TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Реакција на Владата на обвинувањата од СДСМ

Телма - 07.12.2008

Владата и Министерството за труд и социјална политика (МТСП) со жалење констатираат дека СДСМ продолжува со ширење невистини за Законот за работни односи и апелираат до опозициската партија да престане да ги манипулира и злоупотребува правата на работниците за евтини политички поени, истакнува во реакцијата МТСП на денешната прес-конференција на опозициската СДСМ.

СДСМ ќе поднесе своја верзија за измени на Законот за работни односи

Алсат-М - 07.12.2008

Опозициската СДСМ денеска обвини дека Владата со предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи ги намалува работничките права и најави дека ќе поднесе своја верзија со измени на тој Закон. Суштински законски проекти не можат да се носат по системот на брзи прсти и неопходно е Владата конечно да обезбеди вистински социјален дијалог, рече на денешната прес-конференција Магдалена Несторовска потпретседател на СДСМ.

Опозициската СДСМ ги критикува дополнителните измени на Законот за работни односи

Канал5 - 07.12.2008

Опозициската СДСМ критикува дека дополнителните измени на Законот за работни односи за кои треба да расправа Собранието и понатаму ги скратуваат работничките права. Измените се предлагаат без суштински социјален дијалог и спротивно на одредбите од меѓународните конвенции - велат од СДСМ и најавуваат сопствени измени на Законот за работни односи кои ќе ги достават до Парламентот.

Новите измени во Законот за работни односи полоши од претходните

Утрински - 03.12.2008

Новите измени во Законот за работни односи полоши од претходните Новите промени на Законот за работни односи се полоши од претходните, тврдат од Сојузот на синдикатите (ССМ). Од Сојузот имаат забелешки во деловите на Предлог-законот што ги регулираат годишните одмори, доделувањето отказни решенија, промената на колективните договори, ограничувањето на работата во трета смена и пресметувањето на ...

ССМ незадоволен од измените на работничкиот устав

Дневник - 03.12.2008

Новите измени на Предлог-законот за работните односи се полоши од претходните и со нив и понатаму се кршат правата од работните односи, изјави вчера Драги Јованоски од Сојузот на синдикатите на Македонија. Во Сојузот имаат забелешки за годишните одмори, отказите, за ноќната смена, промената на колективните договори, 13-та плата.

Синдикати на кило

Време - 02.12.2008

Измените на Законот за работни односи се насочени против синдикалното движење и ќе создадат уште поголема разлика меѓу работниците и работодавците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Синдикалците се незадоволни од предложените измени и најавуваат нови протести доколку власта ги изгласа измените.

Владата сака да ги ослаби синдикатите

Утрински - 02.12.2008

Владата сака да ги ослаби синдикатите. Новата серија измени во Законот за работни односи ќе го задушат социјалниот дијалог во земјава, сметаат од Сојузот на синдикатите. Од Министерството за труд и социјална политика, пак, тврдат дека измените не се конечни и дека Законот ќе се носи по брза постапка по завршување на преговорите со сите релевантни социјални партнери.

Експресно во парламентот нов закон за работни односи

Телма - 02.12.2008

Во рок од шест месеци по втор пат се менуваат голем број одредби од Законот за работни односи без да се земат предвид забелешките и предлозите на синдикатите и на организациите на работодавачи. Од Сојузот на Синдикатите на Македонија обвинуваат дека Владата и овој пат сака по брза постапка да промени една третина од законот кој претставува работнички устав, бидејќи веќе од утре започнува ...

Игроорците со скратено работно време и со полна плата

Дневник - 02.12.2008

Работниците ангажирани за особено тешка физичка работа, хирурзите, психијатрите, инфектолозите, пилотите, игроорците, музичарите на дувачки инструменти, ќе имаат скратено работно време и за тоа ќе добиваат полна плата. Ова е предвидено во измените на Законот за работните односи што ги подготвува Министерството за труд и социјална политика и кои наскоро ќе им бидат доставени на пратениците.

ССМ ја обвини Владата за лицемерие

Алсат-М - 02.12.2008

Предложените измени на Законот за работни односи не ги подобруваат правата на работниците, не се усогласени со директивите на Европската унија и се носат по скратена постапка без консултација со синдикатите, смета Сојузот на синдикатите на Македонија. „Практично иако вчера преговаравме тие го подготвиле текстот и го пратиле до Собрание и испадна дека преговараме без везе, значи се служат со ...

ССМ за измените во Законот за работни односи

Канал5 - 02.12.2008

Сојузот на синдикати на Македонија ги смета за јалови вчерашните преговори со Министерството за труд и социјална политика во врска со измените на Законот за работни односи. Според ССМ, предлог – текстот на законот веќе бил подготвен и доставен до Собранието а со тоа сите преговори паѓаат во вода.

Измените на "работничкиот устав" пред Парламентот

Вечер Прес - 02.12.2008

Измените на "работничкиот устав" пред Парламентот. Владата продолжува да ги носи законите по итна постапка без социјалните партнери. Доказ за тоа е што предлог измените на Законот за работни односи се веќе пуштени во собраниска процедура иако синдикатите и организациите на работодавачи беа свикани на состанок.

ССМ: Новите измени на Предлог законот за работни односи, полоши од претходните

Нетпрес - 02.12.2008

Сојузот на синдикати на Македонија, го изразува своето незадоволство од најновите измени на предлог на законот за работни односи. Полоши се од претходните, и понатаму се кршат правата од работни односи, рече денес Драги Јованоски од ССМ. Од Синдикатот имаат повеќе забелешки, во делот за годишни одмори, докажување на отказ, сега работникот ќе објаснува зашто добил отказ, за ноќна смена, промена на ...

МТС-измените во законот за работни односи се неопходни

Макфакс - 02.12.2008

Измените на Законот за работни односи произлегуваат од потребата за усогласување со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, во врска со новите пресметки за исплата на плати на вработените. Ова се вели во образложението на Министерството за труд и социјална политика изнесено на вчерашната средба со претставници на синдикатите и на работодавачи.

ССМ незадоволен од измените во Законот за работни односи

Алсат-М - 01.12.2008

Сојузот на синдикати на Македонија незадоволен од текот на преговорите со Економско – социјалниот совет ја напушти средбата во Министерството за труд и социјална политика каде се разговараше за законските измени во работните односи. Претставникот на ССМ, Драги Јовановски рече дека министерството во 60 отсто интервенирала во законските измени за работните односи.

Новиот закон ќе го растури синдикалното движење

Сител - 01.12.2008

Според претставникот на ССМ измените за регистрација на синдикати во земјава ќе се растури синдикалното движење во земјава. Јовановски спомена и дека измените на законот биле доставени до нив дури во четвртокот, додека во петокот биле повикани на расправа. Заменикот министер за труд и социјала го негираше ова. Тој додаде и дека се уште има место за корекции.

ССМ не е задоволен од предлог измените во Законот за работни односи

Канал5 - 01.12.2008

Сојузот на синдикати на Македонија не е задоволен од предлог измените во Законот за работни односи, предложен од Министерството за труд и социјала. Велат ова е обид да се растурат синдикатите. Со закон се предлага на ниво на основна организација да има статус синдикатот, а тоа значи дека синдикалните организации се преслаби, преорганизирани, не се стручни и секој работодавач ќе си прави свој ...