ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да одржи итна седница, на која би се расправало исклучиво за, како што велат, прекумерната употреба на сила при разбивањето на демонстрациите во Струга и приведувањата кои следуваа. Во партијата велат дека со употребата на солзавец, шок бомби и гумени куршуми сериозно ...
Дејан Николовски <> Македонската влада за кратко време доживеа неколку удари. Тие што сакаат поинаку да се изразуваат велат - порази. Во спортот, тимот што победува не се менува. По аналогија, оној што реди порази итно мора да се смени, особено ако дава автоголови.
ПРЕТЕРА ЛИ ПОЛИЦИЈАТА ВО СТРУГА? Александар Божиновски <> Кризниот штаб на Струга цврсто стои на ставот дека специјалните единици на МВР употребиле недозволени средства за да ги смират демонстрантите што ја опколија зградата во која минатата недела се појави Владо Бучковски, министерот за одбрана.
ПЕТ ДЕНА ПО НЕМИРИТЕ ВО СТРУГА Александар Божиновски Врз разгневените стружани полицијата сепак употребила гумени куршуми, признаваат во МВР, откако неколку дена по ред упорно изјавуваа дека тие веќе неколку години не употребуваат таква муниција.
„ВРЕМЕ“ ДОЗНАВА Александар Божиновски Специјалните единици на МВР пукале во стружаните што протестираа поради доаѓањето на Владо Бучковски, со гумени куршуми тешки 32 грама, со иста јачина како оние што ги користи израелската војска против Палестинците, велат за „Време“ експерти за оружје.