TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кисело-весело или весело-кисело

Дневник - 14.08.2004

УВОДНИК - Катерина Блажевска Власта треба да престане да смислува небулозни решенија од типот Облешево-Чешиново или Чешиново-Облешево. Тоа е исто како да ве уверуваат дека има квалитативна разлика помеѓу Александар Гештаковски и Гештаковски Александар Помина новата територијална организација.

Ако Чешиново го блокира патот ќе биде отсечена и Бугарија

Вест - 13.08.2004

"Ако ние го блокираме магистралниот пат Штип-Кочани нашата блокада ќе биде многу посилна од онаа на Облешево. Тогаш, покрај Кочани, Виница, Берово и Делчево, ќе биде отсечена и Бугарија. Во атарот на Чешиново нема алтернативни и споредни патишта како што има кај Облешево.

Чешиново не прифаќа уште еден референдум

Време - 12.08.2004

РЕАКЦИЈА НА ВЛАДИНИОТ ПРЕДЛОГ Жителите на Чешиново не дозволуваат Владата да експериментира со нивната волја и нема да го прифатат предлогот за одржување референдум за името и седиштето на општината, заклучи Советот на општината Чешиново на вчерашната вонредна седница.

Облешево задоволно, Чешиново прогнозира војна!

Утрински - 12.08.2004

По предложеното решение на премиерот Костов за спорот помеѓу двете општини Облешевци велат дека ќе излезат на предложениот референдум, додека чешиновци не сакаат ни да чујат Иван Бојаџиски ШТИП - Постигнатиот договор помеѓу Владата, од една страна и облешевци од друга, во врска со спорот околу ...

Чешиново не го прифаќа понудениот предлог за референдум

А1 - 11.08.2004

Советот на општината Чешиново денеска не го прифати владиниот предлог за референдумско изјаснување на граѓаните од 14 населени места, кои треба да решат каде ќе биде новото седиште и кое ќе биде новото име на општината. Никој од Чешиново не присуствувал на вчерашната средба со Премиерот Костов, ...

Компромисен референдум за Облешево и Чешиново

Вест - 11.08.2004

ПОМИРУВАЊЕ НА СКАРАНИТЕ СОСЕДИ КАЈ ПРЕМИЕРОТ КОСТОВ Ако победат чешиновци, општината ќе се вика Чешиново, а административниот центар ќе биде во Облешево. Ако на рефрендумот се побројни облешевци, тогаш општината ќе биде во Облешево, но општинската зграда во Ч На вчерашниот неколкучасовен разговор ...

Облешево и Чешиново ќе си ги мерат силите на референдум

Време - 11.08.2004

СЕДНИЦА НА ВЛАДА Жителите на четиринаесетте села што гравитираат околу Облешево на референдум ќе се изјаснат дали сакаат нивната општина да биде со седиште во селото Облешево или, пак, како што предлага Владата во законот за територијална поделба, во селото Чешиново.

Облешево и околните места ќе се изјаснат за седиштето на општината

Утрински - 11.08.2004

Владата и облешевци се договорија Владата и Облешевци вчера постигнаа договор веднаш да ги тргнат блокадите на магистралниот пат Штип - Кочани кај Облешево и во најскоро време да се одржи изјаснување на граѓаните од 14 околни населени места за тоа дали седиштето на општината ќе биде во Облешево или ...

Владата на Облешевци им понуди референдум

А1 - 10.08.2004

Четири дена по обновената блокада, Владата на Облешевци денеска им понуди референдум, на кој жителите од 14 населени места ќе се изјаснат, каде ќе биде седиштето на општината, во Облешево или во Чешиново. Кое место ќе победи, тоа ќе добие и општина. Таа ќе има двојно име.

Облешевци се токмат да применат струшко сценарио

Време - 10.08.2004

ПОВТОРНО БЛОКАДИ Граѓаните што веќе три дена ги блокираат двете ленти на магистралниот пат што минува низ Облешево се закануваат дека ќе го раскопаат патот во знак на револт поради неусвоените амандмани општината да не се припојува кон Чешиново.

Облешевци ќе емигрираат и ќе бараат азил во друга држава

Утрински - 10.08.2004

Доцна завчеравечер опозициските лидери беа на блокадите кај Облешево Облешевци завчера беа посетени од лидерите на опозицијата Никола Груевски, Васил Тупурковски и Павле Трајанов Иван Бојаџиски ШТИП - Источната магистрала и вчера остана блокирана кај Облешево.

Трет ден од обновената блокада на патoт Штип-Кочани-Делчево

А1 - 09.08.2004

Трет ден од обновената блокада на магистралниот пат Штип-Кочани-Делчево. Сообраќајот на овој пат е блокиран во двата правца, на влезот на селото Облешево каде од петокот се поставени тезги и земјоделска механизација. Автомобилите минуваат преку заобиколните патишта, но камионите се блокирани ...

Повторно блокада кај Облешево

Вест - 09.08.2004

Уште во петокот вечер кога парламентарното мнозинство го одби амандманот за општината Облешево, жителите од ова село веднаш излегоа на главниот магистрален пат Штип - Кочани и го блокираа. На патот повторно се поставени трактори, камиони и големи трупци.

Облешевци на блокада до последниот здив

Утрински - 09.08.2004

Повторно блокирана источната магистрала Гневните облешевци ги обвинуваат чешиновци дека употребило валкани пари за укинување на нивната општина Иван Бојаџиски ШТИП - Со тезгиња од блискиот сточен пазар, четириесетина трактори, камионски приколки и со жива сила, жителите на Облешево прексиноќа ...

Облешевци ќе го прекопаат автопатот

Дневник - 09.08.2004

НОВА БЛОКАДА Жителите на Облешево ќе го прекопаат магистралниот пат ако не им се врати општината, изјави вчера градоначалникот Бранко Ѓорѓиев. - На магистралниот пат ќе изградиме детско игралиште и шеталиште, а владата нека гради нова магистрала преку Чешиново.