TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Судски процес против Ѓукановиќ поради шверц со цигари

А1 - 23.06.2007

Италијанското обвинителство во Бари ја заврши истрагата за големиот шверц на цигари во последната деценија и одлучи да покрене судски процес против поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, тогашниот министер за финансии Мирослав Иванишевиќ и трговскиот претставник за Црна Гора во Италија ...

На сите криминалци ќе им дојде редот

Време - 23.06.2007

ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА, МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Стојанка Митреска Земјотрес или само бледа копија на српската пресметка со тутунската мафија ја очекува Македонија откако во држава повторно, но многу подиректно и поотворено се проговори за „досието“ што повеќе од една деценија ги чува тајните ...

Полициски ветеран собира докази за тутунските босови

Време - 23.06.2007

ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКАТА И СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА Јордан Размоски, началник на Централните полициски служби при Бирото за јавна безбедност на МВР, веќе се наоѓа во Белград, каде што со неговите српски колеги ја координира соработката меѓу двете полициски акции против тутунската мафија во ...

ЛДП предлага укинување на давачката од девет денари за кутија цигари

Утрински - 21.06.2007

Укинување на давачката од девет денари за кутија цигари, воведена пред една и пол година, е единствен начин за намалување на шверцот со цигари, па Владата треба да ја укине оваа давачка, сметаат од Либерално демократската партија.

ЛДП е против давачката од 9 денари за цигарите

Дневник - 21.06.2007

Главната причина за зголемениот шверц на цигари се давачките за екологија, тутунско производство и за здравство во износ од 9 денари од продадена кутија цигари, кои довеле до драстична разлика помеѓу цената на цигарите во Македонија и цената во соседните земји, смета ЛДП.

И една цигара е доказ за шверц

Дневник - 21.06.2007

И една цигара на пазарот на црно е доказ дека во државата има шверц. Ако треба да ги изброиме сите кутии и пакети што се продаваат под тезга и под пазува, нема да завршиме на две-три . Не можеме да очекуваме на тротоарите и на крстосниците да ги видиме паркирани шлеперите со шверцувани цигари.

Ќе се апсат и македонски тутунски босови

Време - 21.06.2007

ПОЧНУВА ДА СЕ ПЛЕТЕ МАКЕДОНСКАТА „МРЕЖА“? Александар Божиновски МВР и другите институции собираат докази против тутунската мафија заедно со српската полиција, по што ќе следува масовна акција за апсење на шверцерите, потврдија официјално од полицијата.

Струшки полициски началник вмешан во шверц на цигари

Вечер Прес - 21.06.2007

Поранешен началник на струшката полиција се занимавал со сомнителни бизниси со цигари додека бил на функција. МВР повело истрага против Димитри Колоски поради сомнение дека се занимавал со сомнителни бизниси. Според агенцијата Нетпрес постои договор кој пред извесно време бил причина за покренување ...

Укинување на давачките за цигари

Вечер Прес - 21.06.2007

Главната причина за зголемениот шверц со цигари се давачките за екологија, тутунско производство и здравство во износ од девет денари од продадена кутија цигари кои довеле до драстична разлика во цената на цигарите во Македонија во однос со соседните земји, смета Либерално-демократската партија.

Црвенковски и Ѓукановиќ го почнале шверцот на цигари

Време - 20.06.2007

СПОРЕД ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, ПРАТЕНИК И ПОРАНЕШЕН ПРВ ПОЛИЦАЕЦ Александар Божиновски Некаде во 1992 година во Лондон бил одржан таен состанок на кој лично учествувале тогашниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, претставници на тутунскиот гигант „Филип Морис“, како и луѓе на влијателни странски ...

Штеките се на пазарите, каде се шлеперите?

Утрински - 20.06.2007

ЕДИТОРИЈАЛ АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Продажбата на црно на цигари беше и остана најтранспарентен криминал во сите години на транзицијата. Владејачките гарнитури се менуваат, но шверцот со цигари останува рак рана на секоја власт, која никој свесно не ја лекува.

Дозволено рекламирање цигари

Вест - 20.06.2007

ПАЗАРИШНАТА ИНСПЕКЦИЈА НЕ ГО ФЕРМА ЗАКОНОТ Законот строго забранува какво било рекламирање, а цигари се рекламираат на секој чекор, па дури тутунските компании промотивно ги делат на подвижни промотивни пунктови кои ги поставуваат во парковите, трг Никој не ги отстранува од јавни места паноата, ...

ЛДП предлага укинување на давачките од девет денари за кутија цигари за намалување на шверцот

Канал5 - 20.06.2007

Главната причина за зголемениот шверц со цигари се давачките за екологија, тутунско производство и здравство во износ од девет денари од продадена кутија цигари кои довеле до драстична разлика во цената на цигарите во Македонија во однос со соседните земји, смета Либерално-демократската партија.

Шверцувани цигари се продаваат пред очите на полицијата

Дневник - 20.06.2007

Од Пазарниот инспекторат велат дека најтешко ги ловат продавачите на цигари бидејќи немаат тезги и со пакетите под пазуви многу лесно бегаат Кутија „марлборо“ за 100 денари или цело пакување за 900 денари! Со ваква понуда вчера не' дочекаа продавачите на шверцувани цигари на Бит-пазар во Скопје.

Ќе и објават ли војна на тутунската мафија?

Време - 19.06.2007

СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ МАКЕДОНСКА ВЕРЗИЈА НА СРПСКАТА МРЕЖА Зоран Божиновски Со неделната конференција за печатот Јани Макрадули од СДСМ истовремено и ја погоди и ја промаши темата. Прво, точно е дека има државен шверц на цигари. Се додека цигарите во шверцувана варијанта ги има по пазарите во ...

Каргов ги оцаринил и ги пуштил цигарите

Дневник - 19.06.2007

Тој испитува дали постојат основи за кривична пријава за клевета против Јани Макрадули бидејќи со завчерашната изјава ги повредил интегритетот и угледот на Царината Камионите со цигари „марлборо“, за кои СДСМ обвини дека се запленети за да се стимулира шверцот, се оцаринети и пуштени во продажба ...

Царината негира вмешаност во шверцот со цигари

Утрински - 19.06.2007

Власта и опозицијата повторно се скараа околу вечно актуелниот шверц на цигари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Не постои никаков договор меѓу Царината, Управата за јавни приходи и увозникот на цигарите „марлборо“ за увоз по пониска цена, заради зголемување на малопродажната цена на овој вид цигари, уверува ...

Каргов: Ми се закануваат по живот

Вест - 19.06.2007

ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЛОВОТ НА ШВЕРЦОТ НА ЦИГАРИ Царинската управа испитува дали има елементи за клевета во обвинувањата на СДСМ дека Владата прави шверц со цигари и, доколку има, ќе му поднесе кривична пријава на потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули.

Скандалозно е работењето на претходното раководство

Вечер Прес - 19.06.2007

- За мене скандалозно е работењето на претходното раководство на Царинската управа, кога исчезнале 340 тони ароматизиран тутун, доволен да се наполнат 22 камиони шлепери, заедно со регистрирани 2 милијарди денари неплатени побарувања, рече директорот на Царината - Царината не го заплени последниот ...

СДСМ ја обвини Владата за шверц со цигари, власта бара докази

Утрински - 18.06.2007

Потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули, на вчерашната прес- конференција ја обвини Владата дека почнала да се занимава со шверц на цигари и тврди дека на ваков начин се враќаат старите долгови од скапата изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Царината ги отфрли обвинувањата од опозициската СДСМ дека владата на црно продава цигари

Канал5 - 18.06.2007

За Царината смешни биле обвинувањата од опозицијата дека власта вештачки создава недостаток на цигари на легалниот пазар, за да ја зголеми продажбата на црниот. Првиот човек на Царинската управа Ванчо Каргов тврди- последниот случај кога контингент со Марлборо цигари бил задржан на Царина, не е дел ...

Владата обвинета за шверц со цигари

Дневник - 18.06.2007

Профитот од шверцот е над 6 милиони евра, со кои сега се враќаат долговите за прескапата изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ Со стопирањето на контингентот со „малборо“ власта создава вештачки недостиг и со тоа го стимулира шверцот на цигари, обвини вчера Социјалдемократскиот сојуз.

Владата и СДСМ се обвинуваат за шверц со цигари

Вест - 18.06.2007

Потпретседастелот на СДСМ Јани Макрадули на вчерашната прес- конференција ја обвини Влада дека почнала да се занимава со шверц на цигари. Макрадули тврди дека Царината го запрела последниот контингент со цигари од типот "марлборо", наводно, поради тоа што наместо 12,5 евра, увозникот пријавил цена ...

Кој се треба да биде прашан за шверцот со цигарите?

Време - 18.06.2007

КАКО НЕКОГАШ СЕ „МЕНАЏИРАЛ“ ШВЕРЦОТ Зоран Божиновски Деновиве, кога паѓаат маските на Балканот и кога се гледа кој со кого и колку пари свртил од тутунскиот бизнис, главните политички фактори од времето на големиот шверц на цигари и друга акцизна стока се уште се дел од нашиот јавен живот.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата на СДСМ за шверц со цигари

Канал5 - 18.06.2007

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата на СДСМ за наводна вмешаност на Владата во шверц со цигари и ги повикува доколку имаат потврди за обвинувањата да ги достават до Јавното обвинителство. Скопје, 18 јуни (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата на СДСМ за наводна вмешаност на Владата во шверц со ...

Шверцот на цигари стана владин спорт

Вечер Прес - 18.06.2007

Со стопирањето на контингентот со цигари "марлборо", власта создава вештачки недостаток на цигари за да го стимулира шверцот на цигари, сметаат од опозицијата - Дали премиерот Груевски е запознат со дилот помеѓу Царината, УЈП и увозникот на контингентот цигари да се дозволи увозот со пониската цена ...