TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почнаа суштинските преговори за Кипар

Н.Македонија - 12.09.2008

Кипарскиот претседател Дмитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат вчера во Никозија го почнале суштинскиот дел од преговорите за повторно обединување на островот, кои почнаа пред една седница, јави МИА.

Кипарските Грци сакаат федерација, а турската заедница - конфедерација

Нетпрес - 12.09.2008

Кипарските Грци сакаат создавање на федерација, а турската заедница - конфедерација. Tака кипарскиот весник “Филелевтерос“ ги пренесува позициите на двете заедници во преговорите за кипарскиот спор. Според инфрмацијата, кипарските Грци настојуваат за силна централна Влада.

Талат: Последна шанса за решавање на кипарското прашање

А1 - 11.09.2008

Лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат побара, пред почетокот на новиот круг преговори, решавање на проблемот со поделениот остров до крајот на годинава.

ЗАПОЧНАА СУШТИНСКИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА КИПАР

Телма - 11.09.2008

ЗАПОЧНАА СУШТИНСКИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА КИПАР Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат денеска во Никозија имаат нова средба во рамки на обновените преговори за повторно обединување на островот, почнати овој месец.

Започнаа суштински преговори за обединување на Кипар

Макфакс - 11.09.2008

Лидерите на кипарските Грци и Турци, Димитрис Кристофиас и Мехмет Али Талат денеска започнаа преговори за повторно обединување на островот. Кристофиас и Талат се сретнаа денеска во еден напуштен аеродром во зоната под контрола на Обединетите нации и почнаа расправа за надворешните прашања.

Преговорите за Кипар продолжуваат утре

А1 - 10.09.2008

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Мехмет Али Талат, утре ќе имаат нова средба во Никозија, во рамки на обновените преговори меѓу нив за повторно обединување на островот, кои почнаа на почетокот на овој месец.

БАКОЈАНИ: "ВЛЕЗОТ НА ТУРЦИЈА ВО ЕУ ЌЕ ЗАВИСИ ОД КИПАРСКОТО ПРАШАЊЕ"

Телма - 09.09.2008

Грчкиот минстер за надворешни работи Дора Бакојани денеска изјави дека процедурата за влегување на Турција во ЕУ ќе биде условена со резултатот од новите напори за обединување на островот Кипар.

Турската евроинтеграција зависи од кипарскиот проблем

Макфакс - 09.09.2008

Присоединувањето на Турција кон Европската унија (ЕУ) ќе зависи од решавањето на кипарскиот проблем, оцени грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани.