TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Резервите со храна на МВР и на АРМ намалени, терористите снабдени

Вест - 19.05.2001

"Ситуацијата во Општината Липково е драматична, но наша приоритетна цел е извлекување на цивилното население од селата. Ова население е во многу тешка и незавидна положба, посебно жените и децата, но војската и полицијата ќе преземат с&ицирц; за да воспостават целосен уставно-правен поредок на ...

Терористите убиле две 15-годишни момчиња во Оризаре

Вест - 19.05.2001

АЛБАНСКАТА ГЕРИЛА СЕ ПРЕГРУПИРА И НЕМА НАМЕРА ДА ГИ НАПУШТИ КУМАНОВСКИТЕ СЕЛА Двајцата малолетни Албанци од Оризаре биле застрелани, зашто се спротивставиле на наредбите на терористите. Армиски извори потврдуваат дека поголема група цивилно население од селата во кризниот регион пристигнала во ...

Над 700 цивили ги напуштија липковските села

Вест - 18.05.2001

ПОВИКОТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА КОЛКУ ТОЛКУ ДАДЕ РЕЗУЛТАТИ Опае целосно напуштено, а во Матејче, Оризари, Лопате и другите села терористите сеуште држат селаните како жив штит. Завчераноќ жестоки терористички провокации во селото Опае. Селаните кои тргнаа да се спасат, ги оставија своите луксузни...

АРМ се судри со терористите кај Слупчане и Опаје

Вест - 17.05.2001

Албанските терористи, завчераноќ, околу два часот, источно од селото Слупчане отвориле митралески и снајперски оган врз припадниците на македонските сили за безбедност. Следел напад и од боровата шума, северозападно од селото, а потоа и од новата џамија во Слупчане, соопштија воени извори.

Нов ултиматум до терористите и населението, АРМ нема да пука до утре напладне

Вест - 16.05.2001

ОДЛУКА НА НОВАТА ПРОШИРЕНА ВЛАДА Новиот, проширен владин состав на вчерашната прва седница донел одлука за упатување на уште еден ултиматум - до утре напладне да се евакуира населението од окупираните села, а терористите да се повлечат и да ги напуштат позициите.

АРМ формира специјални антитерористички единици

Вест - 15.05.2001

Генералштабот на АРМ ги прави подготовките за формирање и обука на специјализирани единици за борба против најподмолниот вид тероризам, кога терористи војуваат држејќи под присила цивилни заложници покрај себе, како што во моментов се случува во Македонија.

Терористите ја провоцираа АРМ цела ноќ

Вест - 15.05.2001

ДОДЕКА СЕ РАСТЕГНУВАШЕ ЗАВЧЕРАШНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА Албанските терористички групи дејствувале од сите кризни села, а забележано е нивно прегрупирање и дотур на ново оружје, меѓу кое и еден топ. Во исто време со почнувањето на завчерашната собраниска седница, на која се избираше влада на ...

Најавуваната офанзива засега само на хартија

Вест - 14.05.2001

ВЧЕРА АРМ НЕМАШЕ НИКАКВИ АКЦИИ ВРЗ АЛБАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ Во АРМ тврдат дека имаат план како да бидат уништени косовските терористи и покрај тоа што крај себе чуваат цивили во заложништво, но немаат наредба за негово извршување АРМ вчера имала мирно деноноќие во Кумановско, не дејствувала, иако ...