TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Растат акциите и прометот на берзата

А1 - 23.02.2008

Берзата се раздвижи. Растеа и прометот и вредноста на акциите. Минатата недела во берзанското тргување со хартии од вредност се свртеа 3,7 милиони евра. Најголем дневен промет во минатите пет дена, се направи во четвртокот. Најголем промет се направи со акцијата на „Скопски пазар“.

Недела со поскапи акции

Време - 23.02.2008

БЕРЗАНСКИ БАРОМЕТАР Берзата се раздвижи неделава. Растеше и прометот и вредноста на акциите. Минатата недела во берзанското тргување со хартии од вредност се свртеа 3,7 милиони евра. Најголем промет се направи со акциите на „Скопски пазар“.

И официјално се продадоа пет проценти од берзата

Време - 22.02.2008

Централниот депозитар на хартии од вредност, вчера ја официјализира продажбата на 5,3 проценти од капиталот на Македонската берза. „Еуросити консалтинг“ е новиот сопственик. Оваа компанија минатиот петок купи 148 акции од Берзата, за што даде 440.000 евра, а завчера реагираше дека Централниот ...

„Еуросити“ стана сопственик на пет отсто од Берзата

Дневник - 22.02.2008

„Еуросити консалтинг“ вчера е заведен како сопственик на 5,3 отсто од капиталот на Македонската берза. Централниот депозитар ја порамни трансакцијата со која во петокот беа продадени 148 акции за околу 440.000 евра, кои порано беа сопственост на Радобанка.

Капиталот заглави во Централниот регистар

Време - 21.02.2008

СЕ ПРОДАВА БЕРЗАТА Компанијата „Еуросити консалтинг“, која во петокот купи 5,3 проценти од капиталот на Македонска берза, реагира што Централниот регистар вчера не сакал да и ја официјализира продажбата, односно да го изврши порамнувањето.

Купувачот се' уште не е сопственик на пет отсто од Берзата

Дневник - 21.02.2008

Експерти тврдат дека одлука на Стечајниот судски совет не може да го спречи порамнувањето и дека тоа денеска сигурно ќе се изврши „Еуросити консалтинг“ вчера не беше заведен како сопственик на 5,3 отсто од капиталот на Македонската берза бидејќи Централниот депозитар не ја порамни трансакцијата со ...

Швајцарска фирма оспорува берзанска трансакција

Утрински - 21.02.2008

Продажбата на 148 акции на Македонската берза во поранешна сопственост на ликвидираната Радо банка предизвика серија обвинувања во јавноста за нетранспрентно тргување. Конфликтот настана помеѓу швајцарската фирма „Доротрејд“ и „Еуросити консалтинг“ со обезбедено финансирање од структурата од „Алфа ...

„Макпетрол“ со најмногу промет

Време - 21.02.2008

БЕРЗАНСКИ БАРОМЕТАР Вкупниот промет со хартии од вредност во вчерашното берзанско тргување е 680.609 евра. Берзата полека живнува, велат аналитичарите. МБИ-10 вчера порасна за 2,71 процент. Најголем промет направија акциите на „Макпетрол“, „Алкалоид“ и на Комерцијална банка.

Битка за сопственоста на Македонската берза

А1 - 20.02.2008

Битка за сопственоста на Македонската берза. Иако новите сопственици купија дел од берзата преку наддавање, Централниот депозитар за хартии од вредност не ја официјализираше продажбата на 5% од капиталот на Македонската берза.

Барање за поништување на продажбата на акции од Берзата

Дневник - 20.02.2008

Од Комисијата за хартии од вредност одговорија дека продажбата на 5,3 отсто од капиталот на Берзата е законска Швајцарската фирма „Доротрејд“ ќе бара судот да ја поништи трансакцијата со која во минатиот петок беа продадени 148 акции од Македонската берза сопственост на Радобанка во стечај.

Акциите на „Витаминка“ паднаа за 15 проценти

Време - 20.02.2008

БЕРЗАНСКИ БАРОМЕТАР Вкупен промет од 733.415 евра е направен на македонската берза во вчерашното тргување со хартиите од вредност. Најголем промет се направи со акциите на „Макпетрол“. Се продадоа акции за 107.000 евра. Цената порасна за 1,1 процент.

Најликвидна битолската Стопанска банка

Време - 19.02.2008

БЕРЗАНСКИ БАРОМЕТАР Вкупен промет од 550.230 евра се направи на берзата во вчерашното тргување. Најликвидна беше акцијата на Стопанска банка - Битола. Вредноста се намали за 0,27 проценти и една акција се продаваше за цена од 9.857 денари. Од банката се истргува капитал во вредност од 125.000 евра.

„Макошпед“ го живна тргувањето

Време - 18.02.2008

БЕРЗАНСКИ ИЗВЕШТАЈ Продажбата на „Макошпед“ ја раздвижи монотонијата на македонската берза, на која минатата недела се направи промет од 11,2 милиони евра. Од нив, 7,3 милиони евра отпаѓаат на продажбата на оваа осигурителната компанија, чиишто 83 проценти од капиталот ги купи бугарската компанија ...

Кокичиња најава за берзанската пролет!

Вечер Прес - 18.02.2008

Неделава, "виновни" за зголемениот берзански промет беа бугарската компанија Еуроинс, која за 7,35 милиони евра го купи Макошпед осигурување и Еуросити консалтинг, кој за 435.000 евра стана газда на 148 акции на АД Македонска берза Македонската берза, неделава, што измина конечно се раздвижи.