TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ливерпул го прави Жерар најскап фудбалер во Англија

Утрински - 05.05.2007

Откако Ливерпул стигна до финалето на Лигата на шампионите капитенот Стивен Жерар ќе добие уште една награда. Сопствениците на клубот американските бизнисмени Џорџ Жилет и Том Хикс, планираат да му понудат на Жерар нов договор, според кој ќе треба да заработува неверојатни шест милиони фунти ...

Гатузо: Ливерпул се како Италијанците од пред 10 години

Вечер Прес - 05.05.2007

Англичаните единствено што прават е да се бранат внимателно и топката со долги проигрувања да ја испраќаат до единствениот истурен напаѓач, вели дефанзивецот на "росонерите" Уште не стивнале импресиите по дознавање на учесниците во финалето од Лигата на шампионите на 23 мај во Атина, а веќе почна ...

Атина пак ќе биде фудбалски Цариград

Дневник - 04.05.2007

Во реприза на финалето од Истанбул во 2005 година, овој пат во главниот град на Грција ќе се сретнат Милан и Ливерпул Реприза на финалето од пред две години ќе има на завршниот меч од Лигата на шампионите во Атина, откако Милан го елиминира Манчестер во полуфиналниот дуел од елитното фудбалско ...

Милан доби шанса за одмазда

Вест - 04.05.2007

ЛИГА НА ШАМПИОНИ Ќе гледаме реприза од Истанбул. - Џерард и Кака Милан ќе има уште една шанса да го победи Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите. Две години по нивната епска пресметка во Истанбул, тие ќе се сретнат повторно во финалето на 23 мај, на Олимпискиот стадион во Атина, Грција.

Милан го згази Манчестер

Време - 04.05.2007

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ПОЛУФИНАЛЕ: МИЛАН -МАНЧЕСТЕР Ј. 3-0 Шесткратниот европски шампион Милан ќе игра во атинското финале на 23 мај, во мултимилионското континентално натпреварување Лигата на шампионите, третпат во последните пет години, и одново против Ливерпул, што ќе биде реприза на магичната ...

Росонерите пред рајските порти

Вечер Прес - 04.05.2007

Со извонредна и пред се ефикасна игра тие го прегазија Манчестер Јунајтед, совладувајќи го со 3:0 (вкупно 5:3) и како пред две сезони пак ќе се борат за пехарот со Ливерпул - Мислам дека ниеден тренер не можеше да очекува ваков натпревар, одигравме совршен фудбал. Беше како во сон.

Ливерпул и Милан повторно во битка за тронот

А1 - 03.05.2007

Учесниците во една од најдраматичните завршни пресметки во фудбалската Лигата на шампионите, Ливерпул и Милан, повторно по само две години ќе се сретнат во финалето на елитното натпреварување. Ова откако Милан стана финалист, демолирајки го во полуфиналниот реванш Манчестер Јунајтед, со 3:0 лесно ...

Милан се надева дека ќе ги избрише спомените од Истанбул

А1 - 03.05.2007

Фудбалските вљубеници веќе поздравија евро-клупско финале од епски димензии. Милан му се приклучи на Ливерпул во натпреварот за најценетиот пехар, оној од Лигата на шампионите. За три недели на олимпискиот стадион во Атина ќе играат два тима што тежат 11 континентални титули и кои пред две години ...

„Росонерите“ во мисија против Манчестер ј.

Дневник - 02.05.2007

Милан на свој терен вечерва ќе се обиде да ја надмине негативата (2-3) од првиот полуфинален меч со Англичаните Италијанскиот фудбалски гигант Милан вечерва (20:45 ч.) против Манчестер јунајтед ќе биде во мисија да спречи англиско финале во Лигата на шампионите.

Анчелоти сака реприза од Минхен

Вест - 02.05.2007

ЛИГА НА ШАМПИОНИ Талентиран за клучни голови. - Филипо Инsаги Карло Анчелоти побара од Милан да ја повтори играта од четврт-финалето против Баерн Минхен денеска, кога ќе го пречека Манчестер јунајтед во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Алекс Фергусон најавува многу голови

Време - 02.05.2007

ВЕЧЕРВА ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛШ: МИЛАН - МАНЧЕСТЕР Ј. (2-3 ПО ПРВИОТ МЕЧ) Реванш-натпреварот од полуфиналето во најквалитетното и најпрестижното европско натпреварување, Лигата на шампионите, ќе го играат миланскиот фудбалски гигант Милан и Манчестер јунајтед, вечерва (20.45 часот), во Милано.

Милан - штит за англиската империја

Вечер Прес - 02.05.2007

На "росонерите" им е потребен гол за пласман во финалето, но и Манчестер Ј. најавува дека нема да ја брани предноста од првата средба Вечерва ќе биде позната финалната двојка во борбата за пехарот во фудбалската Лига на шампиони.