TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Насилно симнато албанското знаме во Брвеница

Утрински - 06.08.2005

Вчера во раните утрински часови ТЕТОВО - Вчера, најверојатно, во раните утрински часови од пред седиштето на локалната самоуправа во Брвеница насилно било симнато албанското знаме. Непознат извршител го откорнал металниот дел на кое било закачено, а знамето го однел.

Непознати сторители го симнале албанското знаме

Вечер Прес - 06.08.2005

Тетово, 6 август (МИА). - По повод насилното симнување на знамето на албанската заедница од пред седиштето на локалната самоуправа, Советот на општина Брвеница вчера одржа вонредна седница. Настанот се случил вчера рано изутрина кога од пред седиштето на локалната самоуправа во Брвеница непознат ...

Македонското знаме под албанското

Вечер Прес - 04.08.2005

Првиот тест за употребата на знамињата, како и што се очекуваше, мина со одредени проблеми. На Илинден црвеното знаме со двоглав орел се наоѓаше над македонското во Чаир и Студеничани, во Арачиново го имаше само на неколку места, а во Кондово и Сарај "сонцето" се вееше само на едно место.

Во некои општини остана да се вее само албанското знаме

А1 - 03.08.2005

По Илинден, македонското знаме симнато, а албанското остана да се вее во неколку општини. На јарболот пред општина Чаир и пред 2 Август и утрово државното и знамето на албанската етничка заедница се виорат заедно. Но, улицата „Цветан Димов“ утрово осамна накитена само со албански знамиња.

Државни и албански знамиња во Тетово

Утрински - 03.08.2005

За време на илинденските празници ТЕТОВО - Првпат во поновата историја на Република Македонија вчера, покрај државното знаме, во Тетово се вееше и знамето на Албанија, како знаме на албанската етничка заедница во нашата земја.

За прв пат македонското и албанското знаме едно до друго

А1 - 02.08.2005

Македонското и албанското знаме едно до друго. Вака денеска осамнаа улиците во поголемите мнозинско албански општини. За прв пат двете знамиња се развиорија заедно, за државен празник. Државното и знамето на етничката заедница во Тетово, Струга, Чаир беа на јарболите на општинските згради, ...