TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поповски наострен да критикува, Славески обвинува за злонамерност

Време - 04.11.2006

ПРЕД СОБРАНИСКАТА РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНСОТ Предложениот ребаланс на буџетот има сериозни проблеми, изјави Никола Поповски, поранешниот министер за финансии, кој вчера дојде на комисијата за финансирање и буџет чии членови требаше да расправаат токму за буџетот.

Телеком ги таксал 40-те милиони евра

Вест - 04.11.2006

ДИВИДЕНДАТА ГИ СКАРА ПОПОВСКИ И СЛАВЕСКИ Не го оставивме Буџетот празен, со 6 милијарди денари што ние ги собравме сега новата Влада го прави Ребалансот, му префрли вчера ексминистерот за финансии Никола Поповски на неговиот наследник Трајко Славески.

Владата со ребалансот ќе ја решава енергетската криза

Утрински - 04.11.2006

Со амандман се предвидуваат 20 милиони евра за увоз на струја НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Владата е на нови маки кои ќе ги решава преку ребалансот на Буџетот за годинава. Енергетската криза што и' се заканува на земјава ќе ја чини дополнителни 20 милиони евра што итно мора да ги обезбеди, но таа ветува ...

Уште 20 милиони евра за струја

Дневник - 04.11.2006

Владата ќе обезбеди 1,2 милијарда денари (20 милиони евра) во буџетот за спречување енергетска криза во земјава. Со овие пари МЕПСО ќе купи мазут за Термоцентралата „Неготино“, која од вчера е во погон. - Сите обвинувања кон Владата за зголемување на буџетот со ребалансот не само што се наивни туку ...

20 милиони евра за спас од енергетската криза

Вечер Прес - 04.11.2006

Владата ќе обезбеди 20 милиони евра со ребалансот на Буџетот за да ја спречи енергетска криза што и се заканува на земјата, најави вчера министерот за финансии Трајко Славевски. Министрите на последната владина седница биле информирани од ЕЛЕМ и МЕПСО за неопходноста на средства за набавка на мазут ...

Државни пари за спречување на енергетска криза

А1 - 03.11.2006

Државните пари предвидени во ребалансот на буџетот за годинава, ќе се употребеле и за спречување на енергетската криза што и се заканува на Македонија. Владата предвидела 20 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Патните трошоци го одобрија ребалансот

Вест - 03.11.2006

ПАРЛАМЕНТАРНА ЕФИКАСНОСТ НА ДЕЛО Ребалансот на буџетот помина експресно во собраниските комисии не поради тоа што бил добар туку затоа што со ребалансот пратениците очекуваат да ги земат патните трошоци што им ги должи Собранието Ребалансот на буџетот деновиве многу лесно помина во собраниските ...

Славески возвраќа - плаќаме долгови на старата власт

Утрински - 02.11.2006

Министерот нагласи дека чекаат училиштата, болниците, градинките да се платат сметките за струја, вода, парно... НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Владата им го возвраќа ударот на опозиционите либералдемократи, кои завчера остро ја нападнаа дека планира без тендери во последните шест недели од годинава да ...

Ќе плаќаме трошоци направени од претходната Влада

Вечер Прес - 02.11.2006

ЛДП најверојатно се поведуваат од тоа како тие се однесувале, дека набавувале без тендер Лидерот на ЛДП Ристо Пенов завчера ја обвини Владата дека расипнички ќе потроши 100 милиони евра за колку со ребалансот го зголеми годинашниов буџет.

Пенов си заминува од кормилото на ЛДП?

Утрински - 01.11.2006

Либералдемократската партија на конгресот најавен кон крајот на јануари следната година ќе избере нов лидер и ќе изврши темелни промени во кадровскиот состав, најавуваат партиски извори. Иако официјално одбиваат да ги коментираат случувањата во партијата, високи партиски функционери признаваат дека ...

За аграрот плус 26 милиони евра

Дневник - 01.11.2006

Собраниската Комисија за земјоделство вчера го усвои ребалансот на Буџетот за годинава, со кој за аграрот се предвидени дополнителни 1,6 милијарда денари (26 милиони евра), јави МИА. - Најголем дел ќе биде наменет за субвенции и трансфери - рече министерот за финансии Трајко Славески.

ЛДП бара ребалансот да се троши со усул

Дневник - 01.11.2006

Премиерот Груевски ветуваше дека нема да потрошат ниту денар за мебел и за службени коли, а сега за тоа се планирани 11 милиони евра, изјави Ристо Пенов Либералдемократската партија вчера ја обвини Владата дека расипнички ќе потроши 100 милиони евра, за колку што го зголеми со ребалансот ...

Десет милиони евра за шминка на министерските кабинети

Време - 01.11.2006

ОД РЕБАЛАНСОТ ЌЕ СЕ ТРОШИ И НА ЕНТЕРИЕР Дополнителни 10 милиони евра Владата предвидела за набавка на мебел и на автомобили со ребалансот на буџетот. Според информациите од овој ресор, тие средства ќе бидат потрошени за новите државни органи, во кои се планира и отворањето на Министерство за ...

Пенов на тест пред сопартијците

Време - 01.11.2006

ЛДП НА КОНГРЕС ВО ЈАНУАРИ На конгрес во втората половина на јануари ЛДП ќе ги анализира резултатите од последните парламентарни избори и причините за паднатиот рејтинг на партијата. Можно е конгресот да значи и промена на партиското кормило, со тоа што Ристо Пенов би се повлекол од лидерската ...

Владата без тендер ќе потроши 100 милиони евра за автомобили, мебел, инвентар...

Утрински - 01.11.2006

Груевски вети дека нема да троши во 2007 година, но затоа се' ќе потроши во 2006 БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира да потроши речиси 100 милиони евра буџетски пари, дел од нив преку непосредни спогодби до крајот на годинава.

Јакимовски против Манасиевски за лидер на ЛДП?

Вечер Прес - 01.11.2006

Двајца членови на раководството на ЛДП и поранешни министри, за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски и за одбрана Јован Манасиевски се најсериозни кандидати за наследници на Пенов на претседателското место во партијата.

ЛДП ќе се проветрува темелно

Дневник - 31.10.2006

Кадровските промени во Либералдемократската партија нема да завршат само со промената на лидерот Ристо Пенов, туку ќе има и темелни промени во Извршниот одбор Кадровските промени во Либералдемократската партија нема да завршат само со промената на лидерот Ристо Пенов, туку ќе има и темелни промени ...

ЛДП подготвува амандмани на ребалансот на Буџетот

Канал5 - 31.10.2006

Пратеничката група на Либерално демократската партија ќе предложи амандмани на ребалансот на Буџетот со кои предлагаат средствата предвидени за нов мебел и возила да се префрлат во Министерството за земјоделство и на тутунопроизводителите да им се исплатат преостанатите 15 денари по килограм тутун, ...

Владата ќе троши за мебел и за автомобили

Време - 31.10.2006

РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНСОТ Нелогично и неоправдано Владата одделила 675 милиони денари повеќе за мебел и за автомобили во државните институции, реагираа пратениците од опозицијата вчера на расправата на комисијата за труд и социјална политика, која го поддржа ребалансот на буџетот за 2006 година.

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата за ребалансот на буџетот

А1 - 30.10.2006

Жестока дебата на релација позиција-опозиција почна во Парламентот за ребалансот на буџетот за годинава. Се критикува кабинетот на Груевски дека недомаќински ќе троши дел од парите предвидени со новиот буџет. Како спорна се нотира ставката мебел и коли, каде е предвидено до крајот на годината за ...