TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Папата на средба со муслиманските амбасадори

Вест - 23.09.2006

ВАТИКАН, 23 септември (Ројтерс) - Папата Бенедикт ќе се сретне со муслиманските амбасадори во Ватикан и со италијанските исламистички лидери в понеделник за да се обиде да ја го смири револтот што го предизвика кога прочита цитати од средновековен текст каде што се вели дека нивната религија е ...

Папата ги покани муслиманските амбасадори на ручек на помирување

Дневник - 23.09.2006

Папата Бенедикт Шеснаесетти ги покани на средба в понеделник амбасадорите на муслиманските земји во Ватикан и лидерите на исламските заедници во Италија, во обид да го смири гневот што го предизвика со цитирањето на спорната изјава за исламот и за насилството пред десетина дена, јави Ројтерс.

И „непогрешливиот“ може да згреши

Дневник - 22.09.2006

За непогрешливоста на папата во католичкиот свет се дебатирало со векови - тој атрибут понтифот го стекнал во раниот 6 век, како директен наследник на апостолот Петар, и „чувар на апостолската вистина“ Поглаварите на Римокатоличката црква многу, многу ретко се извинуваат за нешто што кажале.

Буш во одбрана на изјавите на папата за исламот

А1 - 21.09.2006

Претседателот на САД Џорџ Буш денеска застана во одбрана на изјавите на папата Бенедикт XVI за исламот, поврзувајќи ги со борбата против тероризмот. „Тоа е борба меѓу луѓето кои ја користат религијата за да убиваат и оние меѓу нас кои се залагаат за мир“, нагласи Буш за телевизијата Си-Ен-Ен.

Буш во заштита на изјавите на папата Бенедикт XVI за исламот

Канал5 - 21.09.2006

Претседателот на САД Џорџ Буш денеска застана во одбрана на изјавите на папата Бенедикт XVI за исламот, поврзувајќи ги со борбата против тероризмот. - Тоа е борба меѓу луѓето кои ја користат религијата за да убиваат и оние меѓу нас кои се залагаат за мир, нагласи Буш за телевизијата Си-Ен-Ен.

Папата "длабоко го почитува" исламот, но не се извини

Вест - 21.09.2006

ВАТИКАН, 21 септември (АП) - Папата Бенедикт 16-ти вчера рече дека "длабоко го почитува" исламот но не се извини како што бараа некои муслимански лидери навредени од забелешките на папата во Германија минатата недела. Папата призна дека неговите коментари се отворени за погрешно толкување, но тврди ...

Папата згреши

Вечер Прес - 21.09.2006

Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек изјави дека Папата... Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек изјави дека Папата Бенедикт 16 згрешил, затоа што ги поврзал исламот и насилството, оправдувајќи ги острите реакции на муслиманите на неговата изјава.

Ватикан не го предвидел гневот на муслиманите по изјавата на папата

Утрински - 20.09.2006

Дали Јозеф Рацингер сж уште размислува како германски академик, а не како поглавар на католиците ВАТИКАН СИТИ - Додека папата Бенедикт се обидува да го остави зад себе бесот што го предизвикаа неговите коментари во врска со исламот, критичарите и приврзаниците се прашуваат зошто воопшто и ги дал ...

Муслиманите бараат папата да се извини

Вест - 20.09.2006

ВАТИКАН, 20 септември (Ројтерс) - Папата Бенедикт вчера се соочи со растечки барања за недвосмислено извинување за забелешките во кои исламот го прикажа како насилна вера, и покрај обидите на западните лидери и верски поглавари да ја смират кризата.

Ајатолахот бара протестите да продолжат

Време - 20.09.2006

ПО ИЗЈАВАТА НА ПАПАТА Иранскиот верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика муслиманите да ги продолжат протестите, откако папата Бенедикт Шеснаесетти во предавање цитираше извадок од писмо на византиски император од 14 век во кое се навредува исламот.

Дрновшек го оправдува незадоволството на муслиманите поради говорот на папата

Канал5 - 20.09.2006

Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек изјави дека зборовите на папата Бенедикт XVI се погрешни затоа што тој ги поврзал исламот и насилството, оправдувајќи ги острите реакции на муслиманите на изјавата на папата. Љубљана, 20 септември (МИА) - Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек изјави дека ...

Според Буш, папата бил искрен во извинувањето

Утрински - 20.09.2006

ЊУЈОРК - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека папата Бенедикт беше искрен во извинувањето за коментарите за исламот, кои предизвикаа вознемиреност во муслиманскиот свет, изјави американскиот официјален претставник. Буш даде негова оцена во разговорите со малезискиот премиер Абдула Ахмад ...

Ал каеда-Ирак прогласи војна со Западот, до крај

Време - 19.09.2006

ПО СПОРНАТА ИЗЈАВА НА ПАПАТА КОЈ ГО ОСУДИ ЏИХАДОТ Разгранокот на терористичката група Ал каеда во Ирак вчера соопшти дека му прогласува света војна, џихад, на Западот. Војната ќе се води до целосно уништување на Западот, а повод е изјавата на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој минатиот месец го осуди ...

Извинувањето на папата не го оконча гневот на муслиманите

Утрински - 19.09.2006

Некои муслимански групи, сепак, го прифатија извинувањето на Бенедикт Шеснаесетти Извинувањето на папата Бенедикт Шеснаесетти за коментарите што ги даде минатата недела за исламот беше поздравено од некои муслимански групи, но не успеа да го оконча гневот.

Турски правници бараат налог за апсење на папата

Дневник - 19.09.2006

Турската правна асоцијација вчера побара од властите да објават налог за апсење на папата Бенедикт Шеснаесетти ако тој стапне на територијата на Турција Турската правна асоцијација вчера побара од властите да објават налог за апсење на папата Бенедикт Шеснаесетти ако тој стапне на територијата на ...

Ќе го уништиме крстот!

Вечер Прес - 19.09.2006

Не престануваат протестите и коментарите по говорот на папата Бенедикт 16 за исламот "Ќе го уништиме крстот! Ислам или смрт!è - се дел од заканите содржани во соопштението на ирачката Ал Каеда објавено на исламистичка веб-страница, во кое се повикува на света војна (џихад).

Муслиманите бараат извинување од папата

Време - 18.09.2006

ПО ИЗЈАВАТА ВО КОЈА ГО ОСУДИ ЏИХАДОТ Папата Бенедикт Шеснаесетти вчера изјави дека му е жал поради реакциите на неговото предавање во универзитетот во Регенсбург, каде што папата прочита дел од писмо на византиски император од 14 век во кој се критикуваат учењето на Мухамед и концептот на ...

Папата се извини поради гневот што го предизвика во исламскиот свет

Утрински - 18.09.2006

Длабоко жалам за реакциите во некои земји на неколкуте пасуси од моето обраќање, кои се сметаат навредливи за муслиманите ВАТИКАН - Папата Бенедикт изјави вчера дека „длабоко жали" поради гневот што беше предизвикан од неговите коментари за исламот и рече дека цитатот што го искористил од ...

Папата им се извини на муслиманите

Дневник - 18.09.2006

Тоа беа цитати од средновековен текст, кој на ниту еден начин не ги изразува моите лични ставови - се правдаше Бенедикт Папата Бенедикт Шеснаесетти вчера јавно им се извини на муслиманите за говорот во кој ја поврза нивната религија со насилството.

Папата исклучително жали

Вечер Прес - 18.09.2006

"Папата е недвосмислено за дијалог меѓу религиите и културитеè, изјави новиот државен секретар на Ватикан Тарчисио Бертоне Папата Бенедикт 16. "исклучително жалии за навредите врз муслиманите во говорот минатата недела во кој имплицираше поврзаност на исламот со насилството, соопшти завчера Ватикан.