TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

САД не ја отстапуваат водечката улога на ОН во Ирак

А1 - 12.04.2003

„Не можеме едноставно да кажеме дека војната заврши и се повлекуваме за да им направиме место на Обединетите Нации“, изјави денеска американскиот државен секретар Колин Пауел, отфрлајќи ја можноста Вашингтон да им остави на ОН целосно да се грижат за повоената обнова на Ирак.

Самит на Москва, Париз и Берлин во Санкт Петерсбург за повоен Ирак

А1 - 10.04.2003

Улогата на ОН во Ирак по уривањето на режимот на Садам Хусеин ќе биде централна тема на Самитот што в петок и сабота ќе се одржи во Санкт Петерсбург, а на кој ќе присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин, шефот на француската држава Жак Ширак и германскиот канцелар Герхард Шредер.

Балканските лидери се поделија околу ролјата во постконфликтен Ирак

Дневник - 10.04.2003

САМИТ НА ЈИЕ ВО БЕЛГРАД Македонија, Албанија, Романија и Бугарија не се согласиле со предлогот на Грција ОН да имаат водечка улога во повоениот Ирак Балканските лидери на нивниот самит одржан вчера во Белград изразиле сериозно несогласување во врска со војната во Ирак, и покрај тоа што постои силно ...

Балканските држави поделени за војната во Ирак

А1 - 09.04.2003

Претставници на министерствата за надворешни работи на балканските држави, вчера на состанокот во Белград, изразија сериозно несогласување во врска со војната во Ирак, тврди денеска грчкиот дневен весник „Елефтеротипија“. Весникот пишува дека државите-кандидатки за членство во ЕУ, кои се „верни ...

Македонски војници во мај заминуваат во Катар и во Кувајт

Утрински - 09.04.2003

Владата на затворена седница ја конкретизира партиципацијата во сојузничката коалиција во Ирак Владата завчера, на дел од седницата затворен за јавноста, донела заклучок да ја почне процедурата за испраќање медицински персонал и војници во Ирак, кои ги декларира како свој конкретен придонес во ...

Анан сака политичка улога на ОН во Ирак

Утрински - 09.04.2003

Турнеја ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, има намера оваа недела да ги посети Велика Британија, Франција, Германија и Русија, за да види дали постои каква било заедничка основа меѓу раскараните земји-членки на Советот за безбедност за политичка улога на ОН во поствоен Ирак, ...

Македонските офицери за врски за две недели одат во Катар и Кувајт

Дневник - 09.04.2003

ОДЛУКА НА ВЛАДАТА Американците ќе ги платат трошоците за медицинската екипа и за водот на АРМ кои во втората половина на мај ќе дејствуваат во Ирак и во соседните земји Двајца офицери на АРМ со искуство во специјални операции најдоцна за две недели ќе заминат во Кувајт и Катар за да воспостават ...

Атина против предлозите на САД за Ирак и на Турција за Кипар

А1 - 08.04.2003

Грчкиот премиер Костас Симитис ја отфрли намерата на САД да управуваат со поствоен Ирак и побара централна улога на ОН, по што Ирачаните би ја презеле власта во својата земја. Симитис ги отфрли и предлозите на турската Влада за решавање на кипарскиот проблем надвор од ОН.

Владата во Кувајт и Катар ќе испрати градежни работници и армиски вод

А1 - 08.04.2003

Една медицинска екипа составена од десет лица, 30 војници за одржување на јавниот ред и мир, како и двајца офицери за врски во Кувајт и Катар е она што Македонија би го понудила во поствоениот период во Ирак. Ова е предлогот на Владата што допрва би го разгледувал парламентот кој својата конечна ...

Македонија се подготвува за повоена обнова на Ирак

А1 - 08.04.2003

Владата ги задолжила надлежните министерства да изготват листа на градежни и други претпријатија кои би можеле да учествуваат во поствоената обнова на Ирак. Во оваа фаза Македонија ќе учествува со една медицинска екипа која ќе се приклучи на воспоставените болници и со еден армиски вод што ќе биде ...

САД не побарaле од Белград воени бази за војната во Ирак

А1 - 07.04.2003

Претседателот на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ демантира дека неодамнешната посета на американскиот државен секретар Колин Пауел на Белград била поврзана со барање за користење на воени бази во земјата за потребите на САД во војната против Ирак, соопшти денеска „Глас јавности“.

Првите пет албански војници заминаа за Кувајт

А1 - 07.04.2003

Првите албански војници кои ќе бидат ангажирани за одржување на мирот во поствоен Ирак заминаа за Кувајт, соопшти денеска албанското Министерство за одбрана. Се работи за првите пет, од вкупно 70 албански војници, колку што Владата во Тирана минатиот месец одлучи да испрати во поствоената мисија во ...