TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Адвокатите ќе бараат Љубе да се брани од слобода

Вест - 23.10.2004

ЗАВРШИ ХРВАТСКАТА ИСТРАГА ЗА РАШТАНСКИ ЛОЗЈА ВО МАКЕДОНИЈА "Денес завршивме со распитот на сите сведоци. Одбраната на Љубе Бошкоски е задоволна од работата. Од сите 20 распрашани сведоци, никој не го обвинува Бошкоски, никој конкретно не го обвинува за делото за кое е осомничен.

Одбраната му носи радосна вест на Љубе

Дневник - 23.10.2004

"РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" Македонската полиција не извела ниту една добра акција кога имавте војна, што значи дека таа во Раштански Лозја ви е фингирана, му рекол хрватскиот обвинител Влатко Нуиќ на поранешниот директор за јавна безбедност во МВР, Горан Митевски, вчера на крајот од сослушувањето во Скопје, ...

Хрватите завршија со распитот во Македонија

Утрински - 23.10.2004

Хрватскиот истражен тим сослуша 20-ина сведоци за "случајот Раштански Лозја" Истражниот судија од Пула Ивица Станиќ и жупанискиот обвинител Влатко Нуиќ завршија со распитот на околу 20 сведоци и обвинети за "случајот Раштански Лозја" во Македонија.

Хрватскиот адвокат сигурен дека Бошковски ќе излезе од притвор

Време - 23.10.2004

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА СВЕДОЦИТЕ ЗА „РАШТАНСКИ ЛОЗЈА“ Хрватскиот обвинител Златко Нуиќ и бранителот на Љубе Бошковски Звонимир Ходак вчера го завршија распитот на дваесетината сведоци за случајот „Раштански Лозја“. Двајцата тврдат дека се задоволни од завршената работа во Скопје.

Заврши истрагата во Скопје на хрватските истражни органи за Бошковски

А1 - 22.10.2004

Заврши истрагата во Скопје, на хрватските истражни органи, кои ја испитуваа одговорноста на Љубе Бошковски во убиството на емигрантите кај Раштански лозја. Хрватскиот судија Ивица Станиќ и обвинителот Влатко Нуиќ испрашаа 20-тина сведоци.

Обвинетите одбија да сведочат

Дневник - 22.10.2004

ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА ГО ЗАГЛАВИ РАСПИТОТ ЗА "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" Што сте запнале кога човекот не сака да зборува, прашал вчера хрватскиот судија по упорното инсистирање на македонскиот истражен судија да го распраша обвинетиот Александар Цветков како сведок во случајот против Љубе Бошковски.

Хрватските истражители заминаа од земјава. Нема докази против Љубе, тврдат адвокатите

Канал5 - 22.10.2004

Хрватските истражни органи заминаа од Македонија по петдневно испрашување на сведоци и собирање на докази во постапката против Љубе Бошковски. Докази, против Бошковски нема тврди неговиот адвокат Звонимир Ходак. ,,Сите сведоци тврдат дека Бошковски н Хрватските истражни органи заминаа од Македонија ...

Хрватските истражители во Шутка сами ги испрашуваа обвинетите

Вест - 22.10.2004

ИСТРАГАТА ЗА РАШТАНСКИ ЛОЗЈА СЕ ПРЕСЕЛИ ОД СУДОТ ВО ИСТРАЖНИОТ ЗАТВОР ВО СКОПЈЕ По пристигнувањето на екипата од Судот во затворот, истражниот судија Јуруковски по еден час си замина, а по кусо време од затворот си отиде и единствениот адвокат на Љубе Бошкоски кој присуствува на распитот, Са Горан ...

Обвинетите молчеле оти не им дошле адвокатите

Време - 22.10.2004

ХРВАТСКА ИСТРАГА ЗА „РАШТАНСКИ ЛОЗЈА“ Горан Стојков, Бобан Утковски, Александар Цветков и Митко Кикереков, притворените за убиството на седумтемина кај Раштански Лозја, вчера одбиле да зборуваат пред хрватските истражители во вториот скопски суд.

Сослушани четворицата обвинети за Раштански Лозја

Утрински - 22.10.2004

Хрватските истражители финишираат со истрагата Обвинетите за убиствата кај Раштански Лозја, поранешниот генерал на "лавовите", Горан Стојков, полицискиот старешина Бобан Утковски, разузнувачот Александар Цветков и бизнисменот Митко Кикереков вчера во Истражниот затвор во Скопје беа повикани на ...

Сите досегашни искази се во полза на Бошковски

Време - 22.10.2004

ЗВОНИМИР ХОДАК, АДВОКАТ - Од сите 17 досега сослушани сведоци во случајот „Раштански Лозја“ добивме искази што се во полза на Бошковски. Денешните четворица сведоци, кои се и притвореници во истиот случај, одбија да дадат искази бидејќи судот не дозволи на сослушувањето да присуствуваат и нивните ...

ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, СОСЛУШУВАЊЕТО БЕШЕ ВО ЗАТВОР

Вечер Прес - 22.10.2004

Четвртиот ден откако во државава пристигнаа хрватските истражни органи, во затворот "Скопје", продолжи сослушувањето на сведоци за случајот "Раштански лозја". Хрватската екипа беше кај четворицата обвинети Александар Цветков, Бобан Утковски, Горан Стојков и Митко Кикереков.

Хрватските истражители не добија искази за Раштански

А1 - 21.10.2004

Хрватските истражители не слушнаа ниту збор од 4-цата обвинети за случајот Раштански лозја. На распитот кој се вршеше во истражниот затвор во Шутка, Александар Цветков, Митко Кикереков, Горан Стојков и Бобан Утковски молчеле и не дале никаков исказ пред хрватскиот истражен судија и обвинителот кои ...

Прилепчани протестираа за поддршка на Бошкоски

Утрински - 21.10.2004

Трет ден од распитот на сведоците за "случајот Раштански Лозја" Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Горан Митевски, вчера одговараше на прашањата на хрватскиот истражен судија Ивица Станиќ во својство на сведок за ?случајот Раштански Лозја". Митевски е 14.

Обвинение против Љубе и за Јама?

Вест - 21.10.2004

АКО ПРОПАДНЕ СЛУЧАЈОТ РАШТАНСКИ ЛОЗЈА Новата кривичната пријава против Бошкоски кој сега се наоѓа во истражниот затвор во Пула во Хрватска, ќе биде активирана доколку хрватските истражни органи утврдат дека тој нема кривична одговорност за случ Ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски ...

Стојков сведочи пред Хрватските истражители

А1 - 20.10.2004

Екс генералот на лавовите Горан Стојков ќе даде исказ и нема да молчи пред хрватскиот истражен судија и обвинител кои ја испитуваат вмешаноста на Љубе Бошковски во случајот Раштански лозја, изјави адвокатот на Стојков, Александар Тортевски.

Од сведоците ни збор против Љубе?

Дневник - 20.10.2004

ИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ "РАШТАНСКИ ЛОЗЈА" Пред Хрватите изјавите на двајца сведоци битно се разликувале од тие што ги дале пред македонските истражни органи, тврдат извори блиски на истрагата Изјавите на ниеден од деветтемина досега сослушани сведоци не упатувале на тоа дека поранешниот министер за ...

Стојков ќе сведочи за улогата на Бошкоски во Раштански Лозја

Утрински - 20.10.2004

Продолжува сослушувањето на сведоците од хрватскиот истражен тим Адвокатите на Бошкоски се задоволни од дводневниот распит на сведоците иако не откриваат која е причината за нивното задоволство Поранешниот генерал на "лавовите", Горан Стојков, в четврток ќе биде првиот од четворицата обвинети за ...

Бошковски не смееше да биде уапсен

Време - 20.10.2004

ЗВОНИМИР ХОДАК, БРАНИТЕЛ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Диана Младеновска Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Љубе Бошковски во никој случај не смеел да биде уапсен во Хрватска, тврди неговиот адвокат Звонимир Ходак.

Ходак: „Сведоците не го ни споменуваат Бошковски“

А1 - 19.10.2004

Сведоците повикани да дадат исказ пред хрватските истражители за вмешаноста на Љубе Бошковски во случајот Раштански лозја не го ни споменуваат името на екс министерот тврди неговиот адвокат Звонимир Ходак на вториот ден од распитот во Основниот суд Скопје 2.

Државниот врв знаел што готват Пакистанците

Дневник - 19.10.2004

хрватскиот судиЈа ПОЧНА РАСПИТ во скопЈе Поранешниот државен врв пред настаните во Раштански Лозја бил информиран дека постоела терористичка група, која влегла во Македонија за да врши терористички акции врз поединци, витални објекти и странски претставништва во земјава.

ХРВАТСКИТЕ ИСТРАЖИТЕЛИ СОСЛУШАА ПЕТ НОВИ СВЕДОЦИ ВО СЛУЧАЈОТ ,,РАШТАНСКИ ЛОЗЈА,,

Канал5 - 19.10.2004

На вториот ден од испрашувањето, во скопска двојка , хрватските истражни органи повикаа нови пет сведоци во случајот Раштански лозја против поранешниот македонски министер Љубе Бошковски. Повикувајќи се на тајност на постапката, истражителите не открив На вториот ден од испрашувањето, во скопска ...

Хрватите дојдоа по докази против Љубе

Вест - 19.10.2004

ВО ОСНОВНИОТ СУД 2 ВО СКОПЈЕ ПОЧНА РАСПИТОТ НА СВЕДОЦИТЕ ЗА РАШТАНСКИ ЛОЗЈА Во Основниот суд 2 во Скопје хрватскиот жупански обвинител Влатко Нуиќ, пулскиот истражен судија Ивица Станиќ и адвокатот од Хрватска на Љубе Бошкоски вчера неколку часа, заедно со македонскиот истражен судија Вања ...

Крунските сведоци први на распит пред хрватските истражители

Утрински - 19.10.2004

Хрватскиот истражен тим го започна распитот на сведоците за "случајот Раштански Лозја" Неофицијалните информации велат дека први на распитот биле повикани шестмина сведоци Борис Георгиевски Шестмина поранешни и актуелни припадници на Министерството за внатрешни работи во улога на сведоци вчера беа ...

Започна распитот на сведоците за случајот Раштански лозја

А1 - 18.10.2004

Истражниот судија, Вања Јуруковски, со хрватскиот колега Ивица Станиќ и обвинителот Влатко Нуиќ, го започна утринава распитот на сведоците за случајот Раштански лозја, што се води во Хрватска против екс министерот Љубе Бошковски, кој е во притвор во Пула.

ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 ПОЧНА РАСПИТОТ ЗА “РАШТАНСКИ ЛОЗЈА”

Канал5 - 18.10.2004

Хрватскиот судија Ивица Станиќ, и обвинителот Влатко Нуиќ, со поддршка на скопскиот обвинител и истражниот судија Вања Јуруковски го почнаа сослушувањето на дел од планираните 22 сведоци за случајот ,,Раштански лозја,,. Изјавите што ќе бидат собрани Хрватскиот судија Ивица Станиќ, и обвинителот ...

СТОЈКОВ И КОМПАНИЈА ЌЕ СВЕДОЧАТ ПРЕД ХРВАТСКИТЕ СУДИИ

Вечер Прес - 18.10.2004

Денеска, се очекува да почне распитот на 22 сведоци и четворицата обвинети за случајот "Раштански лозја" од страна на хрватските истражни судии. Според хрватскиот обвинителен акт, само Љубе Бошковски како хрватски државјанин, има својство на осомничен, додека Александар Цветков, Горан Стојков, ...