TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мемети: Претставката на Прчевски сж уште не е разгледана

Утрински - 16.09.2006

ОХРИД - Во канцеларијата на Народниот правобранител пристигнала претставка од јавниот обвинител Александар Прчевски во која навел дека е повредено неговото човеково право да не може да одговори на нападите изнесени на собраниската седница, меѓутоа, претставката сж уште не била процесуирана.

Прчевски се жали за нарушени права

Време - 16.09.2006

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ Народниот правобранител Иџет Мемети вчера потврдил дека јавниот обвинител Александар Прчевски поднел претставка дека му биле нарушени човековите права, откако Владата предложи негово изземање. - Тој предмет се уште не е обработен. Неоспорно е дека има недоразбирања.

Обвинетите за Раштански Лозја ќе го тужат Прчевски?

Утрински - 16.09.2006

Адвокатот Тортевски смета дека во изјавата на Прчевски „луѓето се убиени како пилци" има елементи на кривично дело Гордана Дувњак Четворицата обвинети за „случајот Раштански Лозја" размислуваат да поднесат приватна тужба против државниот јавен обвинител Александар Прчевски поради неговите последни ...

СДСМ ќе протестира против смената на Прчевски

Вест - 16.09.2006

ПРЕМИЕРОТ ГИ ПОКАНИ ЛИДЕРИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА Лидерската средба со премерот Никола Груевски ќе ја бојкотираат ДУИ и ПДП Најголемата парламентарна опозициона партија СДСМ остро ќе протестира пред премиерот Никола Груевски поради однесувањето на неговата влада во првиот месец од формирањето.

Прчевски не ја дава фотелјата

А1 - 15.09.2006

Прчевски не ја дава фотелјата. Додека Собранието се подготвува за дебатата за негово разрешување, тој со Уставот в рака шета по институциите. Се обидува да докаже дека предлогот за негово разрешување е незаконски. Ќе одам до крај против ова незаконие, изјави за А1 обвинителот Прчевски.

Разрешувањето на Прчевски пред пратениците

Време - 15.09.2006

СОБРАНИЕ Сунчица Стојановска Разрешувањето на јавниот обвинител Александар Прчевски е тема за која ќе расправаат пратениците на седницата што почна вчера и на чиј дневен ред е и владиниот предлог за постапка за утврдување одговорност и разрешување на јавниот обвинител.

Не само разрешување, туку и одговорност од Прчевски – бара владата

Канал5 - 15.09.2006

Предлогот за разрешување на Прчевски пред пратениците. Незадоволителни резултати во работењето – беше образложението на министерот Маневски. Според него, неефикасната борба против корупцијата може да се надмине само со смената на јавниот обвинител.

Прчевски: Пресудата за Раштански Лозја е срам за судството!

Утрински - 15.09.2006

Обвинителот тврди дека поднеле аргументирано и темелно барање за сите пропусти во процесот Гордана Дувњак Седумтемина несреќни економски емигранти од Пакистан и од Индија се убиени како пилци, обвини вчера уште еднаш државниот јавен обвинител Александар Прчевски.

Одбрана или последни денови на Прчевски

Дневник - 15.09.2006

Прчевски вели дека е подготвен да ја напушти функцијата, но останува оти не сакал неговото неуставно разрешување да стане практика Предлогот на Владата да биде разрешен јавниот обвинител Александар Прчевски вчера беше ставен на дневен ред на Собранието и покрај тврдењата на опозициската СДСМ дека ...

Маневски побара поскоро разрешување на Прчевски

Утрински - 15.09.2006

Парламентарното мнозинство вчера го прифати предлогот на Маневски Собранието да ја отвори вратата за демисија на Прчевски Министерот за правда Михајло Маневски вчера во Собранието побара поскоро да биде разрешен јавниот обвинител Александар Прчевски, бидејќи, според него, тој не направил ништо за ...

И Народна свртена против Прчевски

Вечер Прес - 15.09.2006

Јавниот обвинител Александар Прчевски наместо успешно да се бори ... Јавниот обвинител Александар Прчевски наместо успешно да се бори со корупцијата и организираниот криминал, стана заложник на партиски и криминално-олигархиски, е едно од многуте образложенија на Владата со кои од пратениците бара ...

Маневски: Останувањето на Прчевски е погубно за Македонија

А1 - 14.09.2006

Ако Прчевски остане на функцијата, тоа ќе биде погубно за Македонија. Министерот за правда Маневски вака им објасни на пратениците зошто под итно мора да си оди јавниот обвинител. Во предлогот за разрешување премиерот Груевски го обвинува Прчевски дека со своето нестручно работење и лошите ...

Прчевски: Случајот Раштански лозја не е завршен

А1 - 14.09.2006

За Раштански лозја четворицата ослободени веќе бараат по два милиони евра отштета, но обвинителот Прчевски тврди дека случајот не е завршен, затоа што обвинителството побарало заштита на законитоста од Врховниот суд. Адвокатите на раштанците се чудат на изјавите на Прчевски.

Прчевски: Нема право дерлето Груевски да ме разреши!

Утрински - 14.09.2006

„Не ми паѓа на памет да ги коментирам глупостите на дерлето Груевски и на структурата на неговите компањони во Владата. На Груевски ниту Уставот ниту законите не му даваат право да разрешува јавен обвинител, посебно не таков од калибарот на Прчевски", жолчно реагира јавниот обвинител на владиниот ...

Два наместо осум милиони евра отштета за Раштански е сумата која Маневски е решен да ја дозволи

Канал5 - 14.09.2006

Јавното обвинителство не признава пораз во случајот Раштански лозја. Александар Прчевски инсистира Врховниот суд итно да одговори на неговата иницијатива за заштита на законитоста во процесот против четворицата обвинети, сега ослободени од одговорност- Горан Стојков, Бобан Утковски, Александар ...

СДСМ ќе го поддржат Прчевски

Вечер Прес - 14.09.2006

Судбината на Александар Прчевски ќе биде решена на денешната ... Судбината на Александар Прчевски ќе биде решена на денешната собраниска седница. Пратениците на дневен ред го имаат владиниот предлог за разрешување на јавниот обвинител Прчевски поради неефикасно работење во досегашниот негов мандат.

Прчевски се навредил од владата

А1 - 13.09.2006

Прчевски е навреден. Владата кон него се однесувала како кон обичен чиновник. Сите му се виновни дека ќе си оди. А самиот се чуди зошто ќе го разрешуваат, кога бил успешен. Бара аргументи за неговата смена. „Дефинитивно се она што е искажано, повторувам паушално, невистинито и незасновано на факти ...

И Маневски е приврзаник на идејата за странец-обвинител

Утрински - 13.09.2006

Власта му забележува на Прчевски поради тоа што ги одолжувал најголемите корупциски скандали Жаклина Ѓорѓевиќ Наместо успешно да се бори со корупцијата и организираниот криминал, јавниот обвинител Александар Прчевски придонесе Македонија да стане заложник на партиски и криминално-олигархиски ...

Владата нема законско право да ме разреши – се огласи Прчевски

Канал5 - 13.09.2006

Не постои закон според кој премиерот Никола Груевски може да ме разреши, одговара обвинителот Александар Прчевски на владиниот предлог за негова смена. Не постои закон според кој премиерот Никола Груевски може да ме разреши, одговара обвинителот Александар Прчевски на владиниот предлог за негова ...

Осудениците на слобода, парите во државна каса

Вечер Прес - 13.09.2006

Нема доволно време до 5 октомври да се спроведе одлуката на ... Нема доволно време до 5 октомври да се спроведе одлуката на Уставниот суд за поништување на одредбата која предвидува замена на затворската казна со парична, тврдат извори на Вечерè.

Сменувањето на Прчевски е скандал за СДСМ

Време - 12.09.2006

ВЛАДАТА РЕШИ ДА СЕ ЗБОГУВА СО ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ Александра М. Митевска На повидок е нов политички и правен скандал, реагираа вчера од СДСМ, откако Владата го подготви предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Александар Прчевски, со образложение дека недоволно се ангажирал во ...

Прчевски заминува исто како Џиков и Павлески

Утрински - 12.09.2006

Владата поведе иницијатива за разрешување, обвинителот заминува во адвокатура КАТИЦА ЧАНГОВА Владата му кажа збогум на државниот јавен обвинител. Иницијативата за разрешување на Александар Прчевски ќе биде проследена до Собранието на кое воопшто не му се непознати овие случаи.

Прчевски вчера не дојде на работа

Вечер Прес - 12.09.2006

Јавниот обвинител Александар Прчевски ќе ја остави фотелјата во ... Јавниот обвинител Александар Прчевски ќе ја остави фотелјата во обвинителството. Иако на неколкупати изјавуваше дека него никој не може да го смени и дека ќе добие нов мандат, Владата пред два дена реши да го симне од функција.