TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поповски: „Гледајте си телевизија и референдумот нема да успее“

А1 - 24.10.2004

Пред 10 минути заврши трибината на СДСМ во Автокоманда. На референдумот не смее да се излегува ниту да се одговара на референдумското прашање, ова од симпатизерите на СДСМ го побара потпретседателот на партијата Никола Поповски.

Третиот пат: „Граѓаните нема да дозволат да се подели Македонија“

А1 - 24.10.2004

Откако и МПЦ го соопшти својот став за поддршка на референдумот јасно е дека на 7-ми ноември граѓаните нема да дозволат Македонија повторно да биде поделена, беше соопштено синоќа на регионалниот референдумски митинг на Третиот пат во Охрид.

Опозицијата со референдумска кампања во Кочани и Штип

А1 - 23.10.2004

Излезете масовно и без страв на референдумот, кој е ваше демократско право и кажете „не“ на законот за територијална организација. Со оваа порака, Третиот пат настапи пред кочанчани, кои во Трговскиот центар ги имаше во многу мал број. Тоа предизвика едночасовно одлагање.

Фридрих Бауер: „Имаме голема доверба во зрелоста на македонскиот народ“

А1 - 23.10.2004

„Во моментов не гледам длабока разделеност, како што велите вие, помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци, затоа што Албанците ќе останат дома, а Македонците ќе мораат да го спроведат референдумот. Секако, по референдумот, тие ќе изнајдат компромис“, изјави во интервјуто за А1, Дридрих Бауер, ...

Референдумот е непотребна авантура

Дневник - 23.10.2004

СДСМ ВО КАВАДАРЦИ И ВО ГОСТИВАР Референдумот е непотребна авантура и губење време и тоа ќе се сфати откако тој нема да успее, порача министерот за финансии Никола Поповски на прексиноќешната трибина во Кавадарци. Граѓанската иницијатива, според него, е само маска за опозицијата да се врати на власт ...

Поповски: Референдумот маска за да се вратат на власт

Утрински - 23.10.2004

Трибина на СДСМ во Кавадарци КАВАДАРЦИ - ?Ние имаме алтернатива, и јавно прашувам која е алтернативата за децентрацизација на опозицијата", праша Никола Поповски, министер за финансии, на трибината што по повод претстојниот референдум прексиноќа се одржа во Кавадарци.

Собранието ќе паузира до референдумот

Време - 23.10.2004

ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Од средината на следната недела, па се до референдумот, пратениците ќе имаат пауза од редовните активности. Во вторник ќе продолжи собраниската седница, од чиј дневен ред останаа уште четири закони во прва фаза - за телекомуникации, за МРТВ, за следење на комуникациите и за ...

Заедно во битката за успешен референдум

Време - 23.10.2004

„ТРЕТИОТ ПАТ“ ВО ТЕТОВО Заедно ќе ја добиеме битката да успее референдумот за да докажеме дека народот има капацитет да одлучува за важни прашања, рекоа претставниците на коалицијата „Третиот пат“ на средбата со граѓаните на Тетово прексиноќа.

Седми ноември може да биде ден на доверба

Време - 23.10.2004

ГЕОРГИЕВСКИ ВО НЕДЕЛНИКОТ „ФОКУС“ НУДИ КОМПРОМИС Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и неформален водач на новата, ВМРО-народна партија, Љубчо Георгиевски, во последната колумна во неделникот „Фокус“ им понуди компромис на меѓународната заедница и на владејачките партии заради премостување на ...

РЕФЕРЕНДУМОТТЕСТ ЗА ТАЧИ

Вечер Прес - 23.10.2004

Говорењата што веќе подолго време се слушаат во дипломатски кругови во земјава, се чини завчера се потврдија - САД размислуваат за симнување на заменик-претседателот на ДПА, Мендух Тачи од нивната црна листа. Веројатно, тестот што е пресуден да се положи за да се смени одлуката на Американците беше ...

ДИВИ АНКЕТАРИ ШПИОНИРААТ ЗА ПАРТИИТЕ

Вечер Прес - 23.10.2004

"Непознати" анкетари ги посетуваат домовите на скопјани и им поставуваат прашања во врска со референдумот. Во прашалниците граѓаните треба да одговорат дали ќе гласаат на претстојниот референдум, дали се свесни за опасностите од исходот и слични прашања поврзани со референдумот.

СДСМ се крсти во мал одѕив на референдумот

Дневник - 22.10.2004

ПАРТИСКИ АНАЛИЗИ Легитимно и демократско право на граѓаните е да не гласаат, односно да не се исполни потребниот цензус, оцени портпаролот Борис Кондарко Интерните партиски анализи покажуваат дека граѓаните се помалку се заинтересирани за референдумот, поради што одѕивот ќе биде помал од ...

Костов: Референдумот нема да доведе до дестабилизација

Утрински - 22.10.2004

ПРЕНЕСЕНО ?Граѓаните се свесни за ризикот од претстојниот референдум. Гласањето нема да доведе до дестабилизација, туку ќе биде практикување на демократијата", вели премиерот Хари Костов во интервју за електронскиот весник " Саутист еуропиан тајмс".

„Пристоп“ и подготвува и антиреферендумски спот на власта

Време - 22.10.2004

СДСМ ЈА ЗАСИЛУВА КАМПАЊАТА Александра М. Митевска Маркетиншката агенција „Пристоп“ работи на антиреферендумската кампања на коалицијата „Заедно“, дознава „Време“ од партиски извори. За неколку дена на телевизиите ќе се емитува и спот со порака „Македонија и треба на Европа да биде цела“, откако ...

СДСМ вели имало се помалку интерес за референдумот

Вест - 22.10.2004

Интерните партиски анкети на СДСМ покажувале дека постоел тренд на опаѓањето на интересот на граѓаните за изјаснување на претстојниот референдум за територијалната организација. "Тоа за нас значи дека граѓаните ја сфатиле нашата порака од организираните 108 трибини за потреба од реформи во ...

На 7 ноември ќе се гласа за унитарна Македонија

Дневник - 22.10.2004

РЕФЕРЕНДУМ Во 1991 година со референдумско гласање ја извојувавме независноста на државата, а на седми ноември ќе гласаме за унитарна и европска Македонија, рече Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на завчерашниот митинг во Делчево.

Груевски повикува на единство

Време - 22.10.2004

ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВИНИЦА, ПРИЛЕП И ВО КРУШЕВО Власта знаеше дека 70 отсто граѓани во Македонија се против Законот за територијалната организација на општините, но сепак го изгласа. Ние можеме да покажеме дека власта згреши, рече Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на прексиноќешната средба со ...

Одговорноста за референдумот ќе се покаже на локалните избори

Утрински - 22.10.2004

СДСМ ја критикува опозицијата дека манипулира "СДСМ јавно и јасно ја презема одговорноста за неуспешен референдум. Политичка одговорност за неуспешен референдум се манифестира на избори. Веднаш по референдумот следат локалните избори, ние пред граѓаните излеговме со нашиот концепт и нашите ...

Одлуката за референдум не е спорна

Дневник - 21.10.2004

УСТАВЕН СУД Уставниот суд вчера ја отфрли иницијативата за оценка на уставноста на одлуката на Собранието за распишување референдум од 3 септември. Според судиите, собраниската одлука не е пропис од надлежност на Уставниот суд, а одлуката е поединечен акт што не уредува системски односи.

Тачи: Џафери прави трикови!

Време - 21.10.2004

КАМПАЊА НА ДПА ПРОТИВ РЕФЕРЕНДУМОТ Со референдумот против новата територијална организација Македонците покажуваат дека не сакаат да живеат со Албанците, рече потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, на трибината организирана во рамките на кампањата против референдумот во Дебар, пренесува дневниот ...

Последниот збор за поделбата на општините ќе го имаат граѓаните

Време - 21.10.2004

ОПОЗИЦИСКИТЕ КАРВАНИ ВО КИЧЕВО И ВО ГЕВГЕЛИЈА Лага е дека Македонија ќе се врати назад ако гласаме „за“ на референдумот. Меѓународниот фактор ќе разбере дека македонскиот народ го избрал патот по кој решил да оди. Народот треба да ја одреди својата иднина, порача Борко Андреев, генерален секретар ...

Климакс на импровизацијата

Дневник - 21.10.2004

Колумна - Радмила Шеќеринска Некоја партија ќе се лути затоа што не била поканета на средбите. Некоја друга ќе се лути затоа што нејзината народна или забавна фракција била повикана. Некој трет ќе каже дека не сака дури ни да разговара без присуството на меѓународниот фактор. Итн., итн.

Одлуката за референдумот е легална

Утрински - 21.10.2004

Уставен суд Скопје - Уставниот суд на вчерашната седница донесе решение да ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на одлуката за распишување референдум донесена во Собранието на 3 септември 2004 година.

Груевски: На Европа и треба унитарна Македонија

Време - 20.10.2004

ОПОЗИЦИСКИТЕ КАРВАНИ ВО РАДОВИШ И ВО БЕРОВО Референдум е чин за зачувување на целовитоста на Република Македонија, им порача Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на жителите на Радовиш, каде што прексиноќа гостуваше карванот на ВМРО-ДПМНЕ и на ЛП.

Уставен суд – референдум

Канал5 - 20.10.2004

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на граѓанин – поединец за поведување постапка за оценување на уставноста на одлуката на Собранието на Република Македонија од 3-ти септември, за распишување на референдум. Иницијативата се базира на два основа, п Уставниот суд ја отфрли иницијативата на ...

Референдумот и носи темна иднина на Македонија

Време - 20.10.2004

„БИ-БИ-СИ“ Референдумот и носи темна иднина на Македонија, изјавил за Би-би-си балканскиот аналитичар Тим Џуда. Според Џуда, ако успее референдумот, Владата ќе даде оставка и ќе има предвремени избори, а ако не успее, ќе има улични протести.

Референдумот е директна атака врз Рамковниот договор

Утрински - 20.10.2004

Гештаковски во Дебар ДЕБАР - Без оглед на националната, верската и партиската припадност Законот за територијална организација на Република Македонија е во интерес на сите нејзини граѓани, бидејќи гарантира територијална целовитост, ќе придонесе во делот на заедничкото живеење, особено во овие ...

Струшките социјалдемократи на референдумот ќе ја бранат општината

Време - 20.10.2004

НАСПРОТИ СТАВОТ НА ЦЕНТРАЛАТА Општинската организација на СДСМ во Струга ќе го поддржи референдумот, бидејќи смета дека таа општина треба да остане во досегашните граници, дознава „Време“. Претседателот на разгранокот на СДСМ во Оризари, пак, прво потпишал изјава дека партиското членство ќе се ...

Референдумот е трик на Владата за нова војна

Време - 19.10.2004

ДПА НА ТРИБИНА ВО ЧАИР Референдумот е проект на Владата за нова војна во Македонија, истакна Мендух Тачи, потпретседател на ДПА, на завчерашната средба со граѓаните на општината Чаир. Според него, референдумот е само трик на Владата.

Референдумот е внатрешно прашање на Македонија

Дневник - 19.10.2004

МИШЕЛ БАРНИЕ Референдумот е внатрешно прашање на Македонија, но сепак треба да се внимава да не дојде до доцнење со етапите од рамковниот договор, затоа што неговото спроведување е еден од клучните критериуми за евроинтеграција на Македонија, изјави францускиот министер за надворешни работи Мишел ...

Парадоксални признанија на власта

Дневник - 19.10.2004

ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА Власта вели дека референдумот против Законот за територијална организација е легитимен и демократски чин, но истовремено ги повикува граѓаните да не излегуваат на гласање. Тоа е парадокс и израз на лицемерството на власта, рече Гордана Силјановска, претседателка на ...

СДСМ не повикува на бојкот, туку објаснува

Дневник - 19.10.2004

РЕФЕРЕНДУМ СДСМ и вчера не одговори дали ќе ги повикаат граѓаните да го бојкотираат референдумот. Партискиот портпарол Борис Кондарко рече дека на трибините ќе им ги понудат сите аргументи на граѓаните за да може тие сами да одлучат дали ќе гласаат или не. - Нашите пораки се доволно јасни.

Груевски: Референдумот не е против Албанците

Утрински - 19.10.2004

Карван ТЕТОВО - "Со референдумот, граѓаните на Македонија ќе ја покажат својата цврстина и единство, се определуваат за унитарна држава и како таква да влезе во Европската унија и НАТО. Законот за територијална организација е донесен под притисок на одделни радикални структури.

СДСМ не се изјаснува дали јавно ќе повика на бојкот

Утрински - 19.10.2004

Трибина СДСМ од синоќа почна со јавни настапи пред граѓаните да го објаснува концептот за новата територијална карта на Македонија. Денеска генералниот секретар Никола Ќуркчиев е на трибина во Тетово, портпаролот Борис Кондарко во Пробиштип, а повеќе пратеници имаат средби со граѓаните на Скопје.

Силјановска: Референдумот не ја делегитимира власта!

Утрински - 19.10.2004

Граѓанското движење за Македонија од денеска ќе стартува со трибини од Струга Да се потенцира постојано дека референдумот е демократски инструмент, а притоа да се повикува на останување дома е вистинска хипокризија, сметаат во ГДМ КАТИЦА ЧАНГОВА Со денешните трибини во Струга и во Крушево, утре во ...

СДСМ наскоро ќе се приклучи кон повикот за апстиненција

Време - 19.10.2004

КАМПАЊА НА ВЛАСТА И социјалдемократите наскоро ќе се приклучат кон повикот да се апстинира од гласање на референдумот, откако викендов нивните коалициски партнери од ЛДП настапија со таква порака до гласачите. Ова, според партиски извори, веќе го најавиле претставници од раководството на СДСМ на ...

Црвенковски индиректно за апстиненција

Дневник - 19.10.2004

"ТРЕТИОТ ПАТ" Претседателот на државата индиректно повикува на апстиненција од гласањето со изјавите дека ќе има дестабилизација во земјава ако успее референдумот, смета коалицијата "Третиот пат". - Го прашуваме државникот Бранко Црвенковски во која европска држава еден државник зазема страна на ...

Референдумот не е против, туку е за

Време - 19.10.2004

ОПОЗИЦИСКИОТ КАРВАН ВО ТЕТОВО Референдумот не е против СДСМ, актуелната власт, Албанците и охридскиот договор или против ЕУ и НАТО, туку е за ова парче територија и за достоинството на овој народ, и затоа да не дозволиме да ни го одземат.

АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ РЕФЕРЕНДУМОТ

Вечер Прес - 19.10.2004

Косовските медиуми на албански јазик оценуваат дека албанските политички партии во Македонија, во целост ќе го бојкотираат Референдумот во земјата закажан за 7 ноември. Според изјавата на Абдулади Вејсели од ПДП за косовската телевизија "РТК“, "Референдумот е национален и него го поддржува само ...

ДПА не ги повикува членовите на апстиненција на референдумот

А1 - 18.10.2004

И покрај најавите на ДПА за бојкот на референдумот, партискиот врв, членовите не ги повикува на апстиненција, туку пред нив ги објаснува само аргументите, зошто законите и од 1996-та и од 2004 не се добри за Албанците. Поради ваквата контрадикторност, извори на А1 не ја исклучуваат можноста Џафери ...

Граѓанско движење: Референдумот нема да ја делегитимира власта

А1 - 18.10.2004

Референдумот нема да ја делегитимира власта, без разлика на исходот. Но, ќе испрати сериозно предупредување до владеачката коалиција дека не може да ја потценува волјата на народот, велат во Граѓанското движење на Македонија.

На удар потпретседателката Лилјана Поповска

Време - 18.10.2004

ЛДП ГИ ДИСЦИПЛИНИРА НЕПОСЛУШНИТЕ Либерално-демократската партија завчера, откако повика на бојкот за претстојниот референдум, остро ја нападна својата потпретседателка и пратеничка Лилјана Поповска, која најави поддршка за граѓанското изјаснување против новата територијална организација.

“ТРЕТИОТ ПАТ”: ЦРВЕНКОВСКИ ИНДИРЕКТНО ПОВИКУВА НА АПСТИНЕНЦИЈА НА РЕФЕРЕНДУМОТ

Канал5 - 18.10.2004

Коалицијата “Третиот пат” смета дека претседателот Бранко Црвенковски со своите изјави дека ако успее референдумот ќе има дестабилизација во земјава индиректно повикува за апстиненција. “Коалицијата го прашува државникот Бранко Црвенковски во к Коалицијата “Третиот пат” смета дека претседателот ...

Опозицијата чека 1,5 милион гласачи

Дневник - 18.10.2004

кампања за референдумот Референдумот не е борба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на 7 ноември нема да има ниту победник ниту губитник, порача Груевски во Дебар Здружената опозиција продолжи со средбите со граѓаните, повикувајќи ги да излезат на референдумот и да гласаат ?заа? зачувување на унитарниот ...

НЕПРЕЦИЗНИОТ ЗАКОН ЗА РЕФЕРЕНДУМ БЕЗ ЈАСЕН ОДГОВОР ЗА ПРАШАЊЕТО – ШТО АКО ИЗЈАСНУВАЊЕТО НА 7-МИ НОЕМВРИ УСПЕЕ?

Канал5 - 18.10.2004

Законот за реферндум и граѓанска иницијатива кој поради непрецизностите и недореченостите создаде проблеми пред носењето на одлуката за распишување на референдумот, не дава јасен одговор и на прашањето што ако изјаснувањето евентуално успее..

Успешниот референдум нема да предизвика воена криза во земјата

Утрински - 18.10.2004

Црвенковски за охридските и струшките медиуми "Претстојниот евентуално успешен референдум нема да предизвика нова воена криза во земјата", оцени претседателот Бранко Црвенковски во интервјуто за повеќе локални телевизии од Охрид и Струга.

Граганското движење за Македонија објави како ке ја води кампањата за референдумот

Канал5 - 18.10.2004

Не е точно дека со референдумот се крши Охридкиот договор, не е точно дека се одложува патот на Евро интеграциите. Интелектуалците собрани во Граганското движење за Македонија испровоцирани од ваквите пораки од власта и мегународните претставници, со писм Не е точно дека со референдумот се крши ...

ЛДП ги повика граѓаните да не излегуваат на референдум

Утрински - 18.10.2004

Либералдемократите сметаат дека референдумот ќе ја одложи децентрализацијата Либерално-демократската партија ги повика граѓаните да не излезат на референдум против новата територијална поделба. Одлуката за бојкот на граѓанската иницијатива, која има поддршка од 180.000 избирачи, е донесена на ...

Тупурковски: Власта го лаже народот

Утрински - 18.10.2004

Референдумскиот карван во Куманово Немаме многу доверба во политичарите, многу кажавте многу малку направивте КУМАНОВО - "Власта се крие зад странските патрони кои ги поддржуваат во неверојатната манипулација дека граѓаните во Македонија, иако станува збор за највисокото демократско право во секоја ...

Одлуката за референдумот пред Уставниот суд

Дневник - 18.10.2004

ПО ИНИЦИЈАТИВА НА ГРАЃАНИН Граѓанин ја оспорил одлуката за распишување на референдумот за општинските граници пред Уставниот суд со образложение дека Собранието ја донесло без да се примени Бадинтеровото мнозинство, што било спротивно на уставниот амандман 16, дознава ?Дневникк?.

Лиле не е како Тито

Вест - 18.10.2004

ВО ЛДП ИМААТ ПРАВО ДА МИСЛАТ Либерално-демократската партија го повика своето членство, симпатизерите и граѓаните да не излегуваат на претстојниот референдум. Со заклучоците на Централниот одбор на партијата донесени на завчерашната седница не се согласи само потпретседателката на Собранието Лиле ...

ПДП и ДПА ќе го бојкотираат референдумот

Утрински - 18.10.2004

Опозициските партии на Албанците почнуваат кампања против референдумот Џафери и Тачи „против сите", „просперитетот" со масовен бојкот ќе ја спасува државата Гојко Ефтовски ТЕТОВО - Партијата за демократски просперитет ќе организира активна кампања во која ќе повикува на масовен бојкот на ...

И ПДП повика на бојкот

Време - 18.10.2004

КАМПАЊА НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Со повик за бојкот ПДП ја почна својата кампања против референдумот. Партијата на собири и дебати со граѓаните ќе ги истакне последиците од референдумот против новата територијална организација, рече претседателот Абдулменаф Беџети по завчерашната седница на централниот ...

СДСМ од денеска со вториот пристап во рефередумската кампања - јавни собири и трибини..

Канал5 - 18.10.2004

Паралалено продолжуваат и со првата стратегија, преку партиската инфрастуктура да ги убедат граѓаните зошто референдумското прашање е апсурдно.. Социјалдемократите ќе се концентрираат на две прашање - што значи новиот закон за територијална организац Паралалено продолжуваат и со првата стратегија, ...

РЕФЕРЕНДУМОТ Е ГУБЕЊЕ ВРЕМЕ

Вечер Прес - 18.10.2004

"Враќањето во сила на стариот закон за територијална организација претставува кршење на духот на Охридскиот договор и негово неспроведување, бидејќи процесот на децентрализацијата е еден од клучните критериуми на договорот", изјави Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија, во ...

ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА КОНТРА ПАРТИСКОТО МНОЗИНСТВО

Вечер Прес - 18.10.2004

Либералнодемократската партија го повика своето членство, симпатизерите и граѓаните да не излегуваат на претстојниот референдум. За оваа одлука, на состанокот на Централниот одбор на партијата, гласале 78 члена, а против биле само Лилјана Поповска и Ефтим Гашев.

НАРОД ПО ПОТРЕБА!

Вечер Прес - 18.10.2004

ПИШУВА: МАЈА АНАСТАСОВА Нема неуспешен референдум. Успехот, по правило, произлегува од изразената граѓанска волја. Оваа логика својата основа ја има во демократската традиција. Затоа и плебисцитарното изјаснување има третман на највисока демократска институција. И, никому не пречи. Напротив.