TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

КФОР на Косово добива закани оти ги апси командантите на ОВК

Вест - 17.08.2002

Приштина, 17 август -Силите на КФОР, кои се под британска команда, ги зајакнаа мерките за безбедност поради добиената закана дека поединци планираат напад врз меѓународните мировни сили на Косово, соопшти вчера британскиот командант задолжен за централниот дел од покраината, генерал Сајмон Мејол.

Косово пак зоврива

Дневник - 17.08.2002

УНМИК Е НА МАКИ Еден ден по првата сериозна пресметка меѓу КФОР и албански демонстранти на Косово, тамошната јавност е растргната меѓу воинствените повици на некои албански партии и барањата за разум и трпение. Серијата апсења на високи команданти на ОВК и на Косовскиот заштитен корпус предизвикаа ...

Страв од албански напади врз мировниците

Утрински - 17.08.2002

КФОР ги засилува мерките за безбедност на Косово ПриШтина -Силите на КФОР, кои се под британска команда, ги зајакнаа мерките за безбедност поради добиената закана дека поединци планираат напад врз меѓународните мировни сили на Косово, соопшти денеска британскиот командант задолжен за централниот ...

Започна собирањето на Албанците во Приштина

А1 - 16.08.2002

Помали групи Албанци започнаа да се собираат во приштина на најавените демонстрации, по повод незадоволството од апсењето на поранешни високи функционери на ОВК од страна на полицијата на УНМИК. Според гласилата на улиците на Приштина се присутни силни полициски сили, кои го контролираа сообраќајот ...

Македонија станува база за криминалните банди од Косово

Дневник - 16.08.2002

УНМИК го стегнува обраЧот во протекторатот Апсењето на командантот Реми и обвиненијата против браќата Харадинај се предупредување дека ОН нема веќе да ги толерираат мафијашките групи во протекторатот, а овие пак најдобро засолниште наоѓаат токму во нашата земја УНМИК на Косово конечно реши да го ...

Судур на Косовските Албанци со УНМИК и КФОР

А1 - 15.08.2002

Во Денчани денеска дојде до судир меѓу полицијата на УНМИК и војници на КФОР и неколку стотици косовски Албанци, кои во знак на протест против апсењето на некогашниот командант на распуштената ОВК, Рустем Мустафа-Реми го блокираа патот Дечани -Пеќ.

Во патрола само со пиштол - ОВК во немилост

А1 - 15.08.2002

Припадниците на косовската полиција започнаа да патролираат долж административната граница на покраината со Србија. Косовските полицајци, составени од етнички Албанци и Срби се вооружени само со пиштоли, а патролираат заедно со припадниците на КФОР и УНМИК.

Албанци протестираат против апсењето на Реми, УНМИК се обидува да објасни

Дневник - 15.08.2002

КОСОВО Неколку илјади жители на косовскиот град Подујево вчера протестирале против апсењето на поранешниот командант на ОВК Рустем Мустафа - Реми, јави Ројтерс. - Ние не сме криминалци, ние не сме терористи. Слобода за ослободителите - извикувале собраните косовски Албанци, кои носеле слики на ...

УНМИК подигна обвинение против Харадинај, но нема да го апси

Вест - 14.08.2002

Приштина, 14 август - Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АИК) и поранешен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај, нема да биде уапсен поради обвинението Што меЃународниот обвинител на Косово го подигна против него за загрозување на животите на други лица, ...

КФОР и УНМИК подготвуваат апсења во врвот на СНС

А1 - 13.08.2002

Членот на раководството на Српскиот национален совет на северно Косово Небојша Јовиќ изјави дека УНМИК и КФОР подготвуваат негово и апсење, на уште неколку личности од врвот на СНС, со цел да го спречат учеството на Советот на претстојните локални избори закажани за 26. октомври.

УНМИК подигна обвинение против Рамуш Харадинај, но, нема да го уапси

А1 - 13.08.2002

Kосовскиот главен обвинител покренал обвинение против поранешниот командант на ОВК и актуелен лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај под обвинение за загрозување на животите на едно семејство во јули 2000 година во регионот на Пеќ при престрелка со неговите противници, потврди ...

УНМИК го уапси бившиот командант Реми на ОВК

Вест - 13.08.2002

УНМИК соопШти дека меЃународната полиција и силите на КФОР завчера по налог на меЃународен обвинител го уапсиле Рустем Реми Мустафа УНМИК соопШти дека меЃународната полиција и силите на КФОР завчера по налог на меЃународен обвинител го уапсиле Рустем Реми Мустафа, кој бил регионален командант на ...

УНМИК го уапси командантот Реми

Дневник - 13.08.2002

АКЦИЈА ВО ПРИШТИНА Според портпаролот на КФОР Дру Андерсон, Рустем Мустафа-Реми бил уапсен под обвинение дека како командант во ОВК затворил, измачувал и убил пет лица Силни одреди на полицијата на УНМИК и на КФОР завчера напладне во центарот на Приштина го уапсиле Рустем Мустафа, попознат како ...

Апсењето на Реми се смета за дел од кампањата против поранешна ОВК

А1 - 12.08.2002

Полицијата денеска приведе 3 лица кои го попречувале вчерашниот претрес на домот на Рустем Мустафа во приштинската населба Сончев брег. Полицијата на УНМИК и КФОР ги отфрлуваат обвинувањата дека апсењето на Мустафа има политичка заднина, и наведуваат дека акцијата е изведена на врз основа на ...