TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Зголемен број летови и патници

Време - 11.01.2008

МАТ СЕ ПОФАЛИ СО УСПЕШНА ГОДИНА Националниот авиопревозник МАТ минатата година ја оценува како успешна за своето работење. Услугите на МАТ лани ги искористиле 223.869 патници, што претставува зголемување на нивниот број за 37 отсто.

Со МАТ летале третина од патниците

Дневник - 11.01.2008

Авиокомпанијата МАТ лани превезе 223.869 патници, што е за 37 отсто повеќе отколку во 2006 година, и оствари 3.240 лета. Зголемувањето на бројот на патниците и на летачките операции со два авиона во МАТ го објаснуваат со новоотворената линија за Истанбул.

Магла на Скопскиот - проблеми на Охридскиот аеродром

Вест - 11.01.2008

Патниците што завчера и вчера требаше да летаат од Скопскиот аеродром, поради маглата беа префрлани на Охридскиот аеродром. Но, аеродромот "Св. Апостол Павле" во Охрид, иако е отворен 24 часа, поради тоа што има мал број редовни летови, нема служби што работат нонстоп.

МАТ ќе купува половен авион „боинг 737-500“

Утрински - 11.01.2008

Преговорите се при крај и се очекува деталите да се знаат за околу десет дена МАТ планира да купи авион „боинг 737-500“. Авионот не е нов, туку е користен, но е во добра состојба со капацитет за 126 патници. Преговорите за купување се при крај и се очекува деталите да се знаат за околу десет дена, ...

МАТ купува боинг за нови дестинации

Вечер Прес - 11.01.2008

Со новиот авион се планира да се отворат авиолинии кон Милано или Верона, Штудгард, Минхен и Копенхаген Домашниот авиопревозник МАТ е во финални преговори за купување на авион "боинг 737-500" бидејќи планира годинава да лета кон две до три нови дестинации.

МАТ најави отворање на нови линии

А1 - 10.01.2008

Македонски авиотранспорт се пофали со добри резултатите во 2007 и најави дека годинава ќе бидат отворени нови линии. Брисел не е меѓу планираните дестинации. Во МАТ велат дека оваа линија е нерентабилна и не може да функционира без поддршка од државата.

МАТ го зголемил учеството во авиопазарот во земјава

Канал5 - 10.01.2008

Националниот авиопревозник МАТ се пофали дека ги зголемил летовите и превозот на патници за 34 проценти. Од компанијата ова го објаснуваат со редовните конекции кон европските метрополи и отворањето на нови авиолинии. Македонскиот национален авиопревозник МАТ го зголемил учеството во авиопазарот во ...

МАТ го врати долгот кон ЈП „Аеродромски услуги“

Макфакс - 08.01.2008

Скопје Авионите на Македонскиот авиопревозник МАТ продолжуваат редовно да летаат, откако компанијата денеска го подмири тековниот долг кон ЈП „Аеродромски услуги“. Претходно ЈП „Аеродромски услуги“ му постави рок на МАТ дека доколку не ги плати своите тековни обврски до денеска напладне, ќе биде ...