TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ранети четворица израелски војници

А1 - 23.11.2002

Четворица израелски војници се ранети изутрината кога во близината на брод на морнарицата експлодирал еден палестински рибарски чамец, соопшти израелската војска. Бродот на морнарицата е полесно оштетен. По експлозијата е донесена одлука за општа поморска блокада на брегот на појасот Газа.

Акција на израелската армија во Витлеем

А1 - 22.11.2002

Израелските трупи и оклопни возила рано утрово навлегоа во Витлеем. Во потрага по милитанти тие детално го пребаруваа бегалскиот камп до градот. Според жителите Палестинци, уапсени се девет лица кои им припаѓале на најразлични милитантни фракции.

Новиот палестински бомбашки напад чинеше 11 израелски животи

Утрински - 22.11.2002

Уште еден крвав ден на Блискиот Исток. Во западен Ерусалим кренат во воздух автобус полн со луѓе ЕРУСАЛИМ - Напаѓач-самоубиец уби најмалку 11 лица, и повреди над 40 во напад врз израелски автобус во западен Ерусалим. Спасувачките екипи сў уште работат на местото на експлозијата, што се случи во ...

Бомбаш самоубиец уби 11-мина во автобус во Ерусалим

Вест - 22.11.2002

ЕРУСАЛИМ, 22 ноември (АП) - Еден Палестинец кој околу половината носел појас со бомба вчера се самоубил во градски автобус во Ерусалим полн со средношколци и војници, при што 11 патници загинале, а десетици други биле повредени.

Палестинец-бомба разнесе автобус полн со деца

Дневник - 22.11.2002

САМОУБИСТВЕН НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ Сведоци на нападот велат дека неколку мали деца врескале "мама, мама" кога ги извлекувале од автобусот Најмалку 11 луѓе загинаа при самоубиствен бомбашки напад во израелски автобус полн со деца вчера во Ерусалим, јави Ројтерс. Експлозијата ранила 49 патници и минувачи.

Најмалку 11 жртви во експлозија на бомба во Ерусалим

А1 - 21.11.2002

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 45 се повредени рано изутрината во самоубиствен напад во автобус во Ерусалим, соопшти израелската полиција. Се наведува дека самоубиецот активирал големо количество експлозив во преполн автобус, а меѓу загинатите има и деца.

Израелски војници убија двајца Палестинци

А1 - 20.11.2002

Израелски војници рано изутрина убиле двајца палестински активисти во појасот Газа, јави израелското радио, кое наведе дека инцидентот се случил откако војниците се обиделе да влезат во еврејската населба Кфар Даром. Палестински официјални лица изјавија дека 11 Палестинци се повредени во судирите ...

Шарон најави безбедносен коридор за доселениците

Утрински - 19.11.2002

Во одмаздничка акција Израел ги нападна предградијата на Газа ГАЗА - Израел вчера изврши напад со тенкови и хеликоптери врз една палестинска безбедносна база во градот, при што ги разнесе зградите во Газа. Нападот се случи во време кога се зголемува притисокот врз премиерот Ариел Шарон силно да ...

Повредени двајца Палестинци и камерман на „Ројтерс“ во израелска акција

А1 - 18.11.2002

Две палестински официјални безбедносни лица и камерман на агенцијата „Ројтерс“ полесно се повредени рано изутрината кога израелски хеликоптери и тенкови го гаѓаа со проектили штабот на палестинската Служба за превентивна безбедност во Газа.

Израел го стега обрачот околу Хеброн

Утрински - 18.11.2002

Воена операција на израелските сили по убиството на 12 Израелци во петокот Во акцијата на армијата уапсени десетици Палестинци ЕРУСАЛИМ - Израелските единици уапсија десетици Палестинци и презедоа контрола врз стратегиските згради во градот Хеброн на Западниот Брег.