TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нападната уште една сунитска џамија во Ирак

Канал5 - 16.06.2007

Сунитска џамија денеска е срамнета со земјата во ирачкиот град Басра, пренесува МИА. Напаѓачите паркирале камионети полни со експлозив во близина на џамијата Ал Ашрах ал Мубашра во квартот Хакимија. Експлозивот бил активиран со далечински управувач.

Продолжи уривањето џамии во Ирак

Вест - 15.06.2007

БАГДАД, 15 јуни (АП) - Неколку суниски џамии вчера беа нападнати или запалени, но полициските часови и зголемениот број на војници го сочуваа релативниот мир во Ирак ден откако бомбашите, веројатно на ал-Каида, ги урнаа минарињата на значаен шиитски храм.

Уриваат џамии во Ирак!

Вечер Прес - 15.06.2007

Три сунитски џамии нападнати се и запалени во два града јужно од Багдад, соопшти вчера ирачката полиција сомневајќи се дека тоа е одмазда за завчерашното уништување на минарињата на златната џамија во Самара. Во градот Искандарија, вчера биле извршени напади на џамиите Ал Мустафа и Хутин.

Ал Каеда уништи две минариња, се очекува бран насилство

Вест - 14.06.2007

ВО ИРАК БАГДАД, 14 јуни (АП) - Бунтовници на ал-Каеда вчера уништија две минариња на шиитскиот храм Аскарија во Самара, велат властите, како повторување на бомбашкиот напад во 2006 кој ја уништи славната златна купола и доведе до бран одмаздничко секташко на БАГДАД, 14 јуни (АП) - Бунтовници на ...

Повторно нападната светата шиитска џамија

Време - 14.06.2007

САМАРА, ИРАК Исламисти на Ал каеда вчера ги урнале двете минариња на најсветата шиитска џамија Аскарија, во ирачкиот град Самара, јави новинската агенција Асошиејтед прес. Нападот врз ова светилиште, познато и како Златна џамија, во 2006 година предизвика дотогаш најголемо разгорување на војната ...

Разнесени минарињата на Златната џамија во Ирак

Утрински - 14.06.2007

Минатата година во напад врз џамијата беше уништена познатата златна купола БАГДАД - Милитантите вчера кренаа во воздух две минариња од најпознатата шиитска џамија во ирачкиот град Самара, светилиштето што веќе беше посериозно оштетено во нападот во 2006 година, изјавија шиитски официјални лица.

Уништени минарињата на Златната џамија во Самара

Дневник - 14.06.2007

Шиитските верски лидери повикаа на смиреност и владеење на разумот откако експлозии вчера ги уништија двете минариња на Златниот храм во Самара, едно од најголемите светилишта на шиитите. Напад врз истата џамија, во кој беше уништен дел од златната купола на храмот, лани предизвика бран религиозни ...

Запалени три сунитски џамии во Ирак

Канал5 - 14.06.2007

Три сунитски џамии нападнати се и запалени во два града јужно од Багдад, соопшти денеска ирачката полиција сомневајќи се дека тоа е одмазда за уништувањето на минарињата на златната џамија во Самара. Багдад, 14 јуни (МИА) Три сунитски џамии нападнати се и запалени во два града јужно од Багдад, ...

Урнати минарињата на "златната" џамија

Вечер Прес - 14.06.2007

Двете минариња на познатата шиитска џамија со златна купола во Самара вчера беа уништени во напад на бунтовниците, пренесува МИА. Нападот бил извршен вчера наутро околу девет часот по локално време и покрај полициското обезбедување на џамијата.

Уништени минарињата на џамијата со златна купола во Самара

А1 - 13.06.2007

Двете минариња на најпознатото шиитско светилиште во Ирак, џамијата со златна купола во Самара се уништени денеска во терористички напад. И покрај силното полициско обезбедување, напаѓачите успеале да постават експлозив под двете минариња на џамијата.

Во напад на бунтовници уништени двете минариња од џамијата со златна купола во Самара

Канал5 - 13.06.2007

Двете минариња на познатата шиитска џамија со златна купола во Самара денеска беа уништени во напад на бунтовниците, пренесува МИА. Багдад, 13 јуни (МИА) Двете минариња на познатата шиитска џамија со златна купола во Самара денеска беа уништени во напад на бунтовниците, пренесува МИА.