TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Аеродромци се противат на изградба на станбено-деловен објект

Утрински - 14.06.2008

Граѓаните и општинарите одржале средба на која бил постигнат компромис Станарите од зградите на улиците „Владимир Комаров“ и „Ангел Димовски“ од населбата Аеродром се противат на планираната изградба на станбено-деловен објект на аголот меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“.

Ќе искасапат парк за нови згради

Вест - 14.06.2008

АЕРОДРОМ ПОДГОТВУВА ДЕТАЛЕН ПЛАН СПРОТИВЕН НА ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАН ЗА СКОПЈЕ Општинарите предвиделе згради, паркинзи, деловни и трговски објекти на зелените површини на улиците Владимир Комаров и Ангел Димовски Преку протести на улиците Владимир Комаров и Ангел Димовски во Општина Аеродром, завчера ...

Жителите на Стар Аеродром не сакаат нови згради

Вечер Прес - 14.06.2008

Жителите на Стар Аеродром се против изградба на нови згради во овој реон. Тие викендов протестираа против предлог-нацртот на деталниот урбанистички план за овој дел од Општина Аеродром, со кој се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти и паркиралишта на местото каде што во моментот ...

Граѓаните против градба на зелена површина

Време - 13.06.2008

ПРОТЕСТ ВО АЕРОДРОМ Меѓу три згради, во парк во општина Аеродром ќе се гради нова зграда. Жителите од улиците Владимир Комаров и Ангел Димовски вчера протестираа, тврдејќи дека таквото решение на советот на Општината е во спротивност со генералниот урбанистички план.

Протест во Аеродром против изградба на нова зграда

А1 - 12.06.2008

Во еден парк помеѓу две згради во скопската општина Аеродром можно е да никне нова зграда. Жителите од околината денеска излегоа на протест. Реагираа дека со новиот детален урбанистички план некои општински функционери сакаат да протуркаат решение кое е во спротивност со генералниот урбанистички ...

Жители на Аеродром бараат да се спречи изградба на зграда на место каде веќе има парк

Канал5 - 12.06.2008

Околу педесетина жители на општина Аеродром протестираа пред општинската зграда. Бараат од советниците да го поништат деталниот урбанистички план кој дозволува изградба на зграда место каде веќе постои парк. Тврдат дека тој е спротивен на генералниот урбанистички план и е против сите еколошки ...