Албанија го поздравува и поддржува пакетот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, изјави албанскиот претседател Алфред Мојсиу. Тој, како што јави дописникот на Макфакс, смета дека пакетот на Ахтисари е Документ на компромиси со новите реалности на балканските простори.
Одговорот на српскиот државен врв всушност веќе е познат, Србија никогаш нема да се откаже од суверенитетот врз Косово. Обраќањето на претседателот Тадиќ и особено одбивањето на премиерот Коштуница да се сретне со Ахтисари ја навестуваат и тактиката - радикализација на проблемот, дури и со барање ...
Косово ќе може да го празнува првиот ден од независноста кон средината на летото ако проектот на Марти Ахтисари биде реализиран како што е планирано, објави денеска приштинскиот весник “Коха диторе“, повикувајќи се на неименувани западни дипломати.
Тирана Албанија го поздравува и поддржува пакетот на посредникот, Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, изјави албанскиот претседател Алфред Мојсиу. Тој, како што јави дописникот на Макфакс, смета дека пакетот на Ахтисари е Документ на компромиси со новите реалности на балканките простори.
Белград Речиси сите парламентарни партии во новото српско Собрание ја поддржуваат владината резолуција со која се отфрла предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Единствено коалицијата предводена од Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ, и пратеникот на прешевските ...
Белград Српското Собрание денеска треба да ја одржи конститутивната седница, на чиј што дневен ред, по потврдување на пратеничките мандати, ќе се најде косовското прашање. Како што јавија белградските медиуми, откако ќе се утврдат мандатите на пратениците, тие ќе ја разгледуваат втората точка на ...
Приштина Предлогот за идниот статус на Косово, на посредникот Марти Ахтисари е многу важен чин и сега се очекува конечното решавање на статусот на Косово. Ова го изјави шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, додавајќи дека не е случајност што предлогот на Ахтисари позитивно е дочекан во Приштина.
Вашингтон Независноста на Косово е речиси неизбежна, смета поранешниот американски секретар за одбрана Вилијам Коен. Коментирајќи ги актуелните преговори во Виена, Коен во интервјуто во „Глас за Америка“, како „грешка“ го оценува застанувањето на Русија на страната на Србија.
Белград Новиот состав на Собранието на Србија започна денеска расправа за Косово, врз основа на предлог резолуција од Владата. Расправата за резолуцијата – во која се отфрла дел од планот на посредникот Марти Ахтисари кој имплицира независност – започна веднаш по конституирањето на Собранието, ...
Како што се и очекуваше, лидерот на опозицијата и член на преговарачкиот тим на Косово Хашим Тачи, ден откако Ахтисари го претстави својот план за идниот статус на Косово, со неговата содржина го запозна премиерот Груевски. Владата на Македонија е првиот сосед на Косово што го прифаќа тој план.
Приштина ден потоа, раздвиженост, делумна еуфорија. Независноста за косоварите конечно е веќе на дофат, иконите од минатото се таму, но и реалноста на сегашноста. Ахтисари им го исполни сонот. Сепак, оружјето е тука, но сега велат за заштита, а модерните згради ја навестуваат иднината.
Планот на Ахтисари дојде во момент кога белградската политичка елита се соочува со политичка криза Од нашиот дописник Иван Торов БЕЛГРАД - Веќе нема голема мистерија: специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, вчера му го врачи на претседателот на Србија, Борис Тадиќ, својот нацрт-план за идниот ...
ЕДИТОРИЈАЛ СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Меѓународната заедница вчера нацрта нова граница на Балканот: не ја прогласи, но ја најави независноста на Косово. Таквата вест деновиве се неутрализираше со „балон“-изјави за можни нервозни реакции на Косовците, за потреба од засилување на позициите на КФОР, за ...
Властите во Белград го одбија планот, а во Приштина тој беше прифатен со задоволство БЕЛГРАД, ПРИШТИНА - Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари вчера обелодени план за поставување на отцепената покраина Косово на патот на независност, исход што веднаш беше поздравен од косовските Албанци и ...
Предлог-документот на Марти Ахтисари, заедно со анексите има 60 страници, а главните поенти на политичкиот дел се: • Косово ќе усвои Устав што ќе обезбеди легални и институционални механизми за заштита, промоција и јакнење на човековите права на сите жители на Косово.
Планот на посредникот Марти Ахтисари е изработен уште во ноември, но неговата содржина не беше објавена за да не влијае врз парламентарните избори . Во изминатите два месеца честопати „истекуваа“ детали од главниот план, така што тој веќе беше познат пред официјалното објавување, но извори и во ...
Белград и Приштина имаат последна шанса самите да го договорат, а конечната одлука ќе ја донесе меѓународната заедница Меѓународниот посредник Марти Ахтисари вчера официјално го претстави во Белград и во Приштина својот план за иднината на Косово, кој практично е темел на независноста на Косово, ...
ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Хашим Тачи, член на косовскиот преговарачкиот тим, денеска доаѓа во Македонија за да ја информира Владата за деталите од предлогот на Мартин Ахтисари за идниот статус на покраината, потврдуваат владини извори.
Македонскиот државен врв и вчера остана во исчекување, одбегнувајќи да ги коментира деталите од предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово. Во Министерството за надворешни работи изјавија дека ова е се' уште отворен процес и дека се задоволни што тој се одвива според планираната динамика.
Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска апелираше до меѓународната заедница да го спречи Марти Ахтисари во неговата намера да изврши правно насилство над Србија и присилно да и го одземе најдрагоцениот дел од нејзината територија, Косово, се наведува во соопштението од ...
Испровоциран од ставовите на министерот Еленовски искажани во Центарот за стратегиски студии во Вашингтон, претставникот на српската амбасада ја напушти конференцијата Македонија не очекува насилства во регионот по објавувањето на планот на Марти Ахтисари за Косово, но смета дека најлошото сценарио ...
БЕЛГРАД, 3 февруари (Ројтерс) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари вчера избегна да каже нешто за идниот суверентитет на Косово, меѓутоа на Србија и предаде план што ја поставува сепаратистичката покраина цврсто на патот кон не БЕЛГРАД, 3 февруари (Ројтерс) - Специјалниот ...
МАРТИ АХТИСАРИ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПЛАН ЗА КОСОВО Европскиот пратеник за Косово Марти Ахтисари вчера во Белград му го претстави својот план на српскиот претседател Борис Тадиќ, по што требаше да замине во Приштина. Ахтисари изјави дека планот не е конечен, туку дека се работи за предлог-решение за ...
Прага Русија, без разлика на сегашното противење, ќе се воздржи од гласање во Советот за безбедност (СБ), со што ќе се овозможи усвојување на планот на Ахтисари за Косово. Ова, денеска, го изјави претседателот на Меѓународната кризна група (МКГ) Гарет Еванс, во интервју за Радио Слободна Европа.
Приштина Повик и предупредување до косовските Срби да не се обидат да се отцепат од Косово поради предлогот на Марти Ахтисари, упати денеска косовскиот премиер Агим Чеку. Тој ги повика Србите да не помислуваат на отцепување, поради предлогот на Марти Ахтисари кој отвора пат кон независноста на ...
Виена Приштина и Белград, кои имаат различен пристап кон предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари, ги продолжуваат преговорите во Виена. Спротивставените позиции на двете страни и деликатноста на преговорите ги потврдуваат и разликите во оценките и во изјавите за печат.
Тирана Официјална Тирана го поздрави документот за завршниот статус на Косово, што вчера во Белград и Приштина го предаде посредникот Марти Ахтисари. Шефот на албанската дипломатија Бесник Мустафај синоќа изјави дека станува збор за историски момент за Косово.
Скопје Документот за идниот статус на Косово, што денеска полуофицијално го добивме, ќе биде прифатлив за Владата на Република Македонија. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски, по средбата со членот на косовскиот преговарачки тим, Хашим Тачи, остварена во Скопје.
Лондон Велика Британија цело време силно и доследно ја поддржуваше извонредната работа на Марти Ахтисари и би било од исклучителна важност Белград и Приштина позитивно да реагираат. Ова денеска го изјави британскиот министер за Европа, Џефри Хун во интервју за БиБиСи, додавајќи дека постојат ...
Скопје Лидерот на опозицијата и член на преговарачкиот тим на Косово, Хашим Тачи денеска во Скопје ќе оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Тачи во Македонија ќе допатува по вчерашното претставување на предлогот за статусот на Косово на посредникот на Обединетите нации, Марти ...
Во планот на Ахтисари за статусот на Косово провеваат две клучни загатки. Првата е дека никаде во текстсто не се споменува зборот независност, но се поставуваат сите основи за условна држава. И втората е дека исто така никаде не се спомнува дека Косово е дел од веќе меѓународно призната држава ...
На Русија не и се брза за решавање на статусот на Косово за разлика од Запад кој стравува од нов бран албанско насилство во Косово. Во секој случај, конечното решение за статусот на Косово ќе зависи од договорот меѓу Русија и САД и тоа не само за тоа, туку и за многу други прашања.
Марти Ахтисари остана доследен во својата дипломатска мисија. По средбата со српскиот претседател Борис Тадиќ, одби да одговори дали неговиот предлог за статусот го води Косово кон независност. „Во врска со статусот на Косово, ќе појаснам кога ќе го дадам мојот конечен план на Советот за безбедност.
Европската Унија и Стејт департментот ги повикаа Белград и Приштина да покажат одговорност, флексибилност и смисла за реален компромис по објавувањето на предлогот за статусот на Косово. Германија, како претседавач со Унијата, смета дека статусното решение за Косово ќе биде од решавачко значење за ...
„Косово ја чека својата иднина“. Со вакви билборди денеска Приштина го дочека специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари, кој под рака го донесе својот предлог за идниот статус на Косово. Иако никој не очекуваше изненадувања, косоварите со нетрпение сакаа да чујат што тој има на ум за нив.
Територијата на Косово ќе биде дефинирана со границите на покраината од 31 декември 1989, а во делот кон Македонија ќе важи договорот со СРЈ од 23 февруари 2001 Косово и Македонија ќе формираат заедничка техничка комисија, која физички ќе ја обележи границата и ќе ги решава проблемите поврзани со ...
Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари денеска во Белград на српскиот претседател Борис Тадиќ му го претстави планот за покраината во кој не се споменува експлицитно зборот „независност“, но се даваат препораки за меѓународно контролирана државнос Белград, 2 февруари (МИА) ...
Во МВР како чувствителен по безбедноста го оценуваат овој период кога се решава прашањето на статусот на покраината – сепак велат дека безбедноста е стабилна,а границата со Косово интензивно се набљудува. Во МВР како чувствителен по безбедноста го оценуваат овој период кога се решава прашањето на ...
Одлука Косовскиот преговарачки тим задоволен, косовските Срби се плашат од ново етничко чистење во стилот на хрватската „Луња“ Ниту независност за Косово ниту суверенитет на Србија не содржи предлогот на специјалниот претставник на Обединетите нации, Марти Ахтисари.
Главните улици во Приштина попладнево ќе бидат затворени за сообраќај, соопшти денеска Косовската полициска служба. Приштина, 2 февруари (МИА) - Главните улици во Приштина попладнево ќе бидат затворени за сообраќај, соопшти денеска Косовската полициска служба.
Канцеларијата на специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово (УНОСЕК) на својата Интернет страница ги објави главните точки од предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово врз основа на кој Косово ќе биде мултиетничко општество кое демократски ќе управува само со себе и кое ќе ги ...
Косовските власти се воздржани за предлогот што денеска во Приштина го донесе Ахтисари. Велат дека не се задоволни од целиот пакет, но дека сепак тој води кон независност. Косовските власти се воздржани за предлогот што денеска во Приштина го донесе Ахтисари.
Промена на Резолуцијата 1244 ќе помогне за решавање на проблемите во Косово, вели Шук „Сегашниот статус на Косово согласно со Резолуцијата 1244 не ни овозможува да донесеме квантитативни подобрувања. Оттаму очекува претставувањето на планот на Марти Ахтисари да означи крај на сегашниот статус кво“, ...
Основниот впечаток е дека предлозите на Ахтисари оставаат простор косовските Албанци да прогласат независност, која би можела да биде призната од поединечни држави Меѓународниот посредник Марти Ахтисари денеска во Белград и во Приштина ќе го претстави својот предлог за иднината на Косово, во кој ...
КРИТИЧЕН МОМЕНТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОСОВО Меѓународниот пратеник за Косово Марти Ахтисари денеска треба да допатува во Белград и Приштина да го претстави својот план за Косово. Непосредно пред доаѓањето, српски и косовски весници објавија делови од неговиот план за идниот статус на Косово, а ...
Приштина Предлогот на Марти Ахтисари, ќе биде тема на денешната вонредна седница на Владата на Косово , јавија медиумите во Приштина. Според исти извори, вонредната седница на Владата ќе биде одржана попладне, непосредно откако специјалниот пратеник Марти Ахтисари ќе соопшти предлогот за решавање ...
Виена Делегациите на Белград и Приштина денеска треба да ги продолжат преговорите за статусот на Косово, што започнаа во средата во Виена. Првиот ден заврши без доближување на спротивставените ставови и со песимистички оценки од учесниците во преговорите.
Белград Нема да има “вештачки временски рокови“ за преговорите за идниот статус на Косово што ќе бидат обновени на 21.февруари. Ова го изјави американскиот претставник за Косово Франк Визнер, за рускиот дневник “Комерсант“, додавајќи дека сепак, преговорите “не може да се одложуваат во недоглед“.
Белград Советот за безбедност на ООН нема да донесе нова резолуција за Косово без претходнo усогласување на државите со право на вето. Ова го изјави членот на српскиот тим во преговорите за Косово Леон Коен, во интервју за белградскиот весник “Вечерње Новости“.
Брисел Планот на Марти Ахтисари и прашањето за Косово ќе биде внимателно разгледани од Европската Унија(ЕУ, која ќе се консултира и со Русија. Ова денеска го изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер пред почетокот на состанокот на Советот на министри на ЕУ во Брисел.
Белград/Приштина Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) Марти Ахтисари денеска во Белград и во Приштина треба да го претстави предлогот за статусот на Косово. Предвидено е Ахтисари претпладне во Белград да биде примен од претседателот на Србија Борис Тадиќ, по што ќе одржи прес ...
Брисел Европската унија (ЕУ) е единствена во целосната поддршка за посредникот Марти Ахтисари во неговите напори за утврдување на идниот статус на Косово. Ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен на прес конференција, по завршувањето на состанокот на шефовите на ...
Белград/Приштина Конечниот предлогот за статусот на Косово кој „ја отвора можноста за независност“, денеска им беше врачен на властите во Белград и Приштина, од страна на меѓународниот посредник Марти Ахтисари. Посредникот најпрво допатува во Белград, каде планот му го предаде на српскиот ...
Белград Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари денеска му го врачи планот за статусот на покраината на српскиот претседател Борис Тадиќ. Според документот, Ахтисари ги определува условите кои што треба да се исполнат за да се прогласи државност, поставена под ...
Берлин Европската унија ги повика Белград и Приштина да покажат одговорност, флексибилност и смисол за реален компромис по објавувањето на предлогот за статусот на Косово. Германија, како претседавач со ЕУ, во соопштението објавено денеска смета дека статусното решение за Косово ќе биде од ...
Белград Специјалниот пратеник на Обединетите нации за статусот на Косово Марти Ахтисари се обидува да наметне решение, оценува српскиот премиер Воислав Коштуница. Коштуница, за време на денешниот разговор со данскиот министер за надворешни работи Пер Стиг Мелер, нагласи дека Белград конструктивно ...
Виена Претставниците на Белград и Приштина денеска во Виена ги продолжија преговорите за предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари. Двата преговарачки тима, како што јавуваат српските медиуми, денеска ќе ги разгледуваат анексите на планот што се однесуваат на ...
Скопје Неформална независност на Косово предлага меѓународниот посредник Марти Ахтисари во неговиот целосен, но, не и конечен план. Ова се заклучува од планот кој доцна попладнето беше објавен на интернет сајтот на Ахтисари, а заклучокот го потврдија и српските и косовските власти по денешните ...
Приштина Полицијата на Косово минатата ноќ презела широка акција на претрес и затворање на канцеларијата на “Самоопределување“ во Приштина и на други места, официјално е соопштено. Според полицијата, запленети се компјутери и разни белешки пронајдени за време на претресот, и се уапсени три лица кои ...
Приштина Предлогот на посредникот Марти Ахтисари претставува основа за создавање на независна и суверена држава Косово, оцени косовскиот преговарачки тим. Претседателот на Косово Фатмир Сејдију, по средбата со Ахтисари во Приштина, изјави дека предлогот на специјалниот пратеник на ОН ќе створи ...
Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари утре во Приштина и Белград ќе донесе работен документ, а не конечен предлог за статусот на Косово. Ова во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Тој рече дека предавањето на документот ќе значи почеток на нов дијалог за овој предлог.
Судна неизвесност владее во Белград, еден ден пред пристигнувањето на посредникот на ОН Марти Ахтисари, со неговиот предлог за статусот на Косово. Дилеми нема, Ахтисари документот ќе му го предаде на српскиот претседател Борис Тадиќ.
Еден ден, откако посредникот Ахтисари ќе го претстави својот план пред косовските авторитети, со него ќе биде запознае и премиерот Груевски. Во сабота тој ќе има средба со првиот човек на косовскиот тим во преговорите за статусот, Хашим Тачи.
ПРЕД УТРЕШНИОТ ПРЕДЛОГ НА АХТИСАРИ Независноста на Косово е единственото можно решение. Незамисливо е да се вратат српските војници на оваа територија. Се се движи кон создавање на уште една албанска држава. Во вид на клаузула, најверојатно во предлогот ќе се стави и некакво ограничување да не може ...
Демократската партија на Србија (ДСС) на Воислав Коштуница предвидува заострување на односите со сите земји, особено со членките на НАТО, кои би признале каква било форма на независност на Косово. Со ваква платформа ДСС завчера ги почна преговорите со претседателот Борис Тадиќ за формирање нова ...
Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари утре во Белград и Приштина ќе го претстави предлогот за статусот на покраината, пренесува МИА. Според најавите, Ахтисари ќе допатува во Белград утре претпладне и ќе разговара со претседтаелот на Србија Борис Тадиќ.
НАЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ВО ОСТАВКА Српскиот премиер Воислав Коштуница најави дека Србија ќе ги прекине односите со сите земји што ќе го признаат Косово како независно. Коштуница, кој е во оставка откако неговата партија ДСС беше дури трета на предвремените избори, завчера поставил услов до сите партии ...
Финалето на преговорите за косово не носи безбедносна закана за регионот. Со ваква проценка, ден пред објавувањето на пакетот на Ахтисари за конечниот статус на протекторатот, во Скопје дојде вториот човек на УНМИК Стивен Шук. Финалето на преговорите за косово не носи безбедносна закана за регионот.
Москва и Пекинг се за тоа да се продолжи со барање компромис преку преговори кои нема да бидат ограничени со рокови Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Кина и Русија имаат идентичен став околу решавањето на статусот на Косово.
Прашањето за исцртувањето на границата помеѓу Македонија и Косово ќе се затвори со потпишување на договор помеѓу владите во Скопје и во Приштина, дознава „Дневник“ од дипломатски извори во провинцијата. Ова прашање, кое Косово го проблематизира од 2001 година, кога Скопје и Белград го потпишаа ...
Лидерот на косовското радикално движење „Самоопределување“ Албин Курти во интервју за бугарската агенцијата „Фокус“ изјави оти очекува нови крвопролевања во покраината. Приштина, 1 февруари (МИА) - Лидерот на косовското радикално движење Самоопределување Албин Курти во интервју за бугарската ...
Приштина Движењето на косовските Албанци „Самоопределување“ за денеска закажа големи протести во Приштина, против Предлогот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. „Косово треба да се прогласи за независно и воопшто да не се преговара со Белград“, се вели во соопштението на ова ...
Приштина Приштинскиот дневник "Епока е Ре" денеска објави документ за кој наведува дека е предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косово, а во него не се споменува зборот независност на Косово.
Виена Делегации на Белград и Приштина денеска во Виена ја започнаа финалната рунда преговори за статусот на српската покраина Косово, со посредство на меѓународниот пратеник Марти Ахтисари. Предвидено е, оваа последна рунда преговори врз основа на планот што го претстави Ахтисари, да траат до 2 ...
Приштина Лидерот на радикалното движење „Самоопределување“, Албин Курти, на 3 март ќе организира нови демонстрации во Приштина. Демонстрациите, како што пренесуваат косовските медиуми, се организираат поради предлогот за статусот на Косово на специјалниот пратеник на Обединетите нации(ОН), Марти ...
Приштина Ниту независност за Косово, ниту суверенитет на Србија не содржи предлогот на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) Марти Ахтисари. Тој во петок во Белград и во Приштина ќе го претстави својот предлог за идниот статус на Косово.
Белград Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари утре во Приштина и Белград ќе донесе работен документ, а не конечен предлог за статусот на Косово. Ова во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Тој рече дека предавањето на документот ќе значи почеток на нов дијалог за овој ...
Виена Белград и Приштина, денеска нешто после 10 часот ги започнаа преговорите за предлог-планот на Обединетите нации (ООН) за статусот на Косово, објавен на почетокот од овој месец. Средбата во Виена, на која ќе претседава Марти Ахтисари, предвидено е да трае до 2 март.
Москва Официјална Москва не се согласува со ставот дека независноста е единствено решение за статусот на Косово, пренесуваат руските медиуми. Ваквиот став денеска во Виена го соопшти рускиот претставник во постојаниот совет на ОБСЕ, Владимир Воронков.
Виена Белград и Приштина, денеска, треба да започнат нова рунда преговори за предлог-планот на Обединетите нации (ООН) за статусот на Косово, објавен на почетокот од овој месец. Средбата во Виена, која што е предвидено да трае до петок под претседателство на Марти Ахтисари, ќе биде последен обид за ...
Братислава Претседателот на Словачка Иван Гаспарович го критикуваше планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово, кој предвидува суверенитет под меѓународна контрола. „Словачка ќе бара поурамнотежен документ. Косово има потреба од меѓународна контрола, но не и од решение за создавање на суверена ...
Виена Без напредок заврши првиот ден од финалните преговори за статусот на Косово, што се одржуваат во Виена, пренесуваат агенциите. Специјалниот посредник Марти Ахтисари изјави вечерва дека преговорите се добар почеток, но кога станува збор за статусот „не се промени ништо и нема сигнали дека ...
Виена Специјалниот претставник на ОН Марти Атисари, денеска во Виена, ќе го извести Постојаниот совет на ОБСЕ за процесот на утврдување на идниот статус на Косово. Ахтисари, попладнево, треба да се обрати пред амбасадорите на ОБСЕ во конференцискиот центар Хофбург.
Прекин на дипломатските односи со сите земји кои ќе го признаат Косово, бара партијата на премиерот во заминување Воислав Коштуница во платформата за формирање на новата Влада што му ја достави на претседателот Борис Тадиќ. Во платформата на Демократската странка на Србија се наведува дека Србија, ...
Предлозите на Ахтисари предизвикале „бес“ кај српскиот премиер Коштуница Вашингтон и Брисел веќе дале согласност за независност на Косово и имаат план како да го заобиколат ветото од Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Приштина – Нова резолуција која би „отворила пат“ за независност на Косово ќе донесе Советот за безбедност на ОН ако Србија не го прифати предлогот на Марти Ахтисари, пишува косовскиот печат. Ваков епилог предвидуваат анонимни западни дипломати на кои денеска се повикува косовскиот весник на ...
Лондон - Западните држави се согласиле да се дозволи постоење независно Косово, пишува лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“ со забелешка дека иако тоа е „ризичен план“, сепак е „подобар отколку да не постои никаков план за иднината на покраината“.
Шефот на шведската дипломатија Карл Билд очекува документот за статусот да го добие задутре, во исто време кога Ахтисари ќе го претставува во Белград и во Приштина. Шефот на шведската дипломатија Карл Билд очекува документот за статусот да го добие задутре, во исто време кога Ахтисари ќе го ...
НОВ ПРЕДЛОГ ЗА КОСОВСКИОТ СТАТУС ОД БЕЛГРАД Србија му понуди „внатрешна независност“ на Косово, која би значела дека Србија има симболичен суверенитет врз Косово. Според предлогот, претставен од Слободан Самарџиќ, советник на српскиот премиер Воислав Коштуница, договорот би бил преиспитан повторно ...
Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Белград очекува Путин да им ја заврши работата, а овој, се чини, смета дека Русите не можат да бидат „поголеми Срби од Србите“ Србија повторно е затекната. Овој пат, меѓутоа, не толку со „протекување“ на некои детали од планот на Ахтисари за конечниот (или идниот) статус на ...
приштина - Наит Хасани, функционер на ДПК, вели дека е можно меѓународната заедница да се одлучи на поделба на Косово. Во таа изјава за Косовапрес функционерот на Демократската партија на Косово изјави дека меѓународната заедница би можела да се одлучи за поделба на Косово, но на тоа енергично се ...
Западните држави се согласиле да се дозволи постоење на независно Косово, пишува лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“, со забелешка дека иако е тоа „ризичен план“, сепак е „подобар отколку да не постои никаков план за иднината на покраината“.
ИАКО НИКОЈ НЕ САКА ДА ГО ПРИМИ ВО БЕЛГРАД Пратеникот на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари не се откажува од својот план да ја посети Србија, иако српската влада, која по изборите е во оставка, се прогласи за ненадлежна да расправа за Косово.
Поделбата би била опасна и би значела нова војна на Косово и во регионот - изјави Наит Хасани, висок функционер во партијата на Хашим Тачи Меѓународната заедница сериозно ја разгледува и можноста за поделба на Косово, ако предлогот на посредникот Марти Ахтисари не добие поддршка, предупредува Наит ...
Седумнаесет илјади мировни сили на НАТО во Косово се во состојба на готовност поради потенцијално насилство, со оглед на тоа што Обединетите нации се подготвуваат да ги откријат плановите за иднината на отцепената српска покраина, изјави вчера командантот на Алијансата.
Партнер на Македонија, за демаркација на северната граница кон Косово, ќе бидат токму косовските власти. Ова го предвидува документот на Ахтисари, чии делови ги објави „Гласот на Америка“. Тоа значи дека границите на Косово ќе бидат административните за време на поранешна Југославија, додека на ...
Планот за идниот статус на Косово, што специјалниот преговарач на Обединетите нации, Марти Ахтисари, го предложи пред Контакт-групата, содржи „виртуелна“ независност за покраината и повеќе концесии кон Србија и косовските Срби, открива лондонски весник „Индипендент“.
Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари планира да ја оствари посетата на Србија оваа недела за да го претстави неговиот предлог за идниот статус на Косово и покарј апелите од досегашната српска власт да почека до формирањето ан новиот кабинет, соопшти денеска Канцеларијата на Ахтисари.
Лондон - Планот за идниот статус на Косово, што пред Контакт-групата го предложи специјалниот преговарач на ОН, Марти Ахтисари, содржи „виртуелна“ независност за покраината и повеќе концесии кон Србија и косовските Срби, открива лондонски весник „Индипендент“.
Белград, 29 јануари (МИА) - Пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари треба да „се смири“ и да го почека формирањето на новата српска влада пред да ги започне преговорите за неговиот предлог за иднината на покраината, порача вчера Демократската партија на Србија (ДСС) на актуелниот српски премиер ...
Пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари треба да "се смири" и да го почека формирањето на новата српска влада пред да ги започне преговорите за неговиот предлог за иднината на покраината, порача Демократската партија на Србија (ДСС) на актуелниот српски премиер, Воислав Коштуница.