TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Соковите на фанер сеуште во продавниците

Канал5 - 15.01.2006

И покрај предупредувањата на дирекцијата за храна соковите на “Фанер“ да бидат остранети од продажба,денеска можеа да се најдат на рафтовите во најголемите супер маркети низ градот .. И покрај предупредувањата на дирекцијата за храна соковите на Фанер да бидат остранети од продажба,денеска можеа да ...

Соковите "Фанер" повлечени продавниците

Вест - 14.01.2006

ХРВАТИТЕ И ИТАЛИЈАНЦИТЕ ТРГНАА ОД РАФТОВИТЕ ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДИТЕ НА АВСТРИСКИ ФАНЕР Овошните сокови мулти росо био и мултивитамин нектар од австрискиот производител "Фанер" кои Хрватска ги повлече од промет пред неколку дена поради присуство на отровната хемикалија изопропил тиоксантон (ИТХ), се уште ...

Соковите „фанер“ забранети за продажба

Време - 14.01.2006

ПОРАДИ СОМНЕВАЊЕ ДЕКА СОДРЖАТ ТОКСИЧНИ ХЕМИКАЛИИ Дирекцијата за храна вчера ја забрани продажбата на австриските сокови „фанер“. Инспекторите велат дека забраната ќе биде во сила додека не завршат лабораториските анализи на мострите земени од соковите што се продаваат на нашиот пазар.

Забрана за промет на соковите "фанер"

Утрински - 14.01.2006

Дирекција за храна Дирекцијата за храна при Министерството за здравство вчера издаде забрана за промет на големо и мало за соковите на австрискиот производител "Фанер". Забраната била издадена по информациите од Системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија дека овие ...

Забранети австриските сокови "фанер"

Дневник - 14.01.2006

ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ХРАНА РЕАГИРА НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ОД ЕУ Дирекцијата за храна вчера ја забрани продажбата на соковите на австрискиот производител "Фанер", по препораката од Системот за брзо предупредување за безбедност на храната на ЕУ, соопшти Министерството за здравство.

Од промет се повлекуваат соковите на "Фанер"

Вечер Прес - 14.01.2006

По добиените информации од Системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија, Дирекцијата за храна при Министерството за здравство вчера ги забрани за промет на големо и мало соковите на австрискиот производител "Фанер" (Пфаннер).

Соковите „Фанер“ забранети за продажба

А1 - 13.01.2006

Европа ја информираше Македонија, овошните сокови „Фанер“ да се забранат за продажба, иако во продавниците може да ги најдете. Причина за забраната е сомневањето за постоење на хемиската супстанца изопропил тиоксантон, што е штетен по здравјето на луѓето, соопштија за А1 од Дирекцијата за храна.

Поради хемиска супстанца повлечени сокови на „Фанер“

А1 - 13.01.2006

Околу 33,000 пакувања сокови од австриската компанија „Фанер“ ќе бидат повлечени од продавниците во Хрватска, откако санитарната инспекција во нив ја открила хемиската супстанца ИТХ, истата поради која неодамна во Италија беше повлечено млекото за бебиња на „Нестле“.

Соковите на „Фанер“ забранети за употреба

Канал5 - 13.01.2006

Дирекцијата за храна, по добиените информации од системот за брзо предупредување за безбедност на храна на Европската унија ги забрани за промет на големо и мало соковите на австрискиот производител Фанер, соопшти Министерството за здравство.

Соковите на “Фанер“ здрави за пиење

Макфакс - 09.01.2006

Скопје Соковите од компанијата “Фанер“ се здрави и можат да се употребуваат, објави денеска компанијата по добиеното мислење од Дирекцијата за храна при македонското Министерство за здравство и Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).