TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поделени слатки на старите лица во Куманово

Нетпрес - 21.11.2008

По повод неделата за грижа на стари лица , Црвениот Крст од Куманово на старите лица сместени во домот “Зафир Сајто“ им подели слатки. Дел од оваа храна е обезбеден од спонзори, а за дел волонтерите собираа добротворен прилог од по 20 денари од граѓаните. Слични активности продолжуваат и во текот на наредните денови.

Донација за старите од домот „Мајка Тереза“

Утрински - 20.11.2008

Донација за старите од домот „Мајка Тереза“. Црвен крст на Скопје во соработка со „Космофон“ ја отвори телефонската линија 075 /140-100 на која со едно јавување или со една СМС-порака, секој ќе може да донира 50 денари. Собраните средства од телефонските јавувања ќе бидат наменети за потребите на старите лица сместени во домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани.

Недела на грижа за старите луѓе

Алфа - 19.11.2008

Под мотото За достоинствена старост, оваа недела традиционално се одбележува грижата за старите лица, со цел да побуди чувство и да се создаде навика за помагање и водење поголема грижа за старите и изнемоштени лица. Општинските огранизации на Црвениот Крст ширум земјава, домовите за стари лица, основните училишта и здруженијата на жени, организираа низа активности, за да им покажат почит и ...

Неделата за грижа на старите лица

Алсат-М - 17.11.2008

Црвениот крст на Македонија под мотото „За достоинствена старост“ од денеска до 23 овој месец ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица. Целта е да се побуди чувството кај луѓето за потребната грижа на старите и изнемоштени лица, посебно да се создаде навика кај младите за помогање и водење на поголема грижа за старите лица.

„Недела за грижа на старите лица“

Кирилица - 17.11.2008

Во текот на Неделата преку општинските организации на Црвениот крст ќе бидат организирани предавања за соодветни здравствени совети на старите лица, организирано мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок, посета во домовите за стари лица ...

Неделата за грижа на старите лица

Вечер Прес - 17.11.2008

Неделата за грижа на старите лица. Под мотото "За достоинствена старост", Црвениот крст на Македонија од вчера до 23 овој месец ќе реализира низа активности со кои ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица. Целта на кампањата е да се побуди чувството кај луѓето за потребната грижа на старите и изнемоштени лица, посебно да се создаде навика кај младите за помогање и водење на поголема грижа ...