TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прилепскиот тутунски комбинат ќе заложи дел од имотот

А1 - 12.04.2003

Менаџерскиот тим на Прилепскиот тутунски комбинат подготвен е да заложи дел од имотот за кредит, како надополнување на 3.150.000 евра, кои комбинатот очекува да ги добие со кредитно побарување врз основа на склучен договор со фирмата „Сокомак“, за да почне со исплата.

Директорот Момироски поднесе оставка, Надзорниот одбор не ја прифати

Утрински - 12.04.2003

Продолжува протестот на прилепските тутунопроизводители поради откупот ПРИЛЕП - Иако ги имаше во помал број отколку изминатите два дена, вчера пак пред управната зграда на Тутунскиот комбинат продолжи протестот на тутунопроизводителите од Прилепскиот крај, кои бараат исплата на тутунот од ...

Тутунопроизводителите бараат целосна исплата на откупениот тутун

Утрински - 11.04.2003

Продолжуваат протестите пред прилепскиот Тутунски комбинат ПРИЛЕП - Прилепските тутунопроизводители ги продолжија протестите пред управната зграда на Тутунскиот комбинат со единствено барање: целосна исплата на предадените 6.200 тони тутун од околу 7.000 кооперанти.

Владата вети интервентен откуп

Утрински - 11.04.2003

НАЈАВА Владата ќе помогне во исплатата на преземената минатогодишна реколта на тутун, меѓутоа тутунските комбинати ќе мора да исплатат дел од обврските спрема производителите. Ова вчера го изјави Славко Петров, по разговорите со претставници на Тутунскиот комбинат од Прилеп, а поради искажаното ...

На комбинатите им недостигаат 15 милиони евра за исплата на тутунот

Дневник - 11.04.2003

ТУТУНСКАТА КРИЗА ПРОДОЛЖУВА Досега се откупени 22,7 илјади тони тутун, а се исплатени само 49 отстo Тутунските комбинати треба да обезбедат уште 15 милиони евра за да се исплати целото количество преземен тутун, тврдат тутунарите.

Тутунарите сакаат да знаат кога ќе ги добијат 10-те милиони евра

Вест - 10.04.2003

ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ТРИ ЧАСА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД УПРАВНАТА ЗГРАДА НА КОМБИНАТОТ ВО ПРИЛЕП Во тричасовниот протест пред управната зграда на прилепскиот монопол, околу 1.000 тутунопроизводители имаа само едно барање - генералниот директор на прилепскиот комбинат Диме Момироски да им каже кога ќе и Над ...

Прилепските тутунари бараат 10 милиони евра

А1 - 09.04.2003

Прилепските тутунари од денеска ќе протестираат пред комбинатот со барање да им бидат исплатени пари за предадениот тутун. Производителите бараат вкупно 10 милиони евра за минатогодишната реколта и најавуваат дека ќе бидат пред комбинатот се додека не ги добијат.

Прилепските тутунари за ланскиот тутун не добиле ни денар

Вест - 09.04.2003

НАЈАВИ ЗА НОВИ ПРОТЕСТИ НА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО ПРИЛЕП Генералниот директор на тутунскиот комбинат Диме Момироски ги демантира обвинувањата од министерот Славко Петров дека на посебна сметка на комбинатот има околу 5 милиони евра, со кои може да започне исплат Околу двесте тутунопроизводители, ...

Нападнат владиниот повереник во Прилепскиот тутунски комбинат

А1 - 08.04.2003

Вчера во центарот на Прилеп физички бил нападнат Јордан Јордановски, владиниот повереник на 35% во Прилепскиот тутунски комбинат. Покрај телесните повреди Јордановски добил закана да не се меша во поставувањето директори во комбинатот и да си ја гледа својата работа.