TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДИК го утврди ликот на гласачкото ливче

Вест - 16.08.2002

Ливчињата ќе бидат врзани со кочани од кои ќе се кинат пред самото гласање, на кочанот ќе остануваат серискиот број на ливчето и бројот на изборната единица, а во секоја изборна единица задната страна на ливче Државната изборна комисија вчера ја утврди формата, големината, бојата и сериските броеви ...

На гласачкото ливче само носителите на листите

Утрински - 16.08.2002

ДИК Гласачкото ливче што ќе го добијат избирачите на 15 септември ќе биде бело, во правоаголна форма, со посебни сериски броеви и во различна големина. Должината на листот за гласање ќе зависи од бројот на пријавените партии, коалиции или групи на граѓани кои се кандидирале за пратеници.

Покрај имињата на поднесувачите ќе стојат и нивните симболи

Дневник - 16.08.2002

УТВРДЕН ИЗГЛЕДОТ НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА Ливчињата ќе бидат поврзани во кочани, од кои ќе се кинат пред самото гласање, а на кочанот ќе остануваат серискиот број на ливчето и бројот на изборната единица Државната изборна комисија ги утврди формата, големината, бојата и сериските броеви на гласачките ...

Какво ќе биде гласачкото ливче?

А1 - 15.08.2002

ДИК ги утврдила формата, големината, бојата и сериските броеви на гласачките ливчиња. Гласачкото ливче ќе биде правоаголно со бела основа на која ќе биде испечатено знамето на РМ и со црна боја редните броеви и имињата и презимињата на носителите на листите кои се кандидираат во таа изборна единица.

Партиите само ги "декорираа" своите листи со кандидатки

Дневник - 15.08.2002

ДАМИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ Политичките партии со неверојатна математичка прецизност го почитуваа законското барање за најмалку 30 отсто жени на кандидатските листи и ги ставија своите кандидатки главно на "недобитните позиции" Универзитетската професорка Теута Арифи најверојатно ќе биде прва Албанка што ...

Секое место во законодавниот дом го пикираат по 25,5 кандидати

Утрински - 14.08.2002

Македонскиот парламент има 120 пратеници, а за примамливата функција ќе се натпреваруваат 3.060 лица Македонскиот парламент има само 120 пратеници, а според веќе поднесените листи до Државната изборна комисија, за оваа примамлива функција ќе се борат 3.060 кандидати.

За 120 пратенички места се кандидираат 3.060 луѓе

Вест - 13.08.2002

ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ПРИМИЛА ВКУПНО 153 КАНИДИАТСКИ ЛИСТИ ЗА СЕПТЕМВРИСКИТЕ ИЗБОРИ На изборите учествуваат 63 регистрирани политички партии, а ДИК идниве денови треба да ги изготви сите листи, и според законските одредби, до 16 август да ги објави во медиумите Регионалните изборни комисии ...

Во изборната трка се вклучени 30 партии, осум коалиции и пет групи избирачи

Утрински - 13.08.2002

За 120 места во парламентот ќе се натпреваруваат 3.060 пратенички кандидати КАТИЦА ЧАНГОВА За 120 пратенички места во Собранието на Македонија на претстојните септемвриски парламентарни избори ќе се натпреваруваат 3.060 кандидати од 30 политички партии, 8 коалиции и 5 групи избирачи.

За 120 места во Парламентот 3.060 кандидати

Дневник - 13.08.2002

СПОРЕД ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА На гласачкото ливче ќе бидат наведени само називите на политичките партии и на носителите на листи, а списоците со другите кандидати од листи ќе бидат истакнати пред избирачките места На наредните парламентарни избори во шесте изборни единици ќе се гласа за 153 ...

3.060 кандидати на 153 кандидациони листи

А1 - 12.08.2002

ДИК денеска го официјализираше редоследот на листите на кандидатите на гласачкото ливче во сите шест изборни единици, утврден од страна на регионалните комисии. Според портпаролот Зоран Таневски се работи за 153 листи на каднидати, со вкупно 3.060 кандидати за пратеници, од нив 111 поднеле ...

Партијата на Али Ахмети првана избирачкото ливче во Битола

Дневник - 12.08.2002

УТВРДЕН РЕДОСЛЕДОТ НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА Демократска унија за интеграција (ДУИ) на поранешниот водач на ОНА, Али Ахмети, ќе се најде на врвот на избирачкото ливче во петтата изборна единица. Тоа е резултат од ждребувањето на кандидатските листи што во петокот вечер го спроведе Регионалната изборна ...