TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почнуваат квалификациите на фудбалската репрезентација за СП

А1 - 15.08.2004

Македонската фудбалска репрезентација по три дена ќе почне нов квалификациски циклус. Во трката за Мундијалот во 2006 прв противник на нашата најдобра селекција е Ерменија. Во групата конкуренти ни се уште Холандија, Чешка, Романија, Финска и Андора.

Милошевски пристигнува ден пред дуелот со Ерменија

Дневник - 14.08.2004

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Поради обврски кон своите клубови и авионските врски со Скопје, денешната прозивка на селекторот Драги Канатларовски-Цапар во репрезентативната база на Средно Водно ќе биде половична. Поголемиот дел од четиринаесеттемина интернационалци, кои се најдоа на селекторскиот список за ...

Само со тројца напаѓачи против Ерменија

Време - 11.08.2004

ФУДБАЛ - ОБЈАВЕН СПИСОКОТ Со само тројца напаѓачи, меѓу кои и македонското чудо од дете Горан Пандев, селекторот Драган Канатларовски реши да тргне со победа во првиот квалификациски меч против Ерменија идната среда во Скопје, за пласман на СП 2006 во Германија.

Шумуликоски и Милошевски ќе доцнат

Дневник - 11.08.2004

ФУДБАЛ - РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Поради настапите за своите клубови и авиоврските со Скопје, селекторот Канатларовски очекува два дена пред мечот да ги има на располагање сите кандидати Репрезентативниот термин 18 август, предвиден за последните контролни натпревари, пред септемврискиот старт на ...

Со проверени играчи против Ерменците

Вест - 10.08.2004

СЕЛЕКТОРОТ КАНАТЛАРОВСКИ ГО ОТКРИ СОСТАВОТ ЗА ПРВАТА КВАЛИФИКАЦИСКА СРЕДБА ЗА СП 2006 Меѓу 18-темина фудбалери кои ги повика селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Драган Канатларовски, за првиот квалификациски дуел за СП 2006 против Ерменија, нема нови имиња.

Само четворица фудбалери од домашното првенство

Утрински - 10.08.2004

Селекторот Канатларовски ги одреди кандидатите за мечот со Ерменија Првиот собир е закажан за 14 август во хотелот "Средно Водно" Миодраг Мицковиќ Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски, ги одреди 18-те фудбалери-кандидати за првата квалификациска средба за ...

Цапар се одлучи за проверени кандидати

Дневник - 10.08.2004

ФУДБАЛ - одредени РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ЗА МЕЧОТ СО ЕРМЕНИЈА За најдобриот тим во конкуренција се враќаат Ставревски, Шумуликоски и Крстев, кои не беа во комбинација на последниот тест со Естонија Македонскиот фудбалски селектор Драги Канатларовски-Цапар, се одлучи од проверени кандидати да го ...

Канатлаговски го објави списокот за дуелот со Ерменија

А1 - 09.08.2004

Македонските фудбалски прволигаши го одиграа стартното коло од 13 сезона но, нема да успеат да фатат залет бидејки веќе следниот викенд ќе паузираат поради премиерниот настап на нашата најдобра селекција во мундијалските квалификации против Ерменија следната среда на Градскиот стадион во Скопје.