TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Аргументите се во корист на Облешево

Време - 31.07.2004

АЛЕКСАНДАР ГЕШТАКОВСКИ Аргументите на облешани се во корист на нивното барање за посебна општина. Документите што тие ги доставиле ќе бидат разгледани од Владата, по што, како што ни изјави Александар Гештаковски, министер за локална самоуправа, тоа веројатно ќе резултира со позитивно владино ...

Патот отворен, облешевки штрајкуваат со глад

Утрински - 30.07.2004

По вчерашната интервенција на полицијата во Облешево ШТИП - Со завчерашната интервенција, полицијата ја деблокира источната магистрала која од Штип преку Кочани и Делчево води до граничниот премин на македонско-бугарската граница, но протестот на облешевските жени не заврши.

"Господа од СДСМ, престанете да си го тепате народот"

Вест - 30.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ РЕАГИРАШЕ НА ПОЛИЦИСКОТО РАСТУРАЊЕ НА БЛОКАДАТА КАЈ ОБЛЕШЕВО ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од Владата "конечно да престане да го тепа својот народ и да не го правда на тој начин своето велепредавство, употребувајќи сила наместо аргументи".

Облешанки истепани, полицијата тврди дека немало инциденти

Време - 30.07.2004

НА БАРИКАДИТЕ НА ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ Шест жени се лесно повредени, а едно лице било приведено при интервенцијата на околу 50 припадници на специјалните единици на МВР на блокадите при влезот на Облешево. Полицијата интервенирала за да ги отстрани блокадите на патот.

Децата ја бранат Општината

Вест - 30.07.2004

ЛЕТЕН РАСПУСТ ВО ОБЛЕШЕВО Откако полицијата завчера попладне ја отстрани механизацијата, на патот легнаа жени. За час во живиот sид се најдоа и голем број деца кои, качени на ученички клупи со развиорени македонски знамиња, пееја мак Завчера попладне повеќе од 10 часа траеше драмата во с.

Сигнали за спас на Облешево

Дневник - 30.07.2004

протести Во Облешево вчера беше мирно, а сообраќајот на магистралниот пат се одвиваше по една коловозна лента. Според облешевци, неизвесно е до кога ќе трае мирот. Тие го чекаат исходот од собраниската расправа и велат дека пратеничкото "не" за останување на општината може да биде почеток на нови ...

За Облешево ќе се решава на крајот на амандманската расправа

А1 - 29.07.2004

За Облешево ќе се решава на крајот на амандманската расправа. Владата си даде дополнително време, за уште еднаш да ги разгледа барањата на жителите кои протестираат веќе две недели. Гештаковски објаснува дека одлучувале според барањата на жителите од селските населби, кои иако најпрво барале центар ...

Облешевчани сами ги отстранија блокадите

А1 - 29.07.2004

По 13 дена отежнат, и на моменти целосно отсечен сообраќај на магистралниот пат Штип-Делчево, жителите на Облешево денес сами го деблокираа патот. Изјавата на министерот Гештаковски, дека за решавањето на статусот на општината Облешево во следните два дена ќе одлучи Владата, за жителите на Облешево ...

Полицијата ја отстрани блокадата кај Облешево

Утрински - 29.07.2004

Патот Штип - Кочани - Делчево прооден за возилата ШТИП - Вчера попладне околу 15,30 часот, полицијата интервенираше во Облешево и ги отстрани блокадите кои селаните од овој општински центар ги имаа поставено пред десетина дена поради одлуката на Владата на Република Македонија во новата ...

Специјалци ја растурија блокадата кај Облешево

Дневник - 29.07.2004

нова акциЈа на МВР Силни полициски сили вчера со примена на сила врз локалното население ги растурија блокадите во Облешево кои беа поставени пред неколку дена. Педесетина добро вооружени специјалци почнаа прво да ја отстрануваат механизацијата поставена на патот, а најави дека потоа ќе биде ...

Блокадата кај Облешево сеуште не е отстранета

А1 - 28.07.2004

И покрај 7 часовната полициска акција, блокадата кај Облешево сеуште не е отстранета. Магистралниот пат Облешево, Кочани, Виница, Делчево и Берово во целост е отсечен. Освен жителите на Облешево, блокада на алтернативните патишта направија и жителите на Спанчево и Чешиново.

Облешевки упорни, чешиновци лути

Дневник - 28.07.2004

ШТРАЈКОВИ И БЛОКАДИ Жените од Облешево, кои трет ден штрајкуваат со глад, вчера беа посетени од претставници на Европската Унија. Дипломатите се интересираа за здравствената состојба на штрајкувачките и за нивните барања. Градоначалникот Бранко Ѓеорѓиев на Европејците им понудил документи како ...

Ќе го прекопаме патот ако добиеме и пратеничко „не“

Време - 28.07.2004

ОБЛЕШАНКИ НА ШТРАЈК СО ГЛАД Ивана Серафимова Ние, жените од Облешево, ќе го прекопаме патот и ќе го извадиме асфалтот. Нашите деца гинеа од автомобили на овој пат што сами си го изградивме. На него испогазија 22 наши селани, а лани на 18-годишна мајка и двете деца и ги разнесоа по бандери.

Облешевчанки го продолжија дводневниот штрајк со глад

А1 - 27.07.2004

Облешевчанки го продолжија дводневниот штрајк со глад, но нивните мажи ги поколеба дождот. Сточниот пазар одеше во правец на нормалното одвивање на сообраќајот по едната коловозна лента. Предлог законот за новата територијална организација на локалната самоуправа, ја продлабочи кавгата помеѓу ...

Со глад штрајкуваат и 70-годишни старици

Време - 27.07.2004

ЖЕНИТЕ ОД ОБЛЕШЕВО БАРААТ ОПСТАНОК НА ОПШТИНАТА Околу 200 жени од Облешево вчера почнаа штрајк со глад во општинската зграда, револтирани бидејќи власта не го прифати референдумот за опстанок на општината во постојните граници.

Облешевки штрајкуваат со глад и го чекаат амандманот

Дневник - 27.07.2004

ПРОТЕСТ Облешевки ја зазедоа општинската зграда каде што во предминатата ноќ почнаа штрајк со глад. Педесетина жени преноќија во зградата, каде што ќе останат и во идните денови. Тие ја следат расправата во Собранието и чекаат дали ќе биде прифатен амандманот Облешево да остане како посебна општина.

Жените ја презедоа блокадата кај Облешево

Утрински - 27.07.2004

Поради тоа што нивните мажи покажале неефикасност во преговорите со Владата за опстанок на општината ШТИП - Триесетина жени на општинскиот центар Облешево вчера напладне ја окупираа зградата на локалната самоуправа и започнаа штрајк со глад.

Облешевки гладуваат на барикадите

Вест - 27.07.2004

БЛОКАДАТА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ШТИП - КОЧАНИ НЕ ПОПУШТА Жените од Општината Облешево каде што магистралниот пат Штип - Кочани целосно или делумно е блокиран речиси две недели, ги презедоа работите во свои раце. По распуштањето на кризниот штаб, повеќе жени од селото Облешево за време викендот, но и ...

Повторно блокиран патот Штип-Делчево кај Облешево

А1 - 26.07.2004

Од вечерва повторно е активирана целосната блокада на магистралниот пат Штип-Делчево кај општината Облешево. Денес претпладне стотина жени со нивните деца почна штрајк со глад во зградата на Советот за локална самоуправа. Доколку не се исполнат барањата, штрајкувачите најавија порадикални мерки.

Облешевки ќе штрајкуваат со глад

Дневник - 26.07.2004

РАДИКАЛИЗАЦИЈА Шеесетина жени од Општината Облешево за денеска најавуваат почеток на штрајк со глад како една од радикалните мерки што ќе ги преземат во договор со организаторите на блокадата на патот Штип-Облешево. - Никој не сака да разговара со нас.