TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тутунарите го бојкотираат откупот

Време - 05.12.2007

НЕЗАДОВОЛНИ ОД ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ Празни откупни пунктови и револтирани тутунари од ниските цени што го бојкотираат откупот е сликата на вториот ден од официјалниот старт на откупот на тутунот од типот „басмак“ во прилепско-долненскиот регион. Во откупните пунктови ниту грам од оваа сорта тутун.

Тутунарите продолжуваат со бојкотот

А1 - 04.12.2007

Тутунарите продолжуваат да го бојкотираат откупот на тутунот, незадоволни што монополите сакаат да го земаат по ланските цени, и покрај намалениот род од сушата и зголемените трошоци на репроматеријалите. За да се нормализира откупот, тутунарите бараат од министерот за земјоделство Спасеновски да ...

Повисоки цени или бојкот

Вест - 04.12.2007

ПОЧНА ОТКУПОТ НА ТУТУНОТ Битолски "Сокомак" и "Алијанса" од Кавадарци , без повереници, во Прилепско ги отворија пунктовите за откуп на басмакот", но тутунарите беа малобројни поради ниските откупни цени.. "Наместо 200 денари откупна цена, не добиваме ни 120 денари за килограм басмак, сорта која е ...

Тутунарите не го даваат тутунот

Време - 04.12.2007

ДОЛНЕНСКО Откупните претпријатија вчера во општината Долнени ги отворија пунктовите, но тутунарите не го даваат тутунот поради ниските откупни цени. Тие бараат зголемување на откупните цени од околу 25 отсто по класи за типот „прилеп“ и бараат средба со откупувачите.

Откупот на тутунот почна со бојкот

Утрински - 04.12.2007

Тутунопроизводителите се незадоволни од откупните цени и од начинот на класифицирање Незадоволство, разочараност и бојкот. Во ваква атмосфера вчера во повеќе пунктови во земјава почна откупната сезона на тутунот. Тутунопроизводителите од неколку производствени региони реагираа на ниските откупни ...

Откупот на тутунот почна со бојкот

Дневник - 04.12.2007

Незадоволни од процената на квалитетот на родот и од понудените цени, тие се заканија дека тутунот ќе си го вратат дома и ќе го запалат Празни останаа повеќето од пунктовите на тутунските претпријатија бидејќи тутунарите вчера го бојкотираа првиот ден од откупот.

Прилепскиот комбинат најде пари за тутун, ама не почна со откуп

Вечер Прес - 04.12.2007

Според информациите од терен, тутунот веќе се откупува во прилепските села Долнени и Кривогаштани Прилепскиот монопол, најголемиот Тутунски комбинат во земјава вчера не почна со откуп на тутунот иако се обезбедни пари за преземање на 3.500 тони "жолто злато".

Тутунарите незадоволни на стартот на откупот

А1 - 03.12.2007

Ниски цени, нереални класи и годинава реприза од лани, тутунарите незадоволни на стартот на откупот. Во прилепско се откупуваше најквалитетниот тип - басмакот, во просек за 120 денари, а на некои места и многу помалку. Тутунарите го блокираа откупот и не го предаваа тутунот, инцидентно се предаваше ...

Тутунарите се заканија со блокада на откупните пунктови

Дневник - 03.12.2007

Откупните претпријатија годинава дел од зголемениот профит треба да го поделат со тутунарите, што би значело повисока цена за тутунот, изјави завчера во Прилеп Перо Димшоски, заменик-министер за земјоделство по средбата со претставниците на локалните тутунски здруженија.

Прилепските тутунари бараат повисока цена за тутунот

Вечер Прес - 03.12.2007

Прилепските тутунари бараат повисоки откупни цени на тутунот. Својот став тие вчера му го пренесоа на заменик-министерот за земјоделство, Перо Димшоски, кој им рече дека иако Министерството е за повисоки откупни цени, сепак, конечниот збор го имаат откупните претпријатија.