TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Коштуница демантира дека наредил упад во владина институција

А1 - 29.06.2002

Југословенскиот претседател Воислав Коштуница упати писмо до српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ и другите челници на српската влада во кое тврди дека никогаш не наредил упад во Бирото за комуникации на Владата на Србија, ниту во било која друга владина институција.

Смената на Павковиќ ја зајакна позицијата на Коштуница

Утрински - 28.06.2002

Во Белград се одвива уште една пресметка на центрите на моќта во Федерацијата и во Србија Драган Николиќ Со смената на началникот на Генералштабот на ВЈ, Небојша Павковиќ, во Белград не почна ништо ново ниту пак старото се заврши.

Нема вакуум во командувањето на Војската на Југославија

А1 - 27.06.2002

„Поради промените во врвот на Генералштабот на Војската на Југославија, ниту за било какви други причини, во ниту еден момент не дошло до создавање вакуум во командувањето или да запре извршувањето на планираните задачи на армијата“, изјави началникот на Генералштабот на ВЈ, генералот Бранко Крга.

Коштуница за претседателски избори според нов устав

А1 - 27.06.2002

„Претседателските избори во Србија треба да се одржат според нов устав“, изјави југословенскиот претседател Коштуница, додавајќи оти нема ниту една правна причина по која тие би се одржале до крајот на годинава. Оценувајќи го одржувањето на претседателските избори според постојниот Устав како ...

Генералот Павковиќ се повлече, Коштуница победи

Вест - 27.06.2002

БЕЛГРАД, 27 јуни (Ројтерс) - Заканите на Небојша Павковиќ, поранешниот генерал во војската на Милошевиќ во Косово, до југословенскиот претседател Коштуница пропаднаа и можно е накоро самиот да се најде пред воениот трибунал во Хаг.

Генералот Павковиќ остана сам во одбрана на фотелјата

Дневник - 27.06.2002

СМЕНУВАЊА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА АРМИЈА Југословенските генерали ја поддржале одлуката на претседателот Воислав Коштуница да го смени началникот на Генералштабот Југословенскиот претседател Воислав Коштуница завчера одржал средба со најистакнатите генерали во Војската на Југославија, на која добил ...

Српската влада бара детална истрага за обвинувањата на Павковиќ

А1 - 26.06.2002

Српската влада побара од сојузното собрание да спроведе истрага по повод обвиненијата што генералот Небојша Павковиќ ги упати на сметка на југословенскиот претседател и побара од Воислав Коштуница да одговори дали се вистинити тврдењата дека неговиот кабинет му наредил на сменетиот началник на ...

Коштуница го смени началникот на ју-војската Небојша Павковиќ

Вест - 26.06.2002

Белград, 26 јуни - Претседателот на СР Југославија Воислав Коштуница завчера го смени началникот на генералштабот на војската на Југославија, генерал полковникот Небојша Павковиќ. Според Коштуница, одлуката за смена во воениот врв на Југославија е донесена поради зачувување на "цивилната контрола, ...

Коштуница го разреши генерал Павковиќ

Утрински - 26.06.2002

По големиот притисок во Југославија и меѓународната јавност Генералот го обвини претседателот дека неговата постапка е поради лична одмазда Началникот на Генералштабот на војската на Југославија, генерал Небојша Павковиќ, беше разрешен од страна на претседателот Воислав Коштуница, но одбива да ја ...

Коштуница го смени Павковиќ, генералот не сака да си оди

Дневник - 26.06.2002

ХАОС ВО БЕЛГРАД Началникот на Генералштабот вели дека е сменет затоа што не сакал да ја исполни "лудата наредба" од претседателот да изврши упад во зградата на српската Влада Југословенскиот претседател Воислав Коштуница вчера со указ го сменил началникот на Генералштабот, Небојша Павковиќ, поради ...

Сменет началникот на генералштабот на Војската на Југославија

А1 - 25.06.2002

Претседателот на СР Југославија, Воислав Коштуница донесе указ за смена на началникот на генералштабот на Војската на Југославија, генерал полковникот Небојша Павковиќ. Според Коштуница, одлуката за смена во воениот врв на Југославија е донесена поради зачувување на цивилната контрола, ...