Македонски официјални претставници, денеска и во понеделник, ќе учествуват во серија активности по повод шестдеценискиот јубилеј од Првото заседание на АСНОМ и 101 година Илинден. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска, свечено ќе го открие Споменикот на НОАВМ 1941-1945, во Центарот ...
Единствениот манастир „Свети отец Прохор Пчински“ на македонска територија се наоѓа 55 км северозападно од Скопје, во кумановското село Стрезовце. Идејата за изградба на манастир со исто име како и манастирот „Св.отец Прохор Пчински“ во Србија, потекнува од Митрополитот г.Горазд, роден во ова село, ...
Во чест на празникот Илинден и по повод 60-годишниот јубилеј од АСНОМ, поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан го освети возобновениот конак во манастирскиот комплекс Св. Наум кај Охрид.
Годинава претседателот Бранко Црвенковски за прв пат како официјален претставник, ќе го види манастирот Свети отец Прохор Пчински. Досега ниту како Премиер, ниту како лидер на опозицијата не застана пред портите на овој историски споменик.
Тоа се нивни очекувања или евентуални нивни услови за некои следни одбележувања на АСНОМ, вака претседателот Црвенковски денеска ги толкуваше трите услови наведени во одговорот на неговото писмо од српскиот Патријарх Павле. Поглаварот на српската црква го одобри чествувањето на 60-години АСНОМ на ...
Два дена пред одбележувањето на 60-годишнината од основањето на современата македонска држава, се гради и на македонска и на српска територија. Со благослов на Синодот на Српската Православна Црква, уште пред една седмица започнала изградба на новата чешма пред манастирот „Свети отец Прохор ...
Можете да влезете во Прохор Пчински под три услови, ако им дозволите на српските свештеници непречен влез, престој и црковно општење на територијата на Македонија, второ сите цркви и верски заедници да бидат еднакви пред законот и трето регистрација на Охридската Архиепископија.
Македонска државна делегација, предводена од претседателот Бранко Црвенковски, во понеделник, ќе го посети манастирот „Св.Прохор Пчински“, во Србија, откако Српската православна црква (СПЦ) изутрината даде дозвола за престој во манастирот, иако постави неколку услови.
Ние не можеме да го митологизираме македонството, да го затвориме и да го ставиме под стаклено ѕвоно пред налетот на новото време, туку обратно, изјави во свечениот говор спикерот Љупчо Јордановски по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и основањето на современата македонска држава во ...
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја критикува власта затоа што доцна ги започнала преговорите за прославувањето на големиот јубилеј на местото на раѓањето на Асномската република, манастирот Прохор Пчински. „Доколку оваа власт сакаше достоинствено да ја прослави 60 годишнината од АСНОМ, ќе водеше интензивни ...
прослава Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле, вчера не испрати одговор на писмото на претседателот Бранко Црвенковски, со кое тој побара да и се овозможи на македонска државна делегација достоинствено да го одбележи 60-годишниот јубилеј на АСНОМ во манастирот ?Св.
ИНТЕРВЈУ: НОВИЦА ВЕЛЈАНОВСКИ, ИСТОРИЧАР Шестдеценискиот јубилеј на Првото заседание на АСНОМ одново не враќа на периодот во кој се поставени темелите на македонската држава. За секоја држава, посебно за тие што изминале долг и макотрпен пат до своето конституирање, мошне важни се токму темелите врз ...
ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН И АСНОМ Чествувањата на АСНОМ ќе почнат со денешната свечена седница во Собранието, на која ќе говори спикерот Љупчо Јордановски, кој е и претседател на Одборот за одбележување на јубилејот 60 години АСНОМ.
ШЕЕСЕТ ГОДИНИ АСНОМ КАЈ „СВ. ПРОХОР ПЧИЊСКИ“ Белград не може да одговори на писмото на претседателот Бранко Црвенковски за одбележување на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, бидејќи шефот на државава им се обратил многу доцна.
МАКЕДОНИЈА ГИ СЛАВИ ДВАТА ИЛИНДЕНА Македонија задутре, на 2 Август, ќе го слави најголемиот државен празник - Илинден, кој годинава е во знакот на 60-годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ и на 101-годишнината од Илинденското востание.
Повеќе свечености по повод 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ во "Св. Прохор Пчињски" Македонија годинава одбележува голем јубилеј, 60 години од Првото заседание на АСНОМ, денот кога беа остварени вековните соништа на македонскиот народ да има своја држава.
КИРО ГЛИГОРОВ За македонскиот народ АСНОМ претставува исклучителен настан на кој се поставија темелите и се конституира новата македонска држава, што со векови наназад беше сон на нашите предци и идеал за кој се живеело и се гинело на овие простори.
Ставре Џиков - Игри со границата околу "СВЕТИ ОТЕЦ ПРОХОР ПЧИЊСКИ" Манастирот "Св. Прохор Пчињски", како од географска така и од општопознатите историски причини би требало да потпадне под НР Македонија. Манастирот "Прохор Пчињски" ( само како манастир) да се одвои од НРС(Прешевска околија) и да се ...
Уводник - Тодор Пендаров Ние сме на пат да ја изгубиме својата единствена држава - името наше уставно веќе го изгубивме, достоинството го губиме сега, а сакаат да ја избришат и нашата историја Шеесет години од АСНОМ, 101 година од Крушевската Република.
Писмото кое вчера претседателот Црвенковски го испрати до српскиот Патријарх Павле и претседателот на српската Влада Воислав Коштуница со барање за достоинствено одбележување на 60-годишнината од АСНОМ, српските власти го примија денеска попладнево.
Писма од Црвенковски до Коштуница и Павле Скопје - Претседателот Бранко Црвенковски ги повика српските црковни и државни власти да овозможат одбележувањето на шестдеценискиот јубилеј од АСНОМ да се одржи во манастирот "Св. Прохор Пчињски".
Жешка линија меѓу Скопје и Белград пред прославата на АСНОМ во "Прохор Пчињски° "Официјална македонска делегација на 2 Август ќе оди во "Св. Прохор Пчињски" само ако за тоа добие дозвола, т.е. сигнал од српските власти дека е добродојдена", изјави вчера министерот Благоја Стефановски, додавајќи ...
ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА У ПИША НА СПЦ Претседателот Бранко Црвенковски упати писма до премиерот на владата на Србија Воислав Коштуница и до поглаварот на Српската православна црква патријархот Павле, во кои бара дозвола за присуство на македонска делегација на самото место на одржувањето на Првото ...
МИНИСТЕРОТ ПЕСИМИСТ Министерот за култура Благој Стефановски вели дека е песимист во врска со шансите македонската делегација на 2 август да положи цвеќе во манастирот "Прохор Пчињски", а по повод 60 години од Првото заседание на АСНОМ.
ПИСМА ОД ЦРВЕНКОВСКИ ДО КОШТУНИЦА И ДО ПАТРИЈАРХОТ ПАВЛЕ Претседателот Бранко Црвенковски вчера писмено се обратил до српскиот премиер Воислав Коштуница и до поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле, во врска со одбележувањето на годишнината од Првото заседание на АСНОМ.
Шеесет години по историското заседание Наташа Бунтеска <> Документите донесени на Првото заседание на АСНОМ, шеесет години по одржувањето на историското собрание на кое се поставени темелите на македонската држава, фасцинираат со својата демократичност, едногласни се историчарите.
АСНОМ Претседателот Бранко Црвенковски вчера официјално побара од српските власти и од Српската православна црква (СПЦ) да овозможат достоинствено одбележување на 60-годишнината од АСНОМ во манастирот "Прохор Пчињски". Во писмата што ги упатил до српскиот премиер Воислав Коштуница и до српскиот ...
Според програмата на чествувањето на двата илиндена 60-ет годишнината од АСНОМ и 101 година од Илинденското востание, во македонското Собрание в сабота на 31 јули ќе се одржи свечена седница на Собранието, на која ке се обрати претседателот на Собранието Љупчо Јордановски.
Во своето писмо до српскиот Патријарх Павле и до претседателот на српската Влада Воислав Коштуница, македонскиот претседател Црвенковски бара разбирање за потребата од достоинствено одбележување на шеесет годишнината од одржувањето на второто заседание на АСНОМ.
ЧЕТИРИ ДЕНА ПРЕД ПРОСЛАВАТА НА АСНОМ Наташа Бунтеска Музејот на АСНОМ, објект со полукружна камена структура, кој е главно здание во Меморијалниот центар во Пелинце, четири дена пред прославата на 60-годишнината на АСНОМ е речиси завршен.
ИзлоЖба во Музејот на Македонија по повод 60-годишниот јубилеј Катерина Богоева Во Музејот на Македонија вечерва во 19 часот д-р Елеонора Петрова, пратеник и претседател на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, ќе ја отвори изложбата "АСНОМ 1944 - 2004", како дел од ...
КАКО ЌЕ ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН? Шеесетгодишнината од АСНОМ и 101-та годишнина од Илинденското востание и од Крушевската Република ќе се слават на повеќе места од целата земја, со посета на култните места на македонската историја, со положување венци и цвеќе на гробовите на народните херои и богата ...
ЧЕСТВУВАЊЕ Екипа на "Дневник" вчера ги посети и манастирот и Меморијалниот центар Се уште е неизвесно дали државна делегација на Илинден ќе може да положи цвеќе во манастирот "Свети Прохор Пчински". Свештениците во манастирот велат дека немаат добиено ниту забрана ниту пак дозвола од Синодот на СПЦ ...
Работите на Меморијалниот центар АСНОМ се при крај КУМАНОВО - Изградбата на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што треба да се одржи централната прослава на 60-годишнината од формирањето на макеоднската држава е при крај.
Свечен концерт по повод 60-годишнината од АСНОМ ќе одржат вечерва солистите и хорот на Операта и Македонската филхармонија. По диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар, во Салонот МНТ, во 21 часот, ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Арам Хачатуријан, Камиј сен санс, ...
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА Изложба на фотографии, документи, цртежи и на разни предмети (оружје, знамиња и слично) од периодот на Народноослободителната борба, со посебен акцент на Првото заседание на АСНОМ, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Музејот на Македонија.
Македонската Влада ги уредува српските споменици во Македонија и за возврат се надева дека ќе добие дозвола за чествување на 60-годишнината на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчински“. Од страна на АРМ регулиран е патот до српските спомен-гробишта на Кајмакчалан, министерот за одбрана Бучковски во ...
ПО ПОВОД 60 ГОДИНИ ОД АСНОМ Изложбата што му е посветена на јубилејот - 60 години од АСНОМ се одржува во централната библиотека „Другарче“ и во матичната библиотека „Браќа Миладиновци“. На изложбата може да се видат фотокопии на документи од подготовките за АСНОМ до осамостојувањето и приемот на ...
НАРОДНА БАНКА Народната банка в петок ќе ги промовира новите златни ковани монети изработени по повод јубилејот „60 години од одржувањето на првото заседание на АСНОМ“. На монетите ќе има гравури од манастирот „Свети Прохор Пчињски“, местото каде што е одржано собранието на кое се удрени темелите ...
ВЛАДАТА ГИ УРЕДУВА СРПСКИТЕ СПОМЕНИЦИ И СЕ НАДЕВА Српската црква се уште не дала дозвола македонска државна делегација на Илинден да положи цвеќе во манастирот "Свети Прохор Пчињски", но двете држави работат да се реши проблемот, дознава "Дневник".