TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кукуречанци го запреа сообраќајот меѓу Битола и Демир Хисар

Дневник - 24.07.2004

БЛОКАДИ Жителите од Општината Кукуречани вчера од 8 до 10 часот, втор ден по ред, со автомобили, трактори и со друга земјоделска механизација го блокираа регионалниот пат Битола - Демир Хисар - Кичево. Двата дена се создаваа километарски колони од запрени возила од двете страни на коловозот.

Жителите на Кукуречани си ги бараат селските меѓи

А1 - 22.07.2004

Жителите на општина Кукуречани си ги бараат своите селски меѓи. Тие сметаат дека 2.700 жители во 13 села доколку бидат припоени кон Битола ќе останат без перспектива. Затоа кризниот штаб најави протести со блокада на регионалниот пат Битола-Демир Хисар-Кичево.

Кукуречанци ќе го блокираат патот за Кичево

Утрински - 22.07.2004

БИТОЛА БИТОЛА - Разочарани и револтирани од Предлог-законот за новата територијална организација на земјава, со кој Општината Кукуречани би била избришана од списокот на општините во земјава, жителите на Кукуречани и на уште 13 селски населби денес, утре и в сабота ќе организираат блокади на ...

Селските меѓи помили од Битола

Време - 21.07.2004

ОД УТРЕ И КУКУРЕЧАНИ НА БАРИКАДИ Владиниот предлог за територијалната организација ги разгневи 2.700-те жители на општината Кукуречани, бидејќи треба да се припојат кон Битола. Тие сметаат дека нивната општина со 13 села треба да си остане самостојна во постојните граници и затоа од утре ќе ...