TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скопските амбуланти се преполни од болни.. Дежурната екипа во поликлиниката Идадија вели дека најмногу помош бараат ...

Канал5 - 13.02.2005

Состојбата со грипот засега не е алармантна. Бројката на болни од грип не е висока.. Голем е бројот и на респираторните инфекции, претежно кај децата, велат лекарите.. До петокот бројот на регистрирани и пријавени случаи на болни од грип во републич Состојбата со грипот засега не е алармантна.

Најмногу грипозни во Прилеп

Вест - 12.02.2005

БРОЈКАТА НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ДОСТИГНА 7. 254 ЛИЦА Во Скопје бројот на заболените од грип опаѓа Републичкиот завод за здравствена заштита, вчера соопшти дека заклучно со десетти февруари евидентирани се вкупно 7. 254 заболени од грип. Само вчера се евидентирани вкупно 1.

Во Дебар надвор од настава 2.200 ученици

Утрински - 12.02.2005

Грипот ги десеткува училиштата ДЕБАР - Поларните студови кои изминатите денови владеат во подрачјето на Дебар и Центар Жупа, масовната појава на настинки и вирози условија надвор од настава во петте основни училишта и дебарската гимназија “Здравко Чочкоски° да се најдат над 2.200 ученици.

Грипот ги десеткува и наставниците

Дневник - 12.02.2005

ПОЛУПРАЗНИ УЧИЛНИЦИ Скопските основни училишта "Љубен Лапе" и "Кочо Рацин" вчера беа полупразни поради отсуство на голем број од учениците поради грипот. Во осмите одделенија во "Кочо Рацин" имаше само по десетина ученици, а основците велат дека така било цела недела.

Прекината наставата во некои дебарски училишта поради грип

А1 - 11.02.2005

Дебарските основни училиштата „Братство-единство“ и „Саит Најдени“, поради големиот број на деца заболени од грип, не работат. Вака самоволно одлучила управата на основните училишта, поради отсуството на голем број на ученици, но без дозвола на Министерството за образование.

Во Косово прогласена епидемија на грип

А1 - 11.02.2005

Националниот Институт за здравство на Косово вчера прогласи епидемија на грип во таа покраина, бидејќи речиси 10 илјади лица се заразени со вирусот на грип „Приштина“. Директорот на Институтот Јусуф Дедашај изјави дека во текот на првата недела на февруари од грип се заразени голем број граѓани, ...

Дневно по 1.000 новозаболени

Време - 11.02.2005

ГРИПОТ БРЗО СЕ ШИРИ Нови 1.102 заразени од грип вчера биле регистрирани во Републичкиот завод за здравствена заштита, така што вкупниот број на заболените се искачи на 6.111. Со тоа се потврдуваат предвидувањата на епидемиолозите од Заводот дека Македонија допрва ќе ја погоди бран на грип од типот ...

Грипот легнува по 200 прилепчани дневно

Утрински - 11.02.2005

На Прилеп му се заканува епидемија. Заболени 1.800 лица, главно, ученици Вирусот се шири прогресивно и следниве денови може да се очекува бројот на заболени да биде уште поголем ПРИЛЕП - Заклучно со вчера во Медицинскиот центар во Прилеп се регистрирани 1.800 случаи заболени од грип.

Според Положани, нема основа за прекин на наставата поради грипот

Утрински - 11.02.2005

Министерот за образование го соопшти ставот на Владата Според податоците за бројот на заболените што секојдневно ги следиме, засега нема основа за прогласување епидемија на грип и за целосен прекин на наставата во училиштата.

Јакни ја спасуваат наставата

Дневник - 11.02.2005

ПРОБЛЕМИ СО ЗАТОПЛУВАЊЕТО ВО ОСМОЛЕТКИТЕ Поради дефект на парните котли, повеќе од 800 ученици во основното училиште "Кузман Шапкарев" во скопската населба Драчево вчера не беа на настава. Родители тврдат дека во училиштето неколку дена немало затоплување, а учениците следеле настава со скратени ...

Отсутни од настава 1.600 деца

Дневник - 11.02.2005

ВЕЛЕС Околу 1.600 деца од Велес не посетуваат настава, а регистрираниот број на заболените од грип е петпати помал, покажуваат податоците од Заводот за здравствена заштита. - Регистрирани се 470 заболени од грип, а од нив околу 300 се ученици - изјави д-р Билјана Трајкова од Заводот за здравствена ...

Грипот легна 6.111 лица

Дневник - 11.02.2005

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ Бројот на заболени од грип во земјава се зголемува и до вчера биле пријавени 6.111 случаи. Најмногу грипозни - 1.176, има во Прилепско, 1.641 во Скопје и 900 во Велес. Само за еден ден во заводите за здравствена заштита се регистрирани околу 2.000 нови заболени.

Поради грипот прекината училишната настава во Дебар во двете основни училишта

Канал5 - 11.02.2005

Училишната настава во Дебар е прекината .Одлуката за прекин на наставниот процес во двете основни училишта Братство Единство и Саит Најдени е поради зголемениот број на заболени деца од грип. Според директорот на училиштето Братство Единство Неџбедин И Училишната настава во Дебар е прекината ...

Училиштата ќе продолжат да работат

А1 - 10.02.2005

Ниту поради грипот, ниту поради ниските температури училиштата нема да ја прекинат наставата, вели министерот за образование, Азис Положани. За целосно одвивање на наставата, министерот им препушти на училиштата сами да ја организираат наставата, онака како тие мислат.

Учениците од Тефејуз на настава со капа и шал

А1 - 10.02.2005

Со капа и шал на час. Поради ниските температури ова е единствениот услов за основците од училиштето Тефејуз да присуствуваат на настава. Греење скоро и да нема, а наставата се одвива на температура од неколку степени над нулата.

„Џабе ни е се, грипот е веќе меѓу народот“

Време - 10.02.2005

ПРВО БЕШЕ РАНО, А СЕГА Е ДОЦНА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА Сега нема никаква корист ако учениците вонредно се вакцинираат или, пак, ако се затворат училиштата за седум дена - грипот е веќе меѓу народот и повеќе не може да се спречи.

Најмногу грипосани учениците

Вест - 10.02.2005

ВО РЗЗЗ РЕГИСТРИРАНИ 4.516 БОЛНИ ОД ГРИП Зголемување на бројот на болните се очекува за десетина дена кога метеоролозите најавуваат покачување на температурите Во Македонија вчера до пладне се регистрирани 4.516 болни од грип, информираат од Републичкиот Завод за здравствена заштита.

Грипот ќе земе замав во наредните недели

Утрински - 10.02.2005

Според првите луѓе на Републичкиот завод за здравствена заштита, состојбата со епидемијата засега не е алармантна Лекарите апелираат болните ученици да не се мешаат со здравите лица СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Состојбата со грипот не е алармантна, тврдат здравствените работници кои секојдневно ја следат ...

Епидемија - ако кивне и администрацијата

Дневник - 10.02.2005

БРОЈОТ НА ГРИПОЗНИТЕ ПОРАСНА НА 4.516 СЛУЧАИ Џабе ќе биде да прогласиме епидемија на грип, кога вирусот е влезен кај народот и не може за една недела да се искорени. Сега има 4.516 случаи на грип, а очекуваме бројот на болните да се зголемува, изјави д-р Жарко Караџоски од Републичкиот завод за ...

Епидемија на грип само можност?!

Вечер Прес - 10.02.2005

Во Републичкиот завод за здравствена заштита до вчера се регистрирани 4 516 случаи на грип. Бројката, според надлежните не е реална, бидејќи сите случаи не се пријавуваат, меѓутоа состојбата, уверуваат во Заводот, во моментов не е алармантна.

Нема причина за прогласување епидемија од грип

А1 - 09.02.2005

Над 4.500 случаи на грип се регистрирани во Македонија до денеска. 65% од нив се деца од училишна возраст. Бројот и понатаму расте информираат во РЗЗЗ. Сепак, за епидемиолозите состојбата не е алармантна и нема причина за прогласување на епидемија.

Околу 7.000 основци со грип

Вест - 09.02.2005

ШКОЛИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО РЕДОВНА НАСТАВА Бројот на отсутни ученици е голем, но не е толкав за да предизвика прекин на наставата, тврди Министерството за образование и наука Министерството за образование и наука вчера соопшти дека бројот на отсутни ученици е голем, но не е толкав за да предизвика ...

Училиштата полупразни, а епидемија официјално нема

Време - 09.02.2005

НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА БОЛНИТЕ Третина ученици и деца во градинки не ја следат наставата бидејќи се болни од грип, потврдуваат од Министерството за труд и социјала и од управата на повеќе училишта. Бројот на заболените од овој вирус вчера ненадејно се удвои, а децата до 14 години ...

Две деца починале од грип во Албанија

Вест - 09.02.2005

Две деца, едното на четири месеци, а другото на две години, починале од грип во градот Лушња, блиску до Тирана, јавува Макфакс. Албанските медиуми, повикувајќи се на болнички извори, објавија дека во овој град во централна Албанија е прогласена епидемија од грип и оти состојбата е критична.

Секој ден по 1.000 грипозни

Вест - 09.02.2005

РЗЗЗ: НЕМА УСЛОВИ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ ЕПИДЕМИЈА Во Македонија се евидентирани околу 4.000 лица заболени од грип. Од Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека само во текот на вчерашниот ден во земјава биле регистрирани над 1.000 нови заболени.

Епидемија од грип нема, но вирозите ги десеткуваа училиштата

Утрински - 09.02.2005

Републичкиот завод за здравствена заштита вчера регистрираше над четири илјади заболени од грип Поради грип една петтина од учениците во Струмичко отсуствуваат од настава СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Епидемија од грип во Македонија нема и состојбата сў уште не е алармантна, туку е вообичаена за овој период ...

Течат и носот и наставата

Дневник - 09.02.2005

ГРИПОТ СЕ ШИРИ Секој ден бројот на заболени од грип е двојно поголем, но нема епидемија ниту причина за затворање на училиштата. Само вчера се пријавиле околу 2.000 заболени од грип и сега има 4.116 регистрирани во Републичкиот завод за здравствена заштита.

Епидемија од грип во Македонија нема, состојбата сеуште не е алармантна .

Канал5 - 09.02.2005

Заклучно со денешниот ден вкупната бројка изнесува 4516 лица заболени од грип .Најмногу болни има во прилеп 1678 па скопје со 1104 лица ,потоа струмица со 702 и неготино со 270 случаи на грип .Најголем дел од заболените односно 2943 или 65 % од вкупно за Заклучно со денешниот ден вкупната бројка ...

Во Македонија над 4 100 заразени од грип

Вечер Прес - 09.02.2005

До вчера на пладне, според податоците кои секојдневно пристигнуваат во Републичкиот завод за здравство, во Македонија се регистрирани 4 116 случаи на грип. Овие податоци според надлежните се менуваат од ден во ден иако, како што велат, се уште не се алармантни.

Две деца починале од грип во Албанија

А1 - 08.02.2005

Две деца, едното на четири месеци, а другото на две години, починале од грип во градот Лушња, блиску до Тирана, јавува дописникот на Макфакс, Албанските медиуми, повикувајќи се на болнички извори, објавија дека во овој град во централна Албанија е прогласена епидемија од грип и оти состојбата е ...

Учиштата со мал број ученици поради грипот

А1 - 08.02.2005

Поради грипот училиштата останаа со мал број ученици, а министерството за образование смета дека нема потреба за прекин на наставата. Според денешното соопштение од министерството состојбата со бројот на отсутни ученици не е алармантна иако во некои општини е забележано поголемо отсуство на ученици.

За да не се грипосате, пијте чај и седете си дома

Време - 08.02.2005

ВИРУСИТЕ НАПАЃААТ, ЛЕКАРИТЕ ПОРАЧУВААТ Катерина Нешкова Да се избегнува кивање и кашлање еден кон друг, да се избегнува бакнување, училиштата да се проветруваат почесто, да се одбегнуваат собири, журки и фудбалски натпревари во затворени простории.

Студот ги десеткуваше учениците во училиштата

Утрински - 08.02.2005

Се повеќе деца отсуствуваат од настава поради настинки, грип или високи температури Во училишните диспанзери на скопските амбуланти во една смена се прегледуваат и по 250 ученици СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Студеното време и ниските температури се причина голем број ученици да отсуствуваат од училиште, ...

Наставата во училиштата продолжува

Вечер Прес - 08.02.2005

Иако бројот на ученици заболени од вирусот на грип секојдневно расте, барање за прекинување на наставата во моментов нема од ниту едно училиште во Македонија. Според надлежните во Министерството за образование, поголем број отсутни ученици има во градовите Велес, Кавадарци, Гевгелија и во скопската ...

Драстично е зголемен бројот на деца со симптоми на грип

А1 - 07.02.2005

Драстично е зголемен бројот на деца, кои не одат на училиште поради висока температура и симптоми на грип. Најпогодени се училиштата во Скопје, Велес, Кавадарци, Струмица и Гевгелија, каде од настава отсуствуваат од 10 до 25 проценти од учениците, потврдуваат во Министерството за образование.

Расте бројот на заболени од грип

Утрински - 14.01.2016

Јасмина Ј. Вељановска Грипот почна да ја засилува својата активност и напаѓа се повеќе луѓе. За само една недела во Институтот за јавно здравје официјално се регистрирани 277 нови случаи на заболени.