, зацрвстување на мирот ...

Иднината е во соживотот и толеранцијата

Време - 06.04.2004

ОСТРЕНИ ВО КУМАНОВО Иднината на земјава е во меѓусебната толеранција и соработка, а не во меѓуетнички или други поделби, рече Гзим Острени, претседателскиот кандидат на ДУИ, на предизборниот митинг во Куманово. Пред неколку стотици членови и симпатизери во Домот на културата, Острени нагласи дека ...

За доследно спроведување на охридскиот договор

Време - 06.04.2004

МИТИНГ НА ДУИ ВО АРАЧИНОВО Рамковниот договор е основа за демократија, правда и за еднаквост за сите што живеат во Македонија. Доколку бидам избран за претседател, ќе се залагам договорот да се спроведе доследно, рече Гзим Острени, претседателски кандидат на ДУИ, на митингот во Арачиново во ...

Острени: Се залагаме за мир, а тие се за војна во Македонија

Утрински - 06.04.2004

Претседателскиот кандидат на ДУИ вчера престојуваше во Куманово КУМАНОВО - Серијата предизборни митинзи за промоција на претседател во Куманово вчера ја отвори кандидатот на ДУИ Гзим Острени. На митингот што се одржа во големата сала на Домот на културата му претходеше неколкучасовна манифестација ...

Острени залепен врз Кедев

Утрински - 06.04.2004

Политички игри во екот на претседателската кампања Вчераутро на два билборда во Скопје врз веќе поставени плакати на паноата на ?Еуролинија" осамнаа нови на претседателскиот кандидат на ДУИ, Гзим Острени. На еден од биолбордите, лоциран токму на семафорот пред улицата ?Цветан Димов°, над големиот ...

Се вжештуваат партиските дуели

Дневник - 06.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2004 Опозицијата вели дека ни е потребно ново лице, нов почеток. Тој почеток го почувствувавме од 1998 до 2002 година. Добивме држава за која не се знаеше дали е во мир или во војна, раскарана со светот, со уништена економија и со повеќе од 370 илјади невработени, рече Бранко ...

Острени за мултиетничка војска

Дневник - 06.04.2004

ДУИ ВО КУМАНОВО Демократската унија за интеграција ќе бара да се донесе закон за воените инвалиди од војната во 2001 година, изјави вчера Гзим Острени, претседателски кандидат на оваа партија, на митингот во Куманово. Тој рече дека се формира фонд за семејствата на загинатите и оти Албанската унија ...

Војната во 2001, главна тема на митингот на ДУИ во Куманово

А1 - 05.04.2004

Војната во 2001 година, и придобивките за Албанците од неа беа главните поенти од денешниот митинг на ДУИ во Куманово. Со војната Албанците се здобија со правата за кои се бореа, станаа државотворен народ. Иако Рамковниот договор се остварува бавно, ДУИ ќе го оствари до последната точка наведена во ...

Острени: Рамковниот договор - инвестиција за иднината

Време - 05.04.2004

ДУИ ВО ГОСТИВАР И ВО ДЕБАР Повеќеетничка држава, целосно остварување на рамковниот договор, хармонија во меѓунационалните односи, регионална и евроатлантска интеграција на Македонија, се приоритетите во програмата што Гзим Острени, претседателскиот кандидат на ДУИ, ја претстави викендов во Гостивар ...

Острени вети зацврстување на меѓуетничката доверба

Утрински - 05.04.2004

Предизборен митинг на кандидатот на ДУИ во Дебар Претседателскиот кандидат на ДУИ, Гзим Острени вчера својата камапања ја продолжи во Сарај, Чаир, Студеничани и Ченто. Ден пред тоа тој пред своите сограѓани-дебрани, вети зацврстување на меѓуетничката доверба, развој на децентрализираната локална ...