TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„АНА“ ја обвинува албaнската власт за апсењето на Вардари

А1 - 05.07.2003

Албанските власти и меѓународната заедница се предупредени дека, „АНА“ постои, расте, зајакнува има силни структури на сите албански простори и чекори по реализацијата на својот „светол план“ обединување на сите албански територии на Балканот.

Адили притворен на неопределено време во Албанија

А1 - 04.07.2003

Поттикнување меѓунационална и верска нетрпеливост, фалсификување документи и илегално минување на границата, гласи обвинението покренато против Гафур Адили, алијас Ваљдет Вардари, политички лидер на т.н. АНА, врз основа на кое Основниот суд во Тирана му изрече мерка притвор на неопределено време.

Гафур Адили вчера беше изведен на суд во Тирана

Утрински - 04.07.2003

Македонската амбасада во Тирана го потврди апсењето на лидерот на т.н. АНА Македонската амбасада во Тирана вчера го извести МВР дека македонскиот државјанин Гафур Адили, алијас Валдет Вардариполитичкиот лидер на т.н. АНА и на Фронтот за национално обединување на Албанците, навистина е уапсен во ...

САД им ги замрзнаа имотите на Адили, Хаџиреџа и на Халили

Дневник - 04.07.2003

ПРОШИРЕНА АМЕРИКАНСКАТА "ЦРНА ЛИСТА" Политичкиот претставник на Албанската национална армија (АНА), Гафур Адили, лидерот на Народната демократска партија (НДП) Кастриот Хаџиреџа и основачот на Партијата за демократски просперитет (ПДП) Невзат Халили од вчера се на списокот на лица на кои им се ...

Македонија не покренала меѓународна потерница против Адили

А1 - 03.07.2003

Јавното обвинителство нема покренато обвинение против Гафур Адили лидерот на АНА кој сeбеси се нарекува командант Ваљдет Вардари. Основното скопско обвинителство се уште прибира докази за да го направи тоа иако МВР поднело крвична пријава за Адили во август 2002 заради непријателска дејност кон ...

Апсењето на Гафур Адили тема во албанските весници

А1 - 03.07.2003

Апсењето на политичкиот лидер на т.н АНА Гафур Адили е тема број еден во денешните албански весници. Кој овој чин го оценуваат како јасна и конкретна потврда, дека Тирна не поддржува организации и групи кои го дестбилизираат регионот.

Лидерот на АНА уапсен во Поградец

Вест - 03.07.2003

АЛБАНИЈА Гафур Адили, алијас Валдет Вардари, ангажиран на создавање голема обединета Албанија, имал швајцарско државјанство и фалисфикуван пасош, а во Албанија дошол преку Македонија. Македонското МВР нема официја Албанските власти завчера во Поградец го уапсиле Гафур Адили, т.н.

Гафур Адили, алијас командант Вардари, е упасен во Поградец

Утрински - 03.07.2003

Албанската полиција го притвори самопрогласениот лидер на АНА МВР досега нема добиено официјална информација дека политичкиот претставник на т.н. АНА, Гафур Адили, е уапсен во соседна Албанија во акција на тајната служба, беше соопштено на вчерашната прес конференција во Министерството.

Албански специјалци го уапсиле политичкиот лидер на АНА

Дневник - 03.07.2003

ВО ПОГРАДЕЦ, АЛБАНИЈА Кичевчанецот Гафур Адили алијас Валдет Вардари, претседател на Фронтот за национално обединување на Албанците (ФНОА) и самопрогласен политички лидер на т.н. АНА, бил уапсен завчеравечер во Поградец, соседна Албанија.

САД им го замрзна имотот на Адили, Хаџиреџа и Халили

А1 - 02.07.2003

Политичкиот претставник на таканаречената АНА Гафур Адили, лидерот на НДП Кастриот Хаџиреџа и основачот на ПДП Невзат Халили денеска се ставени на списокот лица на кои им се замрзнува финансискиот имот во САД. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер соопшти дека САД денеска ја прошириле ...

Уапсен лидерот на АНА Гафур Адили

А1 - 02.07.2003

Политичкиот лидер на т.н. АНА Гафур Адили, алијас Валдет Вардари од Кичево, и Таип Мустафаи (31) од Гостивар, командант на организацијата, се уапсени вчера во периферијата на Тирана, јави попладнето Албанската државна телевизија, повикувајќи се на полициски извори.

Во Пешкопеја уапсен лидерот на АНА Гафур Адили познат по псевдонимот Валдет Вардари

Канал5 - 02.07.2003

Во Пешкопеја, Албанија пред два дена е уапсен политичкиот лидер на Албанската национална армија, Гафур Адили, познат по псевдонимот Валдет Вардари. Адили дејствува како претседател на Фронтот за национално обединување на Албанците во чии рамки како Во Пешкопеја, Албанија пред два дена е уапсен ...